Локални избори во Македонија (2017)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Локални избори во Македонија (2017)
Македонија
2013 ←
15 и 29 октомври 2017 → 2021

80 општини и Град Скопје
  Прва партија Втора партија Трета партија
 
Партија СДСМ ДУИ ВМРО ДПМНЕ
Последни избори 4 14 56
Освоени места 57 10 5
Промена во местата 53 4 51

  Четврта партија Петта партија Шеста партија
 
Партија АА БЕСА ДПА
Последни избори 2
Освоени места 3 1 1
Промена во местата 3 1 1

Локални избори во Македонија во 2017 година — избори што се одржале на 15 октомври 2017 година со цел избирање на советници и градоначалници во 80 општини во Република Македонија и во градот Скопје.[1] Изборите биле распишани на 6 август 2017 од собранискиот претседател Талат Џафери.[2] Листи со кандидати за градоначалници и советници поднеле 19 партии и коалиции, како и 64 групи избирачи.[3] Изборната кампања траела од 25 септември до 13 октомври, а гласање во прв круг имало на 3.480 избирачки места на територијата на Македонија.[4] Право на глас имале 1.814.644 граѓани запишани во избирачкиот список.

Во првиот круг, градоначалници биле избрани во 45 општини, а во 35 општини имало втор круг. СДСМ во првиот круг победиле во 37 општини и во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ победиле во 3, а ДУИ во 2 општини.[5] Во вториот круг, СДСМ победиле во 19 општини, ДУИ во 8, АА во 3, ВМРО-ДПМНЕ во 2, додека Беса и ДПА во по 1 општина.[6][7]

Заднина[уреди | уреди извор]

На Локалните избори се избирало помеѓу 260 кандидати за 81 градоначалничко место. Од нив, 196 биле кандидати предложени од партии или коалиции, а 64 биле независни кандидати. Карактеристична била родовата нееднаквост, бидејќи само 15 од кандидатите биле жени (6 %), додека останатите 245 кандидати (94 %) биле мажи. Најголема конкуренција имало за градоначалничкото место во Скопје, каде се избирало помеѓу осум кандидати. Во 36 општини имало само по двајца кандидати, најчесто СДСМ против ВМРО-ДПМНЕ. Помеѓу кандидатите имало многу актуелни градоначалници. Двајца од нив, Трајче Димитриев во Демир Капија и Исмаил Јахоски во Пласница, се бореле за петти мандат. Уште осум градоначалници што отслужиле три мандати, се бореле за четврт.

Резултати за градоначалници по општина[уреди | уреди извор]

Карта на резултатите од Локалните избори за избор на градоначалник.
Карта на резултатите од првиот круг на Локалните избори за избор на градоначалник.
Карта на резултатите од вториот круг на Локалните избори за избор на градоначалник.
Грб Општина Број на гласачи Победник[8] Освоени гласови % на освоени гласови Партија
Скопје (детали) 461.312 Петре Шилегов 141.164 50,33%
Аеродром 65.910 Златко Марин 22.559 52,19%
Арачиново 9.366 Миликије Халими 3.067 58,81%
Берово 11.169 Звонко Пекевски 5.006 63,33%
Битола 83.692 Наташа Петровска 31.337 59,77%
Богданци 6.890 Блаже Шапов 2.800 55,37%
Боговиње 27.237 Аљбон Џемаили 6.430 53,70%
Босилово 12.323 Зоран Зимбаков 4.075 53,80%
Брвеница 15.186 Енвер Пајазити 3.871 55,38% независен
Бутел 33.275 Велимир Смилевски 9.993 57,02%
Валандово 10.125 Перо Костадинов 4.074 55,31%
Василево 10.451 Марјан Јанев 3.604 52,52%
Вевчани 2.069 Сашо Јанкоски 870 53,15%
Велес 46.612 Аце Коцевски 15.962 53,51%
Виница 17.365 Ивица Димитров 5.570 52,23%
Врапчиште 25.377 Исен Шабани 5.642 51,25%
Гази Баба 61.831 Борис Георгиевски 17.173 53,57%
Гевгелија 19.413 Сашо Поцков 8.345 54,55%
Гостивар 79.632 Арбен Таравари 16.920 50,12%
Градско 3.152 Роберт Бешовски 1.211 53,51%
Дебар 18.425 Ружди Љата 4.430 52,04%
Дебрца 4.625 Зоран Ногачески 1.785 56,70%
Делчево 15.032 Горан Трајковски 5.100 55,40%
Демир Капија 3.405 Лазар Петров 1.627 56,12%
Демир Хисар 7.313 Марјанче Стојановски 3.185 55,43%
Дојран 2.755 Анго Ангов 1.258 58,19%
Долнени 11.526 Џемил Ќамили 3.844 53,93%
Ѓорче Петров 37.797 Александар Наумоски 13.155 53,75%
Желино 23.063 Блерим Сејди 5.443 51,27%
Зелениково 3.779 Борче Гиевски 1.532 59,22%
Зрновци 2.628 Блаже Станков 944 57,11%
Илинден 14.042 Жика Стојановски 5.235 57,34%
Јегуновце 10.268 Дарко Блажески 2.739 61,79%
Кавадарци 32.706 Митко Јанчев 13.180 52,65%
Карбинци 3.272 Јордан Насев 1.390 56,94%
Карпош 53.906 Стефан Богоев 21.278 57,70%
Кисела Вода 53.090 Филип Темелковски 16.207 54,89%
Кичево 50.616 Фатмир Дехари 17.116 60,36%
Конче 2.781 Благој Илиев 1.182 55,23%
Кочани 33.280 Николчо Илијев 11.622 55,80%
Кратово 8.285 Љупчо Бојаџиев 3.384 57,11%
Крива Паланка 17.162 Борјанчо Мицевски 7.467 57,97%
Кривогаштани 4.859 Рубинчо Шефтероски 2.002 53,90%
Крушево 8.065 Томе Христоски 3.638 60,63%
Куманово 92.764 Максим Димитриевски 26.289 52,53%
Липково 25.105 Еркан Арифи 6.656 58,55%
Лозово 2.072 Ацо Велковски 910 55,18%
Маврово и Ростуше 9.847 Медат Куртовски 2.013 55,85%
Македонска Каменица 6.764 Соња Стаменкова 2.714 54,24%
Македонски Брод 5.257 Живко Силјаноски 2.679 66,46%
Могила 5.554 Јасмина Гулевска 1.913 51,22%
Неготино 16.084 Тони Делков 6.455 51,44%
Новаци 3.079 Љубе Кузманоски 1.183 53,00%
Ново Село 11.452 Боро Стојчев 3.005 52,13%
Охрид 52.858 Јован Стојаноски 18.262 54,07%
Петровец 7.642 Борче Митевски 3.197 62,05%
Пехчево 4.261 Драган Тренчовски 1.680 52,65%
Пласница 4.969 Исмаил Јахоски 1.449 59,12%
Прилеп 64.985 Илија Јованоски 23.607 51,07%
Пробиштип 12.931 Драган Анастасов 5.198 52,27%
Радовиш 24.404 Герасим Конзулов 7.443 50,13%
Ранковце 3.096 Ивица Тошевски 1.472 58,27% независен
Ресен 17.119 Живко Гошаревски 5.537 55,02%
Росоман 3.411 Бранко Јанев 1.518 54,23%
Сарај 30.942 Блерим Беџети 8.896 52,26%
Свети Николе 14.893 Сашо Велковски 5.415 50,17%
Сопиште 4.972 Стефче Трпковски 1.752 50,84%
Старо Нагоричане 3.431 Жаклина Јовановска 1.379 65,36%
Струга 60.575 Рамиз Мерко 13.945 49,53%
Струмица 49.318 Коста Јаневски 18.502 59,45%
Студеничани 15.378 Азем Садику 4.161 52,17%
Теарце 22.028 Исен Асани 4.686 51,64%
Тетово 82.887 Теута Арифи 18.136 49,09%
Центар 43.505 Саша Богдановиќ 17.916 63,47%
Центар Жупа 6.810 Аријан Ибраим 1.688 70,48%
Чаир 57.767 Висар Ганиу 13.987 48,92%
Чашка 6.017 Горан Стојановски 2.253 69,58%
Чешиново-Облешево 5.704 Горанчо Крстев 2.155 49,91%
Чучер-Сандево 7.560 Јован Пејковски 2.486 51,40% независен
Штип 42.159 Благој Бочварски 15.078 51,54%
Шуто Оризари 23.289 Курто Дудуш 4.936 57,61%

