Алијанса за Албанците

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од АА)
Алијанса за Албанците
ВодачСпор меѓу Арбен Таравари и Зијадин Села
Генерален секретарКренар Лога
ГеслоВреме е сега!
албански: Tash është koha!
Основана2015
ШтабСкопје
Идеологијазаштита на правата на Албанците во Македонија
конзервативизам
проевропизам
Полит. положбаЦентар-Десно
Боибела, жолта, виолетова
Собрание
8 / 120
Општини
2 / 80
Мрежно место
Aleanca për Shqiptarët
Политика на Република Македонија
Политички партии
Избори

Алијанса за Албанците (албански: Aleanca për Shqiptarët) — политичка партија од десниот центар, основана во 2015 година во Македонија од Зијадин Села.

Партијата како главна цел има постигнување на целосна национална еднаквост меѓу Албанците и Македонците на сите полиња, од инвестиции, до институционална застапеност, правичен пристап до државните институции, вработување, инфраструктура и зголемување на нивото на национална свест.

Добро свесна за многуте предизвици со кои се соочува општеството во Македонија во продолжената социо-економска транзиција, Алијансата за Албанците се стреми и верува во мултиетнички, европски, демократски и социјален модел на владеење кој може и треба да гарантира подобар живот за сите граѓани, како предуслов за одржлив економски развој и политичка стабилност.

Основните принципи на нејзината политичка платформа се целосна рамноправност меѓу заедниците, владеење на правото, социјална држава, заслуги и транспарентно вработување во државната администрација и спречување на емиграцијата на образованите млади професионалци и воопшто на Албанците од земја.

Историја[уреди | уреди извор]

По несогласувањето со раководството на Демократска Партија на Албанците, за реформските потреби во партијата, Зиадин Села со широка поддршка во партијата, од неговиот роден град Струга го иницираше Движењето за реформи во Албанската демократска партија во март 2015 година.

Основа и идеологија[уреди | уреди извор]

Подоцна во 2015 година Движењето за реформи во Демократската партија на албанците беше регистрирано како политичка партија со исто име, предводена од Зиадин Села.

Новоформираното Движење за реформи во Демократската партија на албанците имаше главна цел постигнување на целосна национална рамноправност меѓу Албанците и Македонците на сите полиња, од инвестиции, до институционална застапеност, фер пристап до државните институции, вработување, инфраструктура и зголемување на нивото на национална свест.

Во текот на 2016 година, Движењето за реформи во Демократската партија на албанците ја усвои Алијансата за Албанците како свое официјално име.

Оваа промена ќе биде потврдена во март 2018 година, кога Алијансата за Албанците го одржа својот I конгрес, каде за претседател на партијата беше избран Зиадин Села.

Алијансата за Албанците, исто така, го усвои ажурираниот Статут и Политичката платформа на Алијансата за Албанците 2018–2022 на својот прв конгрес.

На 24 декември 2022 година, Алијансата за Албанците го одржа својот трет вонреден конгрес, каде за претседател на партијата е избран Арбен Таравари

На 18 февруари 2024 година, Алијанса за Албанците одржа вонреден конгрес, каде е разрешен Арбен Таравари, и е избран за претседател на партијата Зијадин Села.

Изборни резултати[уреди | уреди извор]

Парламентарни избори 2016 година[уреди | уреди извор]

Во пресрет на предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, Движењето за реформи во Демократската партија на албанците ги здружи силите со две помали партии, Единство и Демократска национална ренесанса, под предизборна коалиција наречена Алијанса за Албанците. Алијансата за Албанците се појави како трета по големина сила меѓу албанските политички партии со 16,6% од албанските гласови и тројца пратеници во Собранието на Македонија.

Локалните избори 2017 година[уреди | уреди извор]

Алијансата за Албанците првпат се кандидираше на општинско ниво во Македонија на локалните избори во ноември 2017 година. Кампањата ја одбележаа значителни тензии со владините партнери СДСМ и ДУИ кои коалицираат против Алијансата за Албанците во сите општини населени со Албанци.

И покрај исклучително агресивната кампања на СДСМ и ДУИ и изборите обележани со нерегуларности, Алијансата за Албанците победи во трката за градоначалници на Гостивар, Боговиње и Врапчиште, а исто така освои 64 општински советнички места низ државата.

Претседателски избори 2019 година[уреди | уреди извор]

Алијансата за Албанците заедно со Движењето Беса ја поддржаа кандидатурата на Блерим Река, независен албански кандидат. Тројца кандидати беа на гласачкото ливче во првиот круг: Стево Пендаровски од владејачкиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

Блерим Река во првиот круг излезе трет со 79.888 гласови или 11,08% од вкупните гласови.

Во вториот круг, во кој победи Стево Пендаровкси, Алијансата за Албанците официјално не поддржа ниту еден кандидат.

Парламентарни избори 2020 година[уреди | уреди извор]

Алијансата за Албанците се кандидираше на предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020 година во предизборна коалиција со Алтернативата под мотото „Време е сега!“ и заедничка програма „Држава за сите“. И покрај големите изборни измами од владејачките партии, коалицијата освои 12 места, од кои 8 ѝ припаднаа на Алијансата за Албанците и 4 на Алтернативата. Во актуелниот законодавен дом, Алијансата за Албанците и Алтернативата функционираат како единствена пратеничка група која ја претставува албанската опозиција.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]