Јакимово
Јакимово | |
Координати 41°54′05″N 22°30′59″E / 41.90139° СГШ; 22.51639° ИГДКоординати: 41°54′05″N 22°30′59″E / 41.90139° СГШ; 22.51639° ИГД | |
Регион | Источен Регион |
Општина | Виница |
Население | 1101 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2310 |
Повик. бр. | +38933 |
Шифра на КО | 05008 |
Надм. вис. | 385 м |
Мреж. место | Јакимово |
![]() |
Јакимово — село во Општина Виница во околината на градот Виница.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа 1,5 км под градот Виница, сместено помеѓу реките Брегалница и Осојница, на надморска височина од 385 м. Околината на селото е опфатена со оризни полиња. Со урбанизирањето на земјиштата и новградбите, Јакимово полека станува дел од градот Виница.
Историја[уреди | уреди извор]
Според легендата селото го добило името по човекот Јоаким. Тој во летните периоди кога во селото немало вода, направил бунар. Со тоа ги снабдел селаните со вода и нарправил голема добрина на луѓето, па затоа било донесена одлука селото да го носи неговото име.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Јакимово живееле 310 жители, од кои 260 Македонци и 50 Турци.[1]
Според Димитар Гаџанов во 1916 година, во Јакимово живееле 215 жители, од кои 106 Македонци, 95 Турци и 14 Роми.[2]
Турското население од Јакимово е иселено во Турција во 50-тите и 60-тите години на XX век.
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.101 жител, од кои 1.088 Македонци, 10 Власи и 3 Срби.[3]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 282 |
1953 | 115 | — | 120 | — | 6 | — | ... | 47 | 288 |
1961 | 267 | — | 27 | ... | ... | 1 | ... | 16 | 311 |
1971 | 550 | — | — | — | ... | 98 | ... | 12 | 562 |
1981 | 704 | — | — | — | 17 | — | ... | — | 722 |
1991 | 978 | — | — | — | 10 | 1 | — | — | 989 |
1994 | 915 | — | — | — | 12 | 1 | — | — | 928 |
2002 | 1.088 | — | — | — | 10 | 3 | — | — | 1.101 |
Родови[уреди | уреди извор]
Јакимово е македонско село, а имало и други народности во селото.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се
Ромски
- Фаик (1 к.) стар род во селото. Останат од турско време.
Влашки
- Ѓоргијови (1 к.) и Николови (2 к.) доселени се во 1923 година, а пред тоа биле номади на Плачковица и Осогово.
Македонски
- Алексови (2 к.) доселени се во турско време од селото Драгобраште.
- Јосиф (1 к.) и Јованчо (1 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
- Коле (1 к.), Циме (1 к.) и Маринко (1 к.) доселени се од селото Пресека
- Арсови (3 к.) доселени се од селото Грљани.
- Јордан (1 к.), Миткови (1 к.) и Сокол (1 к.) доселени се од селото Драгобраште.
- Клинчарови (3 к.), Мишеви (2 к.), Борис (1 к.) и Павле (1 к.) доселени се од селото Калиманци.
- Фиданчо (1 к.) доселени се од селото Цера.
- Комарци (4 к.), Ѓоргијови (2 к.), Јаневи (2 к.) и Цано (1 к.) доселени се од селото Безиково.
- Алексови (4 к.) од Безиково се населиле во селото Црн Камен, па во Јакимово.
- Петрушеви (1 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.
- Арсови (1 к.) и Ристо (1 к.) доселени се од селото Црн Камен.
- Филипови (2 к.) и Ананија (1 к.) доселени се од селото Грљани.
- Тодосиеви (1 к.) доселени се од селото Милутинци кај Крива Паланка.
- Миркови (1 к.) доселени се од Кривопаланечко.
- Ѓоргеви или Пилаци (1 к.) и Стојко (1 к.) доселени се од Делчевско. Првите од Разловци, а вторите од Млаштица.
- Драгутин (1 к.) Драгутин по потекло бил од Куршумлија во Србија. Бил џандар во селото Цера. А потоа таму и се оженил. Па после Втората светска војна со семејството се населил во селото Јакимово.
Турски
- Реџеплар (3 к.), Ускалар (1 к.) и Оџалар (1 к.) доселени биле од селото Калиманци. Родот Реџеплар таму бил доселен од Бугарија како мухаџири.
- Налбанти (1 к.) доселени од селото Блатец.[5]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои изборното места бр. 320 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 953 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
На врвот на селото се наоѓа прекрасна црква посветена на св. Јоаким, која дава прегледна гледка на цела котлина. Црквата е познато туристичко одредиште, изградена во 2002 година на остатоци од поранешна црква.[8]
- Археолошки наоѓалишта[9]
- Амбарица — населба од римското време. Во нивите на северниот крај на селото, на простор од околу 100 × 60 м се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал (камен, покривни ќерамиди и сл);
- Блатечки Пат — населба и некропола могили од римското време. На 2 км источно од селото, недалеку од утоката на Сушичка Река во Осојница, во нивите на Н. и Т. Арсови, со површина од околу 6-7 декара, се среќаваат фрагменти од керамички садови и градежен материјал. Сопствениците на нивите при орање наидувале на темели од објекти, питоси и монети. Во западниот дел на наоѓалиштето се издига мало ритче, наречено Булите, на кое доминираат две делумно оштетени могили. На ритчето, во северниот крај, лежи уште една многу пооштетена могила, со пречник од околу 10 м. Наодите не се зачувани;
- Купелот — населба и могила од римското време. На 1 км западно од селото, на десниот брег на реката Осојница, во нивите на С. Стојанов се среќава множество фрагменти од керамички садови. При обработувањето на нивите, сопственикот наоѓал темели од ѕидови ѕидани со кршен камен и варов малтер. На наоѓалиштето се констатирани и две помали могили оштетени во поголема мера;
- Селски Гробишта — средновековна некропола. Во југоисточниот дел на денешните гробишта, сместени во подножјето на ридот Баир, се гледаат гробни конструкции од средновековна некропола; и
- Ќерамидница — некропола од доцноримското време. Северозападно од селото има мала долинка низ која минува селскиот пат од селото Јакимово за селото Истибања. Според информациите од Ф. Трајчев, овде при градењето на шталата биле откопани повеќе гробови со конструкции од камени плочи.
Редовни настани[уреди | уреди извор]
- 29.08. Свети Јоаким Осоговски, храмова и селска слава.[10]
- 19.01. Водици
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Васил Кънчов („Македония. Етнография и статистика“)
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 242.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ Музеј Теракота Виница/
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 97. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ храмова слава
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|