Турија
- За други значења на поимот видете на појаснителната страница
Турија | |
![]() Панорама на Турија | |
Координати 41°57′07″N 22°38′57″E / 41.95194° СГШ; 22.64917° ИГДКоординати: 41°57′07″N 22°38′57″E / 41.95194° СГШ; 22.64917° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Пијанец |
Население | 102[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09027 |
Надм. вис. | 620-800 м |
![]() |
Турија — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Турија се наоѓа на северозападните падини на планината Голак, од лвата страна на реката Брегалница. Сместено е во западниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Општина Виница. Селото е ридско и од разбиен тип, а неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 620-800 м. Атарот на селото зафаќа мала површина од 4,9 км2. Од Делчево е оддалечено 19 км.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во почетокот на XX век, Турија било село во Кочанската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Селото има полјоделско-шумарска функција. Во селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 332 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 103 ха.[2]
Население[уреди | уреди извор]
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Турија имало 112 жители Македонци.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Турија живееле 102 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е прикажано вкупното население и етничка припадност во Турија:[4]
Години | Македонци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|
1948 | — | — | 172 |
1953 | 196 | 0 | 196 |
1961 | 182 | 0 | 182 |
1971 | 170 | 1 | 171 |
1981 | 153 | 0 | 153 |
1991 | 134 | 0 | 134 |
1994 | 127 | 0 | 127 |
2002 | 102 | 0 | 102 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1948-2002), според податоци од официјалните пописи во соодветните години.
Родови[уреди | уреди извор]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Македонски
- Староседелци: Рударци (7 к.), Никовци (3 к.), Цековци (4 к.), Костовци (2 к.), Долномалци (4 к.), Војинове (2 к.) и Црнговци (6 к.).[5]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од тогашната општина Бигла во склоп на Делчевската околија.
Избирачко место[уреди | уреди извор]
Во селото постои избирачко место бр. 0603 според Државната изборна комисија, кое е сместено во старото основно училиште.[6]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 72 гласачи.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[8]
Културни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Археолошки наоѓалишта
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 304.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). Извор: ДЗС.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 132. ISBN 9989649286.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|