Прејди на содржината

Живко Силјаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Живко Силјаноски
Градоначалник на Општина Македонски Брод
На должноста
15 октомври 2017 – во служба
Претходник Милосим Војнески
Лични податоци
Роден(а) 9 март 1959
с. Тажево, Република Македонија
Националност Македонец
Партија СДСМ
Деца 2
Установа УКИМ, Шумарски факултет
Занимање политичар
Вероисповед Православен

Живко Силјаноски (9 март 1959 во Тажево) — политичар од редовите на СДСМ и градоначалник на Општина Македонски Брод. На функцијата стапил по локалните избори во 2017 година, кога победил во првиот круг со освоени 66,46% од вкупните гласови.

Живко Силјаноски дипломирал на УКИМ - Шумарски факултет, во 1983 година. Во 1984 година се вработил во ЈП "Македонски Шуми" - подружница "Јане Сандански" во Македонски Брод. Од 2000 до 2004 година бил назначен за технички директор а од 2005 до 2006 година како директор на ЈП "Македонски Шуми" - подружница во Македонски Брод. На локалните избори 2013 година бил избран за советник во Советот на Општина Македонски Брод. Во текот на 2017 година повторно бил назначен за директор на ЈП "Македонски Шуми" - подружница Македонски Брод до изборот на градоначалник на локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година. Тој е женет и татко е на две деца.[1]

  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-12-23. Посетено на 2017-12-02.