Звонко Пекевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Звонко Пекевски
Градоначалник на Општина Берово
На должноста
15 октомври 2017 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 16 февруари 1974(1974-02-16)(50 г.)
Националност Македонец
Партија СДСМ
Деца 2
Установа Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола
Занимање политичар
Вероисповед Православна

Звонко Пекевски (р. 16 февруари 1974) — македонски политичар од редовите на СДСМ, кој е тековен градоначалник на Општина Берово. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 5.006 гласа.[1]На Локалните избори кои се одржале на 17 октомври 2021 година, Пекевски како кандидат за градоначалник на Општина Берово од редовите на СДСМ победил во првиот круг на гласање со освоени 51,25% од гласовите[2]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Звонко Пекевски е роден на 16 февруари 1974 година. Дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп, дел од Битолскиот универзитет на статистичко кибернетичка насока.[3]

Од 2001 до 2005 година работел како референт во Општина Берово, а од 2005 до 2017 година бил раководител на одделот за финансиски прашања.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
  2. „Звонко Пекевски е старо-нов градоначалник на Берово, СДСМ го доби и Советот“. 360 Степени. 17 октомври 2021. Посетено на 19 октомври 2021.
  3. 3,0 3,1 „Биографија“. Општина Берово. Посетено на 3 декември 2017.