Мишино
Мишино | |
![]() Поглед на Мишино | |
Координати 42°04′13″N 22°27′03″E / 42.07028°N 22.45083°E | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Осоговија |
Население | ? жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13024 |
Надм. вис. | 1.210 м |
![]() |
Мишино — историско село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани. Денес, тоа е маало на селото Небојани.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Мишино се наоѓа високо на Осоговските Планини, северно од градот Кочани.
Историја
[уреди | уреди извор]Во септември 1910 година, селото настрадало во разоружувачка акција на младотурците и 96 жители на Мишино и Долги Дол пребегале во Бугарија.[2]
Во Првата балканска војна, 1 лице од селото било доброволец во Македонско-одринските добороволни чети.[3] По Првата балканска војна, селото било припоено кон Небојани.[4]
Население
[уреди | уреди извор]Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мишино живееле 35 жители, сите Македонци христијани.[5][6]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мишино имало 40 жители Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[8]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Во XIX век, Мишино било село во Кочанската каза на Отоманското Царство.
Личности
[уреди | уреди извор]- Починати во Мишино
- Стефан Мандалов (1875-1903) — македонски револуционер и војвода на ВМРО.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Дебърски глас, година 2, брой 24, 2 октомври 1910, стр. 4.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 863.
- ↑ Споменици за средновековната и поновата историја на Македонија, том 5, Прилеп, Архив на Македонија, 1988, стр. 286.
- ↑ Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|