Македонски Срби

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Македонски Срби
Срби у Македонији
Jovan Oliver.jpg Paskač od Psača.jpg Vojvoda Babunski.jpg
Vera-Jocic-statue.JPG Ljubisa Samardzic 2.jpg Dragoslav Sekularac Serbian White Eagles banquet 2007.jpg
Marko Slatkaristika1.jpg Vladimir Todorović u Puli.jpg Veljko Paunović wiki photo.jpg
Вкупен број на населението

35.939

Региони со значително население
Северниот дел на Македонија
Јазици
македонски и српски јазик
Религии
Православно христијанство
Поврзани етнички групи
Срби,
како и останатите јужнословенски народи.

Србите се уставно признато малцинство во Македонија. Според пописот од 2002 година нивниот број е 35 939 жители или 1,78% од вкупното население. Од политичка гледна точка Србите во Македонија имаат 2 свои политички партии (ДПСМ - Демократска Партија на Србите во Македонија и РССМ - Радикална Странка на Србите во Македонија), пратеник во Собранието на РМ и голем број на видни јавни личности во политичкиот и културниот живот на Република Македонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Првото забележано присуство на Срби во Македонија може да се означи кон крајот на XIX век, меѓутоа тоа е само од формален аспект. Со продорот на српската црковно-просветна и научно-политичка пропаганда во Македонија кон крајот на XIX век, дел од Македонците попримиле српска национална свест и започнале да се изјаснуваат и сметаат за Срби, иако немале српско етничко, културно и јазично потекло[се бара извор]. Оваа појава се забележува и денес особено во повеќе села на Скопска Црна Гора каде голем дел од македонското население се изјаснува и смета за Срби, иако е со македонско етничко, културно и јазично потекло[се бара извор], а и голем дел од нивните роднини се изјаснуваат и сметаат за Македонци.

Првите доселувања на Срби во Македонија се случуваат по 1913 година, односно по Букурешкиот мировен договор, кога вардарскиот дел на Македонија потпаднал под власта на кралството Србија. Засилено и насилно населување на Срби - колонисти од хрватските области Лика, Кордун и Банија, како и од Црна Гора и Херцеговина се забележува во текот на 20-тите години на XX-от век. Во тоа време, насилно на земјата на Македонците биле населувани српски колонисти од другите краишта на Кралството Југославија, а ним им се давал во сопственост и поголемиот дел од земјоделското земјиште. Во овој период е забележана колонизација на Срби особено во југо-источна Македонија, во Дојранско, Валандовско и Гевгелиско и во рамничарските предели на Пелагонија, Скопското Поле, Росоманско и Неготинско во Повардарието.

За време на Втората светска војна, бугарските власти насилно ги иселуваат скоро сите српски колонисти од Македонија. По силните залагања на Методија Андонов - Ченто и Президиумот на АСНОМ, а со согласност на Јосип Броз Тито, враќањето на српските колонисти во Македонија по завршетокот на Втората светска војна било спречно и забрането.

Во времето на СФРЈ се забележува доселување на Срби во Македонија но со многу намален интензитет. Претежно се населувале воени лица од ЈНА кои често се женеле за Македонки поради што добивале воени станови и останувале во Македонија.

Области и населени места[уреди | уреди извор]

Спомен-костурницата во 1937 година

Најголем број на Срби во Македонија претежно живее во градовите и во северниот дел на државата. Најголема застапеност на Срби има во Кумановско (областа Козјачија), Скопска Црна Гора (иако тоа се луѓе со македонско етничко потекло), градот Скопје, а некои потомци од српските колонисти се останати во селата Огњанци (Скопско) каде живеат измешани со Македонци, Албанци и Роми, и во селата Јосифово (Валандовско), Марвинци (Гевгелиско), Црничани (Дојранско) и Росоман (Тиквешко) каде живеат измешани со Македонци и го имаат прифатено месниот македонски југо-источен дијалект.

