Бигла
- За други значења на поимот Бигла, видете на појаснителната страница
| Бигла | |
Куќи во Бигла | |
| Координати 41°57′26″N 22°40′28″E / 41.95722°N 22.67444°E | |
| Регион | |
| Општина | |
| Област | Пијанец |
| Население во атар1 | 159 жит. (поп. 2021)[1] |
| Пошт. бр. | 2320 |
| Повик. бр. | 033 |
| Шифра на КО | 09001 |
| Надм. вис. | 722-803 м |
Објаснувања за населението 1 Државниот завод за статистика го пресметува населението врз основа на бројот на жители кои живеат во рамки на атарот на населеното место
| |
Бигла — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Бигла се наоѓа на северозападните падини на планината Голак, во западниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Општина Виница. Селото е од разбиен тип и неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 722-803 м. Атарот на селото зафаќа мала површина од 32 км2. Од Делчево е оддалечено 14 км.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во почетокот на XX век, Бигла било македонско село во Кочанската Каза на Отоманското Царство.
Во Првата балканска војна, од селото имало тројца доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Во 1924 година, чета на ВМРО на чело со војводата Дончо Христов водела целодневна борба против српска потера.[4]
Вкупно 11 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Селото има мешовита земјоделска функција. Во селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.591,4 ха, на пасишта отпаѓаат 787,7 ха, а обработливото земјиште се простира на површина од 679,8 ха.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Население во минатото | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
![]() | ||||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бигла имало 640 жители, од кои 600 Македонци и 40 Роми.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Бигла имало 736 жители Македонци.[7]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[8]
Според пописот од 2002 година, во селото Бигла живееле 274 жители, од кои 272 Македонци и 2 Срби.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 159 жители, од кои 143 Македонци, 4 Албанци, 1 Србин и 11 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Бигла:[11]
| Година | Македонци | Албанци | Турци | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
|---|---|---|---|---|---|---|---|
| 1948 | — | — | — | — | — | — | 754 |
| 1953 | 838 | 0 | 0 | 0 | 6 | — | 844 |
| 1961 | 721 | 4 | 6 | 0 | 0 | — | 731 |
| 1971 | 868 | 1 | 6 | 0 | 1 | — | 677 |
| 1981 | 448 | 0 | 0 | 1 | 2 | — | 451 |
| 1991 | 330 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 330 |
| 1994 | 343 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 343 |
| 2002 | 272 | 0 | 0 | 2 | 0 | — | 274 |
| 2021 | 143 | 4 | 0 | 1 | 0 | 11 | 159 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]
Во селото има основно училиште, амбуланта, фабрички погон, продавници и угостителски објекти.[2]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.
Избирачко место
[уреди | уреди извор]Во селото постои избирачко место бр. 0604 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[12]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 218 гласачи.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач.[14]
Културни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[15]
- Крсто — старохристијанска црква
- Могила — могила од римско време
- Могила - Ано — могила од римско време
- Селиште — населба од доцноантичко време
- Селиште — населба и могила од римско време
- Стара Река — некропола од доцноантичко време
- Цркви[16]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — срушена црква, изградена во 1910 г., а нејзините икони пренесени во црквата „Св. Богородица“ во Делчево
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- 1 2 3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 28.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 829.
- ↑ Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 718.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2024-02-25. Посетено на 2024-02-11.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 226.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994, 2002 и 2021 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС Архивирано на 3 февруари 2020 г..
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 22 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Црква "Св. Великомаченик Ѓорѓи" во село Бигла“. destinationdelcevo.mk. Архивирано од изворникот на 2018-08-01. Посетено на 16 јули 2018.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
| ||||||||||||



