Православие
Православие (или ортодоксија) — христијанско верско учење (дел од христијанството), најбројна христијанска црква по католицизмот. Го разработува животот и делото на Исус Христос, како и на неговите дванаесет апостоли, односно Новиот завет од Библијата (Светото Писмо). Православните верници веруваат во Света Троица — Отецот, Синот и Светиот Дух, како и во Мајката Божја.
Православните Христијани се крстат со три прсти по три и тоа во името на Отецот (челото), Синот (под стомакот) и Светиот Дух (десната и левата страна на градите), амин.
Дел од Православните Христијани ги почитуваат и слават верските празници според јулијанскиот календар, односно 14 дена поназад од католиците. Вселенската Патријаршија, Александриската Патријаршија, Антиохијската Патријаршија, Романската Патријаршија, Бугарската Патријаршија, и црквите во Грција, Албанија, Чешките и Словачките Земји, Полска, и Северна Америка го почитуваат Реформираниот Јулијански Календар, додека црквите во Ерусалим, Русија (вклучувајќи ги и Украина и Белорусија), Србија, Македонија и Грузија слават по Стариот Јулијански Календар.
Земји со најбројно православно население во Европа се: Русија (и неколку држави од поранешниот СССР како Украина, Белорусија, Грузија и Ерменија), Србија, Црна Гора, Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Молдавија дел од Албанија, Босна и Херцеговина и некои други земји надвор од Европа со православна христијанска заедница како Етопија во Африка и Јапонија и Кина во Азија.
Чинови во Православната црква (хиерархија)[уреди | уреди извор]
Некои православни цркви[уреди | уреди извор]
Автокефални православни цркви[уреди | уреди извор]
- Цариградска Патријаршија
- Александриска Патријаршија
- Антиохијска Патријаршија
- Ерусалимска Патријаршија
- Руска Православна Црква
- Српска Православна Црква
- Грузиска православна црква
- Романска Православна Црква
- Бугарска Православна Црква
- Православната Црква во Кипар
- Православната Црква во Грција
- Православната Црква во Албанија
- Православната Црква во Чешко и Словачките Земји
- Православната Црква во Полска
- Православната Црква во Америка
Автономни православни цркви[уреди | уреди извор]
- Јапонска Православна Црква
- Финска Православна Црква
- Украинска Православна Црква - Московска Патријаршија
- Православната Охридска Архиепископија - Пеќска Патријаршија
- Руската Загранична Црква
Непризнати православни цркви[уреди | уреди извор]
- Македонска православна црква
- Црногорска Православна Црква
- Украинска Православна Црква - Киевски Патријархат
Повеќе читање[уреди | уреди извор]
- Официјално мрежно место на македонската православна црква (англиски) (македонски)
- Вики проект на православните верници од целиот свет на македонски јазик
- Официјално мрежно место на албанската православна црква (англиски) (албански) (грчки)
- Официјално мрежно место на бугарската православна црква (бугарски)
- Официјално мрежно место на ерменската православна црква (англиски) Неважечки јазичен код. (руски)