Чешиново

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чешиново
Чешиново is located in Македонија
Чешиново
Местоположба на Чешиново во Македонија
Координати 41°52′16″N 22°17′12″E / 41.87111° СГШ; 22.28667° ИГД / 41.87111; 22.28667Координати: 41°52′16″N 22°17′12″E / 41.87111° СГШ; 22.28667° ИГД / 41.87111; 22.28667
Општина Грб на Општина Чешиново-Облешево Чешиново-Облешево
Население 998 жит.
(поп. 2002)
Повик. бр. 033
Надм. вис. 287 м
Commons-logo.svg Чешиново на Ризницата

Чешиново — село во Општина Чешиново-Облешево, во околината на градот Кочани. До 2004 година селото било седиште на Општина Чешиново.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Чешиново се наоѓа во најнискиот рамничарски предел од Кочанската Котлина и зазема средишна позиција помеѓу поголемите градски општини и градови, односно Кочани (13 км) на североисток, Штип (21 км) на југозапад и Пробиштип (26 км) на север.

Историja[уреди | уреди извор]

На крајот на XIX век селото било дел од Кочанската каза на Отоманската Империја.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Во Чешиново работи рудникот „Опалит“, рудникот „Неметали“, „Мак-Млин“, „Млин-Пајо“ - фабрика за луштење на ориз, „Бобик“, „Прогрес“, „Млин Кула - Прогрес“, , „Ледер“ - погон за дрвна индустрија, „Естетика“ - погон за производство на гранитни плочки и мермер, бензинска пумпа „Еуро Петрол“, како и неколку занаетчиски дуќани „Автосан“, „Егеј“, „Б+“ и др. Најголем број од женската работна рака е вработена во модната конфекција „Јоти“ - погон за лесна конфекција.

Чешиново располага со најголема површина на обработливо земјиште во Кочанското Поле. Вкупната аграрна површина зафаќа простор од 4.800 ha, од кои 2.989 ha се обработливо земјиште, 1.780 ха се пасишта и 31 ха се шуми. Населението овде, претежно, се занимава со земјоделство и сточарство.

Главна земјоделска култура е надалеку познатиот ориз, а исто така почвата е погодна за производство и на шеќерна репа. Чешиново има и еколошки здрава средина за развој на сточарството.

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Чешиново живееле 310 жители, сите Македонци.[1]

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Чешиново имало 320 Македонци, егзархисти.[2]

Според послениот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 998 жители, сите Македонци.[3]

На табелата е прикажан бројот на население во сите пописни години:[4]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 310[1] 320[2] 791 927 1.134 1.200 1.224 1.051 1.052 998

Чешиново е голема населба, која до 1981 година имала континуиран пораст на населението, додека во минатите три пописни години, бројот на население е во стагнација.

Родови[уреди | уреди извор]

Чешиново е македонско село.

Според истражувањата од 1960 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Ќимовци (8 к.), Бакамци (5 к.) и Поровци (3 к.)
  • Доселеници: Богатиновци (7 к.), Тошевци (6 к.), Кузмановци (5 к.), Левковци (3 к.) и Лебарци (3 к.) доселени се во 19ти век од селото Спанчево; Неделковци (10 к.) и Шоповци (6 к.) доселени се во 19ти век од селото Страцин во кратовско; Пиљавци (7 к.) доселени се во 19ти век од селото Саса кај Македонска Каменица; Виткарци (4 к.) и Андоновци (3 к.) доселени се од селото Сарчиево во штипско; Бурилчанци (3 к.) доселени се од селото Бурилчево; Цековци (3 к.) доселени се од селото Мојанци, а таму биле доселени од селото Спанчево; Трендафиловци (3 к.) доселени се од селото Соколарци; Паљут (1 к.) и Кучичанци (1 к.) првите се доселени од Спанчево, а вторите од Кучичино; Бојковци (8 к.), Ќировци (6 к.), Здравевци (4 к.) и Чочковци (4 к.) доселени се, но не знаат од каде се доселени.[5]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Во основното училиште „Страшо Пинџур“, во Чешиново, своето образование го стекнуваат учениците од населените места кои катастарски припаѓаат на општина Чешиново-Облешево.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Во Чешиново работат: пошта, матична служба и аптека, кои ги опслужуваат сите локални населени места. Минува и железничка пруга за сите видови патнички и товарен транспорт.

Во село Чешиново работат и две амбуланти.

Телефонската централа во Чешиново моментално ги опслужува населените места: Чешиново, Соколарци, Уларци, Бурилчево, Жиганци и Кучичино.

На подрачјето на Чешиново е лоцирана трафостаница која е регионален центар за напојување на електрична енергија. Од неа излегуваат 10 КВ-ни водови за напојување на дистрибутивните трафостаници во селата: Чешиново, Чифлик, Кучичино, Бурилчево, Уларци, Жиганци, Лепопелци, Новоселани, Врбица, Соколарци, Спанчево, а постои и врска за напојување и на село Облешево.


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  2. 2,0 2,1 Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р. 132-133.
  3. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  4. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  5. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]