Костадин Костадинов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Костадин Костадинов
Градоначалник на општина Струмица
На должноста
Стапил
27 октомври 2021
Претходник Коста Јаневски
Пратеник во Собранието на Република Македонија
На должноста
1 ноември 2017 – 27 октомври 2021
Претседател Талат Џафери
Градоначалник на општина Струмица
вршител на должноста
На должноста
22 декември 2016 – 20 октомври 2017
Претходник Зоран Заев
Наследник Коста Јаневски
Лични податоци
Роден(а) 22 март 1990(1990-03-22)(33 г.)
Струмица, тогаш СР Македонија, СФР Југославија
Партија СДСМ
Установа ФОН Универзитет
Професија економист

Костадин Костадинов (22 март 1990 во Струмица) — македонски економист и политичар, градоначалник на општина Струмица од 2021 година, пратеник во Собранието на Републиката од 2017 до 2021 година, вршител на должноста градоначалник на Струмица од 2016 до 2017 година.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тој е роден во 1990 година во Струмица. Основно и средно образование стекнал во својот роден град. Високо образование завршил на Економскиот факултет при приватниот универзитет АУЕ-ФОН.

Политичка активност[уреди | уреди извор]

Својата кариера како политичар ја започнал како член на Советот на општина Струмица. За време на градоначалничкиот мандат на Зоран Заев, тој ја вршел и функцијата заменик градоначалник на општина Струмица, а во декември 2016 година, десетина дена по парламентарните избори, бил именуван за вршител на должноста градоначалник на Струмица откако Заев се повлекол од истата поради ангажирања во парламентот, како и скорашното добивање на мандат за формирање на нова влада. Тој бил в.д. градоначалник на Струмица до локалните избори во 2017 година, а на 20 октомври функцијата ја предал на победникот на изборите Коста Јаневски.[1] Од ноември 2017 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.[2]

На локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Костадинов како кандидат за градоначалник на општина Струмица од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 53,70% од гласовите.[3] Костадинов од својот претходник Коста Јаневски функцијата градоначалник на општина Струмица ја презел на 27 октомври.[4]

Партиска активност[уреди | уреди извор]

Тој е член на СДСМ. Во 2011 година бил именуван за претседател на СДММ – Струмица, локалната младинска организација на партијата, и ја водел истата до крајот на октомври 2018 година. Во периодот од април 2011 до март 2018 година бил член на Извршниот одбор на СДСМ, а од април 2011 до април 2013 година и заменик претседател на општинската организација на СДСМ во Струмица. Во март 2018 година бил избран за член на Централниот одбор на СДСМ, а неколку месеци подоцна, во октомври, бил назначен за портпарол на партијата.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Коста Јаневски ја презеде функцијата градоначалник на општина Струмица“. ВИС. 20 октомври 2017. Посетено на 12 ноември 2017.
  2. „Костадин Костадинов од денеска официјално пратеник во Собранието на РМ“. СтрумицаНет. 1 ноември 2017. Посетено на 14 декември 2018.[мртва врска]
  3. „Костадин Костадинов прогласи победа во Струмица“. Сител. 17 октомври 2021. Посетено на 19 октомври 2021.
  4. „Костадинов ја презеде градоначалничката функција во Струмица од сопартиецот Јаневски!“. 360 Степени. 27 октомври 2021. Посетено на 29 октомври 2021.
  5. „Струмичкиот пратеник Костадин Костадинов нов портпарол на СДСМ“. СтрумицаНет. 31 октомври 2018. Посетено на 14 декември 2018.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Политички функции
Претходник
Зоран Заев
Градоначалник на општина Струмица
(в.д.)

2016–2017
Наследник
Коста Јаневски
Претходник
Коста Јаневски
Градоначалник на општина Струмица
2021 -
Наследник
во служба