Статистички Србите во Македонија се најзастапени во општините: Чучер-Сандево со 28,6%, Старо Нагоричане со 19,1%, Куманово со 10,5% и градот Скопје со 2,82% каде што живее најголемиот број на Срби во Македонија.

Населени места[уреди | уреди извор]

Присутност на Србите по населени места, според пописните резултати од 2002 година:

Населено место Вкупно Срби
Град Скопје 467 257 14.251
Куманово 70.842 4.727
Кучевиште 3.167 1.654
Тромеѓа 1.298 604
Тетово 52.915 587
Табановце 910 516
Долно Коњаре 1.286 516
Карпош (Куманово) 5.433 503
Битола 74.550 499
Старо Нагоричане 555 452
Речица 557 445
Охрид 42.033 331
Матејче 3.394 325
Горно Коњаре 1.136 314
Велес 43.716 297
Гевгелија 15.685 292
Селемли 327 292
Бањане 597 288
Марвинци 540 280
Штип 43.652 272
Огњанци 1.142 256
Љубодраг 686 243
Мршевци 651 242
Росоман 2.554 238
Умин Дол 442 226
Четирце 249 215
Никуљане 210 205
Ново Село (Кумановско) 274 204
Пепелиште 1.070 194
Чучер-Сандево 299 180
Богданци 6.011 176
Илинден 4.931 176
Струмица 35.311 175
Јосифово 1.730 174
Иванковци 857 172
Мралино 821 166
Побожје 591 166
Бедиње 2.327 164
Кавадарци 29.188 159
Прилеп 66.246 151
Алгуња 237 149
Гостивар 35.847 146
Кадино 2.090 140
Марино 3.533 129
Криволак 1.021 127
Сирково 603 127
Тремник 827 121
Неготино 13.284 117
Петровец 2.659 99
Крива Паланка 14.558 88
Пробиштип 10.816 83
Кичево 27.067 82
Лопате 2.448 80
Проевце 2.311 73
Мирковци 969 72
Струга 16.559 72
Брвеница 2.918 68
Кочани 28.330 63
Валандово 4.402 58
Ресен 8.748 58
Радовиш 16.223 60
Свети Николе 13.746 52
М'гленце 84 51
Тимјаник 1.155 49
Р'жаничино 855 45
Режановце 705 42
Сопиште 5.325 39
Кратово 6.924 39
Карабичане 43 37
Стојаково 1.931 36
Миладиновци 1.276 34
Стар Дојран 363 32
Биљановце 1.231 32
Глуво 349 31
Сушево (Кумановско) 34 30
Црничани 221 29
Горњане 80 29
Нов Дојран 1.100 27
Крушево 5.330 26
Делчево 11.500 25
Дебар 14.561 22
Ѓавато 438 21
Ваташа 3.502 20
Виница 10.863 20
Вратница 505 20
Богородица 1.001 18
Клечовце 573 17
Брзак 104 16
Градско 2.219 14
Николиќ 541 13
Агино Село 965 13
Дељадровци 532 12

Образование и култура[уреди | уреди извор]

Во Република Македонија е овозможено изучување на српскиот јазик за српското малцинство во основното и средното образование. Во минатото скопската гимназија „Орце Николов“ била отворена како гимназија на српски јазик, а денес српски јазик се изучува само во кумановската гимназија. Постои и катедра за српски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

На вториот канал на националната телевизија постои програма на српски јазик, а во минатото постоеше и телевизија на српски јазик во Скопје (ТВ 96). Постојат и повеќе списанија на српски јазик, а во Македонија на големо е достапен и печатот на српски јазик од Србија, особено таблоидите, жолтиот и естрадниот печат.

Македонските актери со српско потекло Дејан Лилиќ и Александар Микиќ во Драмскиот театар ја одгираа првата претстава („Кафез“) на српски јазик во независна Република Македонија. Поради политичките и културните блискости, српскиот јазик многу често се среќава на македонските телевизии и медиуми преку српската музика, песни, филмови, емисии, реални-шоуа и чести гостувања на српски пејачи и уметници во Македонија.

Познати македонски Срби[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]