Стар Истевник

Координати: 41°52′20″N 22°51′21″E / 41.87222° СГШ; 22.85583° ИГД / 41.87222; 22.85583
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стар Истевник

Поглед на дел од селото

Стар Истевник во рамките на Македонија
Стар Истевник
Местоположба на Стар Истевник во Македонија
Стар Истевник на карта

Карта

Координати 41°52′20″N 22°51′21″E / 41.87222° СГШ; 22.85583° ИГД / 41.87222; 22.85583
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Пијанец
Население 22 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2325
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09024
Надм. вис. 800 м
Стар Истевник на општинската карта

Атарот на Стар Истевник во рамките на општината
Стар Истевник на Ризницата

Стар Истевник — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селската чешма

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во југоисточниот дел на територијата на Општина Делчево, од левата страна на реката Брегалница, чиј атар се допира со подрачјето на соседната Општина Пехчево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 16 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 17,7 км2. На него сите три вида аграрни структури заземаат, речиси, иста површина, односно по околу 500 хектари.[2]

Селото Стар Истевник е сместено во Пијанечката Котлина и северниот дел од Малешевската Котлина, разделена со планината Бејаз Тепе (1.348 метри). Од источна страна селото е заградено со планината Влаина по чии сртови се протега границата со Пиринска Македонија, Бугарија. На западната страна (Нов Истевник) се издигаат ограноците на Малешевските Планини (врвот Средно 1.025 метри, локален назив Високата Чука), на север Репничкиот Рид го дели од селото Вирче, а на југ Клинчовица и Леинскиот Рид.

Морфолошки, атарот на селото е ридско-планинско земјиште со плодни пространи зарамнини што благо се шират и спуштаат кон Желевица и шумовит и делумно карпест и суводолест дел што се спушта од сртот на границата (Влаина).

Историја[уреди | уреди извор]

Првите податоци за селото се наоѓаат во даночните книги (дефтери) од 1570 година. Запишани се поединечно, возрасните немуслимани, способни за стопанисување, кои плаќале данок на непосредниот феудален господар.

Селото во минатото се сметало за едно со соседното село Нов Истевник, на другиот брег на реката.

Во XIX век, Стар Истевник било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Денес, во селото постои претпријатието „Дон-Пампас“ со основна дејност земјоделство, како и производство на персиски килими.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948922—    
1953772−16.3%
1961493−36.1%
1971354−28.2%
1981250−29.4%
ГодинаНас.±%
1991145−42.0%
1994137−5.5%
200270−48.9%
202122−68.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Истевник (Нов и Стар) имало 895 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Истевник (Нов и Стар) имало 640 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[6]

Во 1961 година, селото броело 493 жители, од кои 454 биле Македонци, а 38 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 137 жители, македонско население.[2] Турското население целосно се отселило од селото во 1960-тите години од минатиот век.

Според пописот од 2002 година, во селото Стар Истевник живееле 70 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 17 Македонци и 5 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 615 640 922 772 493 354 250 145 137 70 22
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови[уреди | уреди извор]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Македонски

  • Староседелци: Попове (3 к.), Вечинци (3 к.), Рошковци (5 к.), Гашници (6 к.), Невестевци (3 к.), Орловци (8 к.), Самарџијци (11 к.), Шалавци (6 к.), Лавчивци (15 к.), Чукарци (14 к.)
  • Доселеници: Стоименовци (4 к.) доселени се во 1912 година од селото Лешко кај Благоевград во Пиринска Македонија, Бугарија; Караџевци (2 к.) доселени се во 1924 година од селото Панчарево.

Читаци (муслимански Македонци)

  • Староседелци: Пиштевци (2 к.), Аџијовци (2 к.), Рслановци (1 к.), Усеиновци (1 к.), Оџовци (4 к.), Решидовци (1 к.), Велијовци (2 к.), Маџарци (3 к.), Ќамиловци (3 к.), Исмаиловци (2 к.),Исјаимовци (2 к.), Чинарци (1 к.), Шаиновци (1 к.), Усевци (1 к.), Решидовци (3 к.), Југовци (2 к.) и Аруловци (1 к.)

Српски

Турски

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Задружниот дом во селото
  • Задружен дом

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стар Истевник, во која влегувале селата Нов Истевник и Стар Истевник.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Стар Истевник се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Панчарево, Разловци и Тработивиште.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачко место бр. 0592 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[17]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Стар Истевник

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 284. Посетено на 13 јуни 2018.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 229.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2018.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
  14. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 13 јуни 2018.
  15. „Локални избори 2017“. Посетено на 13 јуни 2018.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]