9 март

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Шаблон:Март 2014 9 март е 68-иот ден во годината според григоријанскиот календар (69-и во престапна година). Остануваат 297 денови до крајот на годината.

Настани:

1776  Шкотскиот економист Адам Смит го објавува неговото капитално дело „Богатството на народите“.
1916  Прва светска војна: Германија ѝ објавила војна на Португалија.
1956  Кипарскиот архиепископ Макариос е депортиран од Кипар на Сејшелските Острови, во Индискиот Океан. Макариос во 1960 година стана прв претседател на независната Кипарска Република.
1966  Франција соопшти дека има намера да ги повлече своите трупи од НАТО и дека ќе побара воените инсталации на овој Пакт да се отстранат од нејзината територија.
1987  Техеран го обвини Багдад дека користи хемиско оружје во Иранско-ирачката војна.
1995  Владата на Република Естонија донесе одлука за воспоставување дипломатски односи со Република Македонија на амбасадорско ниво.
1999  Претседателот на Иран, Мохамед Хатами, допатува во посета на Италија. Тоа е прва посета на Запад од страна на шеф на иранска држава по исламската револуција во 1979 година во оваа земја.

Родени:

1459  Америго Веспучииталијански морепловец.
1814  Тарас Шевченко — украински писател.
1934  Јуриј Гагарин — советски космонаут.
1983  Роберто Ферари — италијански велосипедист.

Починале:

1661  Жил Мазарен — истакнат француски политичар од италијанско потекло.
1782  Сава Петровиќ Његош — црногорски владика и митрополит.
1851  Ханс Кристијан Ерстед — дански физичар.
1994  Хенри Чарлс Буковскипоет и писател од САД.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември