Православие
Православие (или ортодоксија) — христијанско верско учење (дел од христијанството), најбројна христијанска црква по католицизмот. Го разработува животот и делото на Исус Христос, како и на неговите дванаесет апостоли, односно Новиот завет од Библијата (Светото писмо). Православните верници веруваат во Света Троица — Отецот, Синот и Светиот Дух, како и во Мајката Божја.
Православните христијани се крстат со три прсти по три и тоа во името на Отецот (челото), Синот (под стомакот) и Светиот Дух (десната и левата страна на градите), амин.
Дел од православните христијани ги почитуваат и слават верските празници според јулијанскиот календар, односно 14 дена поназад од католиците. Вселенската патријаршија, Александриската патријаршија, Антиохијската патријаршија, Романската патријаршија, Бугарската патријаршија, и црквите во Грција, Албанија, Чешките и Словачките Земји, Полска, и Северна Америка го почитуваат Реформираниот Јулијански Календар, додека црквите во Ерусалим, Русија (вклучувајќи ги и Украина и Белорусија), Србија, Македонија и Грузија слават по Стариот Јулијански Календар.
Земји со најбројно православно население во Европа се: Русија (и неколку држави од поранешниот СССР како Украина, Белорусија, Грузија и Ерменија), Србија, Црна Гора, Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија дел од Албанија, Босна и Херцеговина и некои други земји надвор од Европа со православна христијанска заедница како Етопија во Африка и Јапонија и Кина во Азија.
Чинови во Православната црква (хиерархија)
[уреди | уреди извор]Некои православни цркви
[уреди | уреди извор]Автокефални православни цркви
[уреди | уреди извор]- Македонска православна црква
- Цариградска патријаршија
- Александриска патријаршија
- Антиохиска патријаршија
- Ерусалимска патријаршија
- Руска православна црква
- Српска православна црква
- Грузиска православна црква
- Романска православна Црква
- Бугарска православна црква
- Православна црква во Кипар
- Православна црква во Грција
- Православна црква во Албанија
- Православна црква во Чешкоите и Словачките Земји
- Православна црква во Полска
- Православна црква во Америка
Автономни православни цркви
[уреди | уреди извор]- Јапонска православна Црква
- Финска православна Црква
- Украинска православна црква - Московска патријаршија
- Православна охридска архиепископија - Пеќска патријаршија
- Руска задгранична црква
Непризнаени православни цркви
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално мрежно место на македонската православна црква (англиски) (македонски)
- Вики проект на православните верници од целиот свет на македонски јазик
- Официјално мрежно место на албанската православна црква (англиски) (албански) (грчки)
- Официјално мрежно место на бугарската православна црква Архивирано на 3 февруари 2010 г. (бугарски)
- Официјално мрежно место на ерменската православна црква (англиски) Неважечки јазичен код. (руски)