Прибачево
Прибачево — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Прибачево е мало село во околината на Кочани.
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век, Прибачево е дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Прибачево е познато по оризот. Селото е заобиколено со ниви и има мн комарци.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Прибачево живееле 180 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Прибачево имало 192 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живеат 388 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан бројот на жители низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 180[1] | 192[2] | 312 | 352 | 420 | 412 | 410 | 409 | 423 | 388 |
Родови[уреди | уреди извор]
Прибачево е македонско село.
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото се:
- Траканци (1 к.) најстар род во селото. Доселени се од селото Тркање. Овде се населиле браќата. Никола, Ѓорге, Гаврил, Павле и уште еден со непознато име. Го знаат следното родословие: Зашо (жив на 76 г. во 1958 година) Јане-Никола, еден од браќата што се доселиле.
- Ѓоргиови (2 к.) и Трајчеви (2 к.) доселени се од селото Древено кај Пробиштип, близу Лесновски Манастир.
- Здравкови (4 к.) доселени се од селото Небојани.
- Божинови (3 к.) и Апостолови (2 к.) доселени се од селото Чешиново.
- Новаци (2 к.) доселени се од селото Спанчево.
- Крстови (3 к.) доселени се од селото Цера кај Македонска Каменица.
- Миленкови (1 к.) доселени се од селото Калиманци.
- Василеви (3 к.) доселени се од селото Долни Подлог. Потекнуваат од домазет.
- Гулаци (3 к.) и Гареви (2 к.) доселени се од селото Соколарци.
- Ристови (3 к.) и Мишо (1 к.) доселени се од селото Бунеш кај Пробиштип.
- Стојанчеви (3 к.) доселени се од некое село во околината (кратовско).
- Ѓеровци (1 к.) доселени се однекаде.
- Лазови (2 к.) и Биневи (1 к.) доселени се од селото Оризари.
- Димитрија (4 к.) доселени се од селото Спанчево.
- Димитријови (2 к.), Стојкови (2 к.), Доневи (1 к.) и Велинови (1 к.) доселени се од селото Ново Село.
- Димитриови (1 к.) и Мишкови (1 к.) доселени се од селото Пресека.
- Стојанови (1 к.) доселени се од селото Речани.
- Нештемпарови (1 к.) доселени се од селото Стар Истевник кај Делчево.
- Трајчеви (1 к.) доселени се од Кратовско.
- Паназови (2 к.), Чапалови (2 к.), Душкови (1 к.) и Миленкови (1 к.) доселени се од селото Зрново кај Драма (Егејска Македонија) после Втората светска војна.[5]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачкото место бр. 892 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 308 гласачи.[7]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Во Прибачево попознат спорт е Фудбалот. А се играат и други спортови како Ракомет, Кошарка, Пинг-Понг и други. Овие спортови можат да се играат кај стариот ресторант или прибачевски кажано „Плоча“.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226
- ↑ 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|