Дели Блинд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Холандија Дели Блинд
Zarya-MU (6) — копия.jpg
Лични податоци
Роден на 9 март 1990 (1990-03-09) (воз. 28 г.)
Роден во Амстердам, Холандија
Висина &100000000000001800000001,80 м
Позиција одбрана, среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 17
Агент Холандија Роб Јансен
Младинска кариера
Ајакс Ајакс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008-2014 Ајакс Ајакс 102 (3)
2010 Гронинген Гронинген 17 (0)
2014- Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 85 (4)
Репрезентација
2006-2007 Холандија Холандија 17 10 (4)
2008-2009 Холандија Холандија 19 7 (2)
2009-2013 Холандија Холандија 21 23 (0)
2013- Холандија Холандија 46 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 26 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Деjли Блинд (роден на 9 март 1990 во Амстердам) е холандски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на Манчестер Јунајтед и на холандската репрезентација.

Тој е син на поранешниот дефанзивец на Ајакс Дани Блинд.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Страничен бек природно игра со левата нога, исто така, може да биде во улога на централен дефанзивец или дефанзивен играч од средниот ред.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци, Ајакс и заемот во Гронинген[уреди | уреди извор]

Блинд ја започнал својата кариера во младинскиот сектор на Ајакс, истиот клуб каде што играл неговиот татко Дeни. [1]. Деjли растел играјќи за Јонг Ајакс, каде во сезоната 2007-2008 иако сеуште официјално бил дел од тимот Б-јуниори, станал главна потпора за тимот А-јуниори,[2], пред да биде прекомандуван во првиот тим во сезоната 2008-2009.[3] На 17 години тој го потпишал својот прв професионален договор, кој го врзувал со Ајакс до 1 јули 2010[2].

На 7 декември, 2008 година Блинд го направил своето деби за првиот тим во гостинскиот натпревар против фудбалскиот клуб Волендам. Тој всушност го изнудил одлучувачкиот корнер, по кој Јан Вертонген постигнал гол со кој му ја донел победата на Ајакс.[3]. На 19 декември, 2008 година потпишал продолжување на договорот со Ајакс до 30 јуни, 2013.[4][5]

На 5 јануари, 2010 Блинд бил позајмен на Гронинген до крајот на сезоната 2009-2010,[6] каде играл како десен бек.[7] Откако се вратил во Ајакс, следните две сезони дал голем допринос во успесите на клубот. На 15 мај, 2011 го освоил холандското првенство со победата од 3-1 над Твенте. На 30 јули, играл како стартер, повторно против Твенте, овојпат во Суперкупот на Холандија во поразот со 2-1. Откако ќе стане основен елемент во почетните 11 на Ајакс, на 2 мај 2012 година ја освојува својата втора по ред титула во Ередивиси завршувајќи ја сезоната со вкупно 26 настапи.

Во текот на сезоната 2012-2013, Блинд го постигнал својот прв гол во дресот на Ајакс во професионалната кариерата, на 10 февруари 2013 во натпреварот Ајакс-Рода 1-1, во 54-вата минута на асистенција на Исак Куенка. На 17 март постигнал уште еден гол на гостувањето на Афас стадионот кај АЗ Алкмар во победата со 3-2. На 23 април, 2013, повторно го обновил договорот со клубот до 30 јуни 2016.[8]. На 5 мај, го освоил шампионатот трета година по ред.

Во текот на сезоната сезоната 2013–2014, тренерот на Ајакс Франк де Бур го преместил Блинд малку понапред како дефанзивен играч за врска, што се покажало како добро решение затоа што Дејли ја добил наградата за Холандски фудбалер на годината, откако дал огромен придонес за четврта лигашка титула на Ајакс едноподруго.[9]

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

На 1 септември 2014, Блинд направил трансфер од Ајакс во Манчестер Јунајтед за сума од 13,8 милиони фунти.[10][11] Тој го направил своето деби тринаесет дена подоцна, играјќи го целиот натпревар против Квинс Парк Ренџерс во победата со 4-0 на Олд Трафорд, што била воедно и прва победа на Јунајтед за сезоната.[12] Неговиот прв гол за клубот дошол на 20 октомври против Вест Бромвич Албион, со прецизен удар од преку 18 метри за да го израмни резултатот на 2-2 во 87-мата минута и да му донесе бод на Манчестер Јунајтед.[13] На 16 ноември, Блинд претрпел повреда на лигаментите на коленото играјќи за холандската репрезентација во квалификациите за Евро 2016 против Латвија.[14] Медицинските тестови покажале дека тој ќе го пропушти остатокот од 2014 година. На 11 јануари 2015 година Блинд се врати во акција, почнувајќи како стартер во одбраната во поразот со 1-0 од Саутхемптон на Олд Трафорд.[15] На 8 февруари, тој постигнал гол во судиското продолжение за изедначување на 1-1 против Вест Хем Јунајтед.[16]

Следната сезона Блинд ја започнал играјќи како централен одбранбен играч во тандем со Крис Смолинг. На 12 септември 2015, го постигнал својот прв гол за сезоната, првиот за Манчестер Јунајтед во победата со 3-1 над Ливерпул; подоцна при резултат 1-0 спасил чист погодок на гол-линијата и бил избран за играч на натпреварот.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Млади репрезентации[уреди | уреди извор]

Блинд бил повикан во холандската репрезентација под 17 години како дел од составот за Европското првенство 2007. Откако го пропуштил првиот натпревар поради суспензија, тој постигнал два гола против Исланд во вториот натпревар[17], но се здобил со повреда на глуждот во тој натпревар, поради која не бил во можност да учествува во остатокот од турнирот.[18] Две години подоцна, тој бил повикан во репрезентацијата под 21 година за неколку натпревари од квалификациите за Европското првенство 2011, но останал на клупата како неискористена замена. На 13 октомври, тој го направил своето прво појавување во оваа репрезентативна категорија, влагувајќи како замена за својот колега од Ајакс Сием Де Јонг во победата со 4-0 победа на гостувањето во Полска.

