Град (Делчевско)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Град
Панорама на Град.jpg

Панорама на селото Град

Град is located in Македонија
Град
Местоположба на Град во Македонија
Координати 41°55′59″N 22°51′0″E / 41.93306° СГШ; 22.85000° ИГД / 41.93306; 22.85000Координати: 41°55′59″N 22°51′0″E / 41.93306° СГШ; 22.85000° ИГД / 41.93306; 22.85000
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Delčevo Municipality.svg Делчево
Област Пијанец
Население 534[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Надм. вис. 700 м
Град на општинската карта
Град во Општина Делчево.svg

Атарот на Град во рамките на општината
Commons-logo.svg Град на Ризницата


Град — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Поглед на дел од селото

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во источниот дел на територијата на Општина Делчево, чиј атар се издига на западната падина на планината Влаина, каде што се допира со државната гранична линија со Бугарија.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 700 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 9,5 километри.[2]

Атарот е голем и зафаќа простор од 27 км². На него преовладуваат шумите на површина од 1.142,2 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 1041,1 хектар, а на пасиштата 356,3 хектари.[2]

Историja[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Град било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото, во основа, има мешовита функција.[2]

Население[уреди | уреди извор]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Град имало 590 жители, од кои 560 муслимани и 30 православни.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Град имало 40 жители.[4]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Град имало 664 жители Македонци, од кои 563 муслимани и 101 православен.[5]

Селото е големо, но со намалување на бројот на населението. Во 1961 година селото броело 899 жители, од кои 850 биле Македонци, а 49 Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 696 жители, од кои 679 биле Македонци, а 14 жители Турци.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Град живееле 534 жители, од кои 518 Македонци, 15 Турци и 1 Србин.[1]

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 590 40 1.178 1.347 899 827 801 678 696 534
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Од селото се иселил значителен број на население, а најголемите драстични демографски разлики се случиле во 1950-тите години, кога најголем дел од муслиманското население го напушта селото и се иселува во Турција.

Општествени установи[уреди | уреди извор]

Основното училиште во селото

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општините, која не била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Град, во која влегувале селата Град и Стамер.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Делчевска градска општина, во која покрај селото Град се наоѓале градот Делчево и селата Бигла, Ветрен, Габрово, Ѕвегор, Очипала, Полето, Стамер, Турија, Чифлик и Шопје.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Во селото постои изборно место бр. 0585 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[10]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 471 гласач.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Тврдината „Градиште“ над селото
Археолошки локалитети
  • Градиште — археолошки локалитет над селото
Цркви[12]
Пештери

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 7 јули 2018. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 83. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 7 јули 2018 г. 
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 228.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, в: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 839.
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  9. „ОУ „Св. Климент Охридски“ - Делчево“. конс. 8 јули 2018. 
  10. „Описи на ИМ“. конс. 7 јули 2018. 
  11. „Локални избори 2017“. конс. 7 јули 2018. 
  12. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]