Безиково
Безиково | |
Координати 41°58′21″N 22°31′41″E / 41.97250° N; 22.52806° EКоординати: 41°58′21″N 22°31′41″E / 41.97250° N; 22.52806° E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 8 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13002 |
Надм. вис. | 650 м |
Безиково — село во Општина Кочани. Селото Безиково се наоѓа во регионот на Кочанската Котлина и според последното пребројување на населението од 2002 има само 8 жители.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа јужно од Кочанската Котлина. Поточно, Безиково лежи на падините на Осогово и е северозападно од градот Кочани.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век Безиково било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот публицист Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 480 жители Македонци Христијани.[1]
На почетокот на XX век, според Бугаринот Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 640 жители.[2]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последното пребројување на населението од 2002 има само 8 жители Македонци.
Родови[уреди | уреди извор]
Безиково е македонско село.
Родови во селото: Црвенобрежани (11 к.), Чифлижани (7 к.), Кара-Стојановци (6 к.), Сарашчани (4 к.), Долно Росоманци (3 к.), Бојчовци (3 к.), Пачарзије или Дупиновци (3 к.), Колибарци (3 к.), Радиновци (3 к.), Шиндари (3 к.), Ивањичани (3 к.), Сенковци (3 к.), Чакмаци (2 к.), Габерци (2 к.), Ливадци (2 к.), Маниловци (2 к.), Комарчани (2 к.), Калинци (2 к.), Чаракчии (2 к.), Пеово Каменци (1 к.), Стојовци (1 к.) и Горно Росоманци (1 к.) сите родови потекнуваат од некогашните седум домаќинства, нивните најстари предци се доселиле околу средината на XVIII век од некое место во Дебарско (западна Македонија). Во еден од родовите се знае следното родословие: Ѓоргија (жив на 51 г. крајот на 1950-тите) Мите-Костадин-Малчо-Иљо-Сокол, предок кој живеел на Селиште, првобитното место на кое дошле од дебарско.[3]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното место бр. 893 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Прибачево.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 10 гласачи.[5]
Личности[уреди | уреди извор]
- Иљо (п. 1908), македонски војвода.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рp. 132-133.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 6 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 6 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
• Сателитска снимка на Безиково на Карти на Google
![]() |
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|