Лук Шо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лук Шо
Shaw - July 2015 (cropped).jpg
Лични податоци
Полно име Лук Пол Хоар Шо[1]
Роден на 12 јули 1995 (1995-07-12) (23 г.)[2]
Роден во Кингстон на Темза, Англија
Држава  Англија
Висина 1,85 м[3]
Позиција лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Број 23
Младинска кариера
2001 Хершам
2001–2003 Молси Џуниорс
2003–2011 Саутхемптон Саутхемптон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2014 Саутхемптон Саутхемптон 60 (0)
2014– Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 55 (1)
Репрезентација
2011 Англија Англија 16 6 (1)
2011–2012 Англија Англија 17 8 (0)
2013–2014 Англија Англија 21 5 (0)
2014– Англија Англија 8 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 20
41, 11 December 2018 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 21:33, 8 September 2018 (UTC)

Лук Пол Хоар Шо (р. 12 јули 1995) е англиски фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација.

Првично, член на младинскиот систем на Саутхемптон, своето прво деби за клубот Шо го направил во јануари 2012 година, а својот прв професионален договор го потпишал во мај истата година, пред да стане редовен во тимот на Саутхемптон, во текот на следните две сезони. Во јуни 2014 година, Шо потпишал за Манчестер Јунајтед за 30 милиони фунти, тогашен светски рекорд за трансфер на тинејџер.

На 5 март 2014 година, тој го направил своето сениорско репрезентативно деби за англиската репрезентација, во победата со 1-0 против Данска во пријателски натпрвевар, а подоцна истата година бил избран во тимот за Светското првенство 2014.

Ран живот[уреди | уреди извор]

Шо е роден во Кингстон на Темза и го посетувал Рајденс Ентерпрајс училиштето во Хершам, Сари. Тој израснал како навивач на Челзи и тврдел дека најпрво сакал да игра за лондонскиот клуб. Како осумгодишен Шо играл во развојниот центар на Челзи во Гилдфорд, но не му било понудено место на академијата.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Саутемптон[уреди | уреди извор]

Шо се приклучил во Академијата на Саутемптон на возраст од осум години и станал редовен играч во тимот под 18 години, од својата 15 годишна возраст. Неговата прва поврзаност со првиот тим дошла во Септември 2011 година, кога бил неискористена замена во натпреварот од Лига Купот против Престон Норт Енд. За време на трансферот во Јануари 2012 година, било објавено дека клубовите од Премиер Лигата, Арсенал, Челзи и Манчестер Сити покажале интерес за потпишување со 16-годишниот Шо, при што тогашниот клуб од првенството, наводно, го вреднувал дефанзивецот на 4 милиони фунти. Саутемптон брзо одговорил на ваквите тврдења иако, тогашниот менаџер Најџел Еткинс ги уверувал медиумите дека "Лук Шо е голем дел од нашите идни планови", тврдејќи дека клубот нема "намера ... да им дозволи на некои од [нивните] млади играчи да се преселат на друго место".

На 16-годишна возраст, Шо дебитирал за првиот тим во Саутемптон на 28-ми Јануари 2012 година во ФА Купот, заменувајќи го крилото Џејсон Панчен во последните 13 минути од третиот круг против Милвол, кој завршил со резултат 1-1. По промоцијата на клубот на највисоко ниво во Мај 2012 година, Шо бил еден од четворицата младински играчи, на кои им бил понуден професионален договор за нивно враќање во Премиер лигата, заедно со Џек Стифенс, Келум Чембрс и Џејмс Вард-Проус.

Сезона 2012-13[уреди | уреди извор]

Дефанзивецот го направил својот прв старт за првиот тим во Саутемптон во Август 2012 година, играјќи ги сите 90 минути од победата со резултат 4: 1 против Стивенејџ во Лига Купот, а на 10 Ноември 2012 година тој станал најмладиот играч на Саутемптон кој започнал натпревар во Премиер Лигата, кога тој бил избран да игра како лев бек против Свонси Сити, играјќи 74 минути, од нерешениот резултат 1-1.

Шо продолжил редовно да настапува во текот на целата сезона, а во завршниот меч на Најџел Еткинс како менаџерот на Саутемптон на 16 Јануари 2013 година, тој го поставил вториот гол во ремито со 2-2 против Челзи, со асистенција од левото крило за Џејсон Панчеон, за пресврт во 75-тата минута. Во гостинскиот натпревар против Норвич Сити во Март 2013 година, Шо учествувал во судирот со напаѓачот Грант Холт, кој резултирал со изведување на пенал, во првата минута од судиското надополнување, на крајот од натпреварот, иако Артур Борак го спасил последниот удар за да натпреварот заврши без голови. Шо ја завршил својата прва професионална сезона со 28 настапи за Саутемптон, вклучувајќи ги и 25-те настапи во Премиер Лигата.

