Припор (Кочанско)
Припор е село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.
Содржина
Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]
Припор лежи на падините на Осоговските Планини и е на 3 километро северно од градот Кочани.
Историja[уреди | уреди извор]
Во XIX век Припор било дел од Кочанската каза на Отоманската Империја.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Припор живееле 60 жители, сите Македонци.[1]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото имало само 1 жител, Македонец.[2]
На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години: [3]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 60[1] | 76 | 82 | 66 | 48 | 11 | 9 | 5 | 1 |
Родови[уреди | уреди извор]
Припор е македонско село.
Родови во селото биле: Данчевци (4 к.) и Николовци (2 к.) потекнуваат од ист предок, кој бил основач на селото, се доселил од селото Костин Дол на Осогово. Ја знаат следната генеологија Мите (жив на 50 год. крајот на 1950тите) Лазар-Стаменко-Данче, се доселил неговиот татко. Основачот на селото имал 3 сина, Данче, Никола и Митре. Од Данче се Данчевци, од Никола се Николовци, а од третиот син бил родот Митревци; Миладиновци (3 к.) и Ваљавичарци (2 к.) исто така доселени се од селото Костин Дол на Осогово. Во родот Ваљавичарци се знае следната генеологија Стефан (жив на 50 год. крајот на 1950тите години) Стојмен-Василко-Анѓелко, кој се доселил.[4]
Личности[уреди | уреди извор]
- Крсто Припорски (1900 - 1931), македонски револуционер.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
- ↑ http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: МАНУ.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
• Сателитска снимка на Припор на Google Maps.
![]() |
Оваа статија за поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|