Истибања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Истибања
Истибања is located in Македонија
Истибања
Местоположба на Истибања во Македонија
Координати 41°55′20″N 22°30′40″E / 41.92222° N; 22.51111° E / 41.92222; 22.51111Координати: 41°55′20″N 22°30′40″E / 41.92222° N; 22.51111° E / 41.92222; 22.51111
Регион Источен
Општина Виница
Население 1476 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2312
Повик. бр. +33
Шифра на КО 05007
Надм. вис. 373 м
Мреж. место Истибања
Истибања на општинската карта
Истибања во Општина Виница.svg

Атарот на Истибања во рамките на општината


Истибањасело во Општина Виница, во околината на градот Виница.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Истибања се наоѓа во Виничко-Кочанската Котлина, недалеку од Истибањската Клисура, на регионалниот пат Кочани - Делчево. Сместено е помеѓу коритото на реката Брегалница, на 7 километри североисточно од Виница и 10,5 километри источно од Кочани. Се смета за рамничарска населба, на надморска височина од 380 метри. Познато е по термалните води кои извираат во близина, како и по многуте лековити билки во околината. .

Историја[уреди | уреди извор]

Според легендата, селото Истибања го добило своето име по еден Турчин од Бугарија, кој бил дојден на неколку дена во селото и бил пречекан многу добро од селаните. Тој ги прашувал сите како се вика селото, а сите одговориле со различни имиња. Кога тој прашал по што е познато селото и што е убаво таму, сите рекле дека тоа се двете бањи. Така тој ги нарекол бањите „истибања“ (еднакви) и тоа станало име на селото.

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Во селото има две цркви, посветени на св. Петка и Св. Стефан. Големо туристичко одредиште се лековитите геотермални бањи. Низ селото тече реката Брегалница, а над селото се наоѓа Истбањската брана и кањонот на реката Брегалница со Калиманската брана. Во Истибања има и две археолошки наоѓалишта — населба од римскиот период Бадем баир и Раклеви бавчи.[1]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Секоја година во третата седмица од месецот септември во селото се одржува фоклорниот фестивал „Здравоживо“ на кој земаат учество неколку групи од Македонија и светот.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Истибања живееле 970 жители, од кои 750 Турци, 150 Македонци и 70 Роми.[3]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Истибања имало 200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Истибаши имало 424 жители, од кои 308 Турци и 116 Македонци.[5]

Според последниот попис од 2002 година, во селото живеат 1.476 жители, од кои 1.475 Македонци и 1 Србин.[6]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. Вкупно
1948 958
1953 538 215 1 97 ... 2 853
1961 899 18 ... ... 1 ... 112 1.030
1971 1.239 ... ... 10 1.249
1981 1.404 32 ... 6 1.442
1991 1.467 15 1 1.483
1994 1.402 15 1 1.418
2002 1.475 1 1.476

Родови[уреди | уреди извор]

Истибања е македонско село, а имало и други народности во селото.

Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се

Турски

  • Доселеници: Сабрија (1 к.), Илми (1 к.), Назим (1 к.), Јакуп (1 к.) и Лиман (1 к.) стари доселенички родови. Но во 1959 година и тие се спремале да се иселат во Турција. Ова село во XIX век било турско.

Македонски

  • Доселеници: Станојеви (4 к.), Митеви (2 к.), Ангелови (1 к.) и Манчеви (1 к.) овие родови во селото се доселени до 1912 година. Првиот род е доселен од селото Речани, вториот и третиот од селото Цера кај Македонска Каменица. Четвриот род е од селото Оризари, а таму доселени од Зрновци; Чакамци (12 к.), Габерци (10 к.), Стојовци (8 к.), Кадијини (7 к.), Манилци (5 к.), Бојчевци (4 к.), Бошковци (4 к.), Дејанови (4 к.), Шиндарци (4 к.), Крлевци (3 к.), Саравци (3 к.), Чукарци (3 к.), Калинци (2 к.), Косовци (2 к.), Сребренови (1 к.), Чешмарци (1 к.) и Чифлижани (1 к.) доселени се од селото Безиково. А таму од Дебарско; Шутевци (20 к.), Комарци (10 к.), Апостолови (6 к.), Каличани (6 к.), Ќатибци (5 к.), Јурукови (3 к.) и Стублици (3 к.) доселени се од селото Пресека.

Влашки

  • Доселеници: Капсали (5 к.), Симеонови (4 к.), Миајлови (2 к.), Ѓоргијови (1 к.) и Колеви (1 к.) доселени се во 1913 година, а пред тоа биле номади.[8]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постојат изборните места бр. 318 и 319 според Државната изборна комисија, сместени во месна заедница и основното училиште.[9]

На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.192 гласачи.[10]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Селото Истибања има многу културни традиции како старите песни и ора, а воедно и споменици како старите џамии и куќи во селото. Во селото опстојува културниот уметнички ансамбл „Китка“, а се одржува и фестивалот Здравоживо. Во селото имало активна фудбласка екипа ФК ЛИЛЈАК која играла во општинската лига на Виница , името го носела по селската задруга[2]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви
Археолошки наоѓалишта[11]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Во почетокот на 20 век селото било воглавно турско. Во селото имало преку 200 турски куќи. Но тие потоа постепено се иселувале во Турција. Во 1912 година во Турција се иселиле 170 турски семејства, во 1935 година се иселиле 10 семејства, а од 1954 до 1959 се иселиле 35 семејства.

Македонски иселеници од ова село има во селото Оризари (Бекерци). Влашки иселеници од селото има во селото Ќоселари (Симовци).[8]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Музеј Виница
  2. 2,0 2,1 Истибањско Здравоживо
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 225.
  4. Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рр. 132-133.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
  6. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  7. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
  8. 8,0 8,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
  9. „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
  10. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
  11. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 428. ISBN 9989-649-28-6.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]