Советнички места[уреди | уреди извор]

Освоени советнички места[9]
Политичка партија Бр. на советници
СДСМ
  
552
ВМРО-ДПМНЕ
  
432
ДУИ
  
133
БЕСА
  
63
АА (ДР-ДПА)
  
63
Независни советници
  
37
ДПА
  
18
ДПТМ
  
17
НДМ
  
7
СРМ
  
7
ДУИ-БЕСА-АА
  
4
ДНЕТ
  
3
ЛЕВИЦА
  
3
ГРОМ
  
3
БЕСА-АА
  
2
АА (НДП и Единство)
  
2
ПДП
  
1

Реакции по изборите[уреди | уреди извор]

Политичар Изјава
Зоран Заев „Најважно е што граѓаните победија. Им порачувам на советниците и градоначалниците дека ерата на локални шерифи заврши. Обврската сега е поголема. Во Македонија има живот за сите. Сега нема изговор. Засукуваме ракави за сите граѓани во нашата убава Македонија. Народот тоа го заслужува. Заедно сме сплотени во едно општество за сите, само сплотени и Македонија ќе оди напред. Им порачувам на сите носители на функции, внимателно да си го слушаме народот. Ветивме ќе бидеме сервис на граѓаните, како тие ќе диктираат, ние ќе работиме.“
Никола Груевски „Ќе се анализираат сите аспекти на денешните резултати, со цел да се утврди покрај сите масовни нерегуларности, што друго од нашата страна беше недоволно добро или погрешно направено заради што не добивме подобар резултат на овие избори. Јас како претседател на партијата секако имам највисока одговорност за изборните резултати што и претходно го кажав. За сето тоа, за причините, за резултатите и идниот правец ќе се дискутира во периодот веднаш по завршување на изборите.“
Али Ахмети „Сигурно дека при ваквата голема победа има одредени изгубени битки, но тоа не значи дека е изгубена целата војна, како што е случајот со Гостивар. ДУИ е голема партија и така што и во случаите во општините Врапчиште, Желино и Боговиње, каде победил еден од другите кандидати ќе им помага, како што им помагаме на нашите кандидати.“
Зијадин Села „Не го признаваме овој резултат. Имајќи предвид дека демократијата е волјата на мнозинството, а мнозинството во Струга е на албанското население, во сите албански села 100 проценти и кај албанското гласачко тело го имаме победено ДУИ и тоа со длабок резултат од два спрема еден. Не сме ги изгубиле изборите. Напротив, ако некој сакал да удира врз мојот легитимитет како претседател на Алијансата на Албанците ме направиле уште посилен.“
Биљал Касами „Во Македонија згасна една партија на Албанците и сега ДУИ слободно може да се смета за огранок на СДСМ. ДУИ победи со гласовите на СДСМ, но ние победивме во сите општини со гласовите на Албанците.“

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]