Коста Јаневски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Коста Јаневски
Kosta Janevski during a speech.png
Градоначалник на општина Струмица
На должноста
20 октомври 2017 – во служба
Претходник Костадин Костадинов
Наследник во служба
Пратеник во Собранието на Република Македонија
На должноста
11 декември 2016 – 20 октомври 2017
Лични податоци
Роден(а) 13 мај 1960 (1960-05-13) (59 г.)
Штип, Flag of Macedonia (1944–1946).svg НР Македонија
Партија СДСМ
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје
Професија лекар интернист

Коста Јаневски (р. 13 мај 1960 г во Штип) — актуелен градоначалник на општина Струмица и поранешен Пратеник во Собранието на Република Македонија. По професија е лекар интернист. Бил избран за Член на Советот на општина Струмица два пати во периодот од 2009 до 2016 година. Членува во политичката партија СДСМ.

Рани години и лекарска кариера[уреди | уреди извор]

Коста Јаневски е роден на 13 мај 1960 година во Штип, НР Македонија. Основно и средно училиште завршил во Струмица, а потоа студирал на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По завршувањето на факултетот се враќа во Струмица и започнува со работа во Општата болница. Во 2002 година го доусовршува своето образование со специјализација по интерна медицина, при што се посветува на својата работа како лекар интернист.

Партиска и политичка кариера[уреди | уреди извор]

Во 2009 година се вклучува во политиката и е член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Истата година е избран за член на Советот на општина Струмица. Четиригодишниот мандат го продолжува, и во 2013 година по втор пат станува член на советот. Во 2016 година е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на СДСМ.[1] Пратеничкиот мандат го прекинува откако победува на локалните избори за градоначалник на општина Струмица, при што на 20 октомври 2017 година ја презема функцијата од Костадин Костадинов, вршител на должноста.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Кој сè ќе седне во новиот состав на Собранието?“. Кајгана (македонски). 13 декември 2016. конс. 12 ноември 2017. 
  2. „Коста Јаневски ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица“. ВИС (македонски). 20 октомври 2017. конс. 12 ноември 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]