Сезона 2013-2014[уреди | уреди извор]

Шо играјќи во Саутемптон во 2013.

На 12 Јули 2013, на 18-тиот роденден на Шо, тој потпишал нов петгодишен договор со Саутемптон. Шо постигнал еден гол за време на претсезонските подготовки на Саутемптон, постигнувајќи го последниот гол во победата од 8:0 над шпанскиот тим Паламос на 20 Јули 2013 година.

Во првиот меч од сезоната 2013-14, Шо бил директно инволвиран во голот, со кој Саутемптон го победил Вест Бромвич Албион, кога тој бил фаулиран во шеснаесетте метри од страна на Јусуф Мулумбу во 89-тата минута, а Рики Лембрт го претворил пеналот во победа на Светците.

На 18 Април 2014 година, Шо бил номиниран како еден од шесте играчи на листата за наградата за Млад Играч на годината во ПФА. Тој, исто така, бил избран како лев бек во тимот на годината 2013-14 во ПИФ.

Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]

На 27 Јуни 2014 година, Шо потпишал четиригодишен договор (со можност да се продолжи уште една година) со Манчестер Јунајтед, за необјавена сума, за која се смета дека е во вредност од 30 милиони фунти, станувајќи најскап тинејџер во светскиот фудбал. Челзи, исто така, бил заинтересиран за Шо, но тие се повлекле од договорот, плашејќи се дека скапите тинејџерски барања за исплата, ќе предизвикаат несогласувања во нивната соблекувална.

Сезона 2014-2015[уреди | уреди извор]

Шо дебитирал во првиот натпревар од клупската претсезонска турнеја во САД, играјќи ги првите 45 минути во победата со резултат 7-0 против ЛА Галакси. Пред почетокот на сезоната, тој претрпел повреда на тетивата, со што бил надвор од теренот еден месец. Шо бил номиниран како замена за Манчестер Јунајтед за прв пат на 14 Септември 2014 година во нивниот четврти првенствен натпревар и бил на клупата откако ја забележале својата прва победа во сезоната, против Квинс Парк Ренџерс. Откако повторно бил на клупата во последователниот пораз од Лестер Сити, Шо го направил своето натпреварувачко деби за Јунајтед на 27 Септември 2014, играјќи го целиот натпревар за победа на домашен терен од 2-1 против Вест Хем Јунајтед.

Во Октомври 2014 година, Шо бил номиниран на листата од 40 луѓе, за наградата "Златно момче" во 2014 година, награда која се доделувала на играчот кој се сметал за најдобар европски играч на возраст под 21 година.

На 8 Февруари 2015 година, Шо бил исклучен, по добивањето на вториот жолт картон за време на нерешениот резултат 1-1 со Вест Хем. На 18 Април 2015 година, Шо се вратил во стартната постава, заменувајќи го повредениот Делеј Блајнд. Неговиот прв натпревар, од 9 Март 2015 година, завршил со пораз од 1-0, од водечките во лигата Челзи, но Шо имал солидна игра и бил пофален од капитенот Вејн Руни.

Сезона 2015-2016[уреди | уреди извор]

Шо го започнувал секој натпревар од лигата на почетокот од сезоната 2015-16 година, се до 15 Септември 2015 година, кога за време на првиот натпревар од групната фаза на Лигата на Шампиони против ПСВ, Шо бил фатен со лизгачки старт од Хектор Морено и претрпел двојна фрактура на ногата. На Шо му бил даден кислород и бил лекуван од медицински персонал составен од девет члена, за време на деветминутниот застој во Ајндховен, пред да биде ставен на носила и пренесен во болница. Се очекувало Шо да биде надвор од теренот најмалку шест месеци. Се вратил да тренира на 4 Април 2016 година.[4]

Сезона 2016-2017[уреди | уреди извор]

На 7 Август 2016 година, Шо го започнал својот прв натпреварувачки настап, по претрпената двојна фрактура на ногата во Септември 2015 година, кога Манчестер Јунајтед победил со 2-1 против Лестер Сити, за да го подигне 2016 ФА Комјунити Шилд трофејот.

Сезона 2018-2019[уреди | уреди извор]

На 10 август 2018 година, Шо го постигнал својот прв погодок во првиот натпревар од лигата против Лестер Сити, кога Манчестер Јунајтед победил со 2-1. Тој потпишал нов 5-годишен договор со Јунајтед на 18 Октомври 2018 година.[5]

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Првото искуство на Шоу во меѓународниот фудбал се случило во 2011 година, кога настапил на шест натпревари за тимот на Англија под 16 години. Дебитирал против Словенија во Февруари, пред да се натпреварува на турнирот во Монтаигу во Април, каде го постигнал својот прв меѓународен гол против Уругвај на турнирот. Подоцна дебитирал за тимот под 17 години во Август против Италија, и играл на осум натпревари во седуммесечниот престој со националниот тим.

Во Јануари 2013 година Шо првпат бил повикан за англискиот тим под 21 година за пријателскиот натпревар против Шведска следниот месец, а тогашниот менаџер Стјуарт Пирс го нарече дефанзивецот од Саутемптон "извонреден талент". Меѓутоа, поради повреда што ја здобил на тренингот, тој подоцна бил принуден да се повлече од натпреварот. Неизбраниот дефанзивец подоцна бил последователно повикан на натпревари против Романија на 21 Март, Австрија на 25-ти Март, Шкотска на 13-ти Август, како и на УЕФА Европското првенство под 21 година, од кое морал да се повлече од истата причина . Тој, на крајот, дебитирал за тимот на Англија под 21 година, на 5-ти Септември, кога тимот ја имал за противник Молдавија, во квалификацискиот натпревар за Европско првенство на УЕФА во 2015 година, а исто така, ги одиграл сите 90 минути од вториот квалификациски натпревар на Англија против Финска на 9-ти Септември.

На 27 Февруари 2014 година, Шо бил за прв пат повикан во сениорскиот тим на Англија, за пријателскиот натпревар со Данска. Дебитирал на натпреварот, заменувајќи го Ешли Кол на полувремето. Англија победила на натпреварот со 1-0.

На 12 Мај 2014 година, Шо бил вброен во 23-члениот состав на Рој Хоџсон за ФИФА Светското првенство во 2014 година. Тој бил вклучен на сметка на искусниот Кол, кој се повлекол од меѓународните натпревари. Тој бил вториот избор на Англија за лев бек, по Лејтон Бејнс, а дебитирал на турнирот на последниот натпревар од групата, кој завршил со нерешен резултат 0-0 со Костарика во Бело Хоризонте. Тој, исто така, го држи признанието за најмлад играч кој се појавил на турнирот во 2014 година.[6]

Стил на игра[уреди | уреди извор]

Како лев бек со тенденција да игра напаѓачки фудбал, Шо бил споредуван со поранешниот младински производ на Саутемптон Герет Бејл, со посебен акцент на неговата брзина, донесувањето одлуки и одбранбените  вештини. Поранешниот англиски интернационалец и директор на ФА за развој на фудбалот Тревор Брукинг го опиша Шо како "технички многу надарен".

Статистика за кариерата[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

Од натпреварот одигран на 11-ти Ноември 2018 година.

Настапи и голови по клуб, сезона и натпревар
Клуб Сезона Лига ФА Куп Лига Куп Европа Останати Вкупно
Дивизија Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Саутемптон 2011–12[7] Англиски Шампионат 0 0 1 0 0 0 1 0
2012–13[8] Премиер Лига 25 0 1 0 2 0 28 0
2013–14[9] Премиер Лига 35 0 3 0 0 0 38 0
Вкупно 60 0 5 0 2 0 67 0
Манчестер Јунајтед 2014–15[10] Премиер Лига 16 0 4 0 0 0 20 0
2015–16[11] Премиер Лига 5 0 0 0 0 0 3[б 1] 0 8 0
2016–17[12] Премиер Лига 11 0 1 0 2 0 4[б 2] 0 1[б 3] 0 19 0
2017–18[13] Премиер Лига 11 0 4 0 3 0 1[б 1] 0 0 0 19 0
2018–19[14] Премиер Лига 11 1 0 0 0 0 4[б 1] 0 15 1
Вкупно 54 1 9 0 5 0 12 0 1 0 81 1
Вкупно во кариера 114 1 14 0 7 0 12 0 1 0 148 1
  1. 1,0 1,1 1,2 Appearances in UEFA Champions League
  2. Appearances in UEFA Europa League
  3. Appearance in FA Community Shield

Меѓународно[уреди | уреди извор]

Од натпреварот одигран на 8-ми Септември 2018 година.

Настапи и голови по национален тим и година
Национален тим Година Настапи Голови
Англија 2014 4 0
2015 2 0
2017 1 0
2018 1 0
Вкупно 8 0

Признанија[уреди | уреди извор]

Манчестер Јунајтед

  • ФА Комјунити Шилд: 2016[15]
  • УЕФА Лига Европа: 2016-17[16]

Индивидуални

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Squads for 2016/17 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2016. конс. 9 February 2017. 
  2. Шаблон:Hugman
  3. „Luke Shaw: Overview“. Premier League. конс. 15