Горан Трајковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Горан Трајковски
Градоначалник на Општина Делчево
На должноста
15 октомври 2017 – во служба
Лични податоци
Роден(а) 20 јули 1971 (1971-07-20) (48 г.)
Делчево, СФРЈ СФР Југославија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Деца 2
Установа Универзитет „Св. Кирил и Методиј“
Занимање политичар
Вероисповед Православна

Горан Трајковски (р. 20 јули 1971 во Делчево) — македонски политичар од редовите на СДСМ, кој е тековен градоначалник на Општина Делчево. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 5.100 гласа.[1]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Горан Трајковски е роден во градот Делчево на 20 јули 1971 година. Основното образование го завршил во градот, додека средно образование во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.[2]

Завршил математика на Природно-математичкиот факултет на Скопскиот универзитет.

Во 2003 година се вработил во ОУ „Св. Климент Охридски“ како наставник по математика, а во периодот 2007-2009 бил заменик-директор на училиштето. Исто така, бил и член во управниот одбор на НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“.

Горан е оженет и е татко на две девојчиња. Активно се служи со англискиот јазик, а хоби му е велосипедизмот и риболовот.[2]

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Пред да стане градоначалник на Општина Делчево, Трајковски бил член на Советот на општината во периодот 2013-2017.

Наводи[уреди | уреди извор]