Сениорска репрезентација[уреди | уреди извор]

Иако и претходниот имал неколку повици, Блинд го направил своето деби за сениорската репрезентација на Холандија на 6 февруари 2013, како стартер на позицијата лев бек, против Италија во пријателска средба во Амстердам Арена. Натпреварот завршил нерешено 1-1, а тој го одиграл целиот натпревар.[19]

Во јуни 2014 година, бил избран во тимот на Холандија за Светското првенство 2014. Тој бил стартер на левата винг-бек позиција во првиот натпревар против Шпанија, асистирајќи при головите на Робин ван Перси и Арјен Робен, во фантастичната победа на Орање со 5-1.[20] Тој го постигнал својот прв гол за холандската репрезентација во победата со 3-0 над домаќинот на шампионатот Бразил во натпреварот за третото место.[21]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Холандија Ајакс[22][уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Портрет[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. FC Groningen concreet voor Blind (19)
  2. 2,0 2,1 Ajax.nl, уред (29 март 2007). „Ajax sign Daley Blind“. http://english.ajax.nl/web/show/id=154814/contentid=62320. 
  3. 3,0 3,1 Ajax.nl, уред (7 декември 2008). „Blind helps Ajax win in debut“. http://english.ajax.nl/web/show/id=154814/contentid=68236. посет. 1 декември 2008 г. 
  4. Ajax.nl, уред (19 декември 2008). „New contract for Daley Blind“. http://english.ajax.nl/web/show/id=154814/contentid=68361. посет. 29 декември 2008 г. 
  5. telegraaf.nl, уред (19 декември 2008). „Daley Blind langer bij Ajax“. http://www.telegraaf.nl/dft/bedrijven/afc_ajax/article2835957.ece?tabid=statgrafiek&tab=2,1,3,2,3,1,2. 
  6. Ajax.nl, уред (5 јануари 2010). „Daley Blind on loan to FC Groningen“. http://english.ajax.nl/News/Archive/Article/Daley-Blind-on-loan-to-FC-Groningen.htm. посет. 27 април 2010 г. 
  7. „Daley Blind maakt furore bij FC Groningen“. Ajax Life. 26 март 2010. http://www.ajaxlife.nl/updates/daley-blind-maakt-furore-bij-fc-groningen. посет. 31 август 2014 г. 
  8. Ајакс Фудбал, ОФИЦИЈАЛНО: Дели Блинд го обновува договорот
  9. Daley Blind“, „FIFA“ (посет. 17 јуни 2014 г).
  10. Daley Blind: Man Utd sign Dutch international for £13.8m“, BBC Sport, 1 септември 2014 (посет. 1 септември 2014 г).
  11. „Daley Blind undergoes medical ahead of £13.8m move to Manchester United“. dailymail.co.uk. http://www.dailymail.co.uk/sport/football/article-2738525/Daley-Blind-undergoes-medical-ahead-13-8m-Manchester-United.html. посет. 2 септември 2014 г. 
  12. Man Utd 4–0 QPR“, „BBC Sport“, 14 септември 2014.
  13. West Brom 2–2 Man Utd“, „BBC Sport“, 20 октомври 2014 (посет. 21 октомври 2014 г).
  14. Manchester United say Daley Blind knee injury will be ‘long story’“, „The Guardian“, 21 ноември 2014 (посет. 26 јануари 2015 г).
  15. Manchester United 0-1 Southampton: Saints leapfrog United into third after Dusan Tadic seals shock win“, „The Mirror“, 11 јануари 2015 (посет. 26 јануари 2015 г).
  16. Johnston, Neil. „West Ham 1–1 Man Utd“, „BBC Sport“, 8 февруари 2015 (посет. 10 февруари 2015 г).
  17. Blind double lifts Dutch“, uefa.com, 4 мај 2007.
  18. Sidelined Blind's faith in team“, uefa.com, 6 мај 2007.
  19. „Netherlands vs Italy 1–1“. Soccerway.com. 6 февруари 2012. http://int.soccerway.com/matches/2013/02/06/world/friendlies/netherlands/italy/1408855/. посет. 6 февруари 2013 г. 
  20. Holland’s risky strategy pays off as they repeatedly catch Spain napping“, „The Guardian“, 14 јуни 2014 (посет. 17 јуни 2014 г).
  21. Brazil 0-3 Netherlands“, „BBC“, 12 јули 2014 (посет. 13 јули 2014 г).
  22. „Daley Blind - Career Honours“. Soccerway. http://us.soccerway.com/players/daley-blind/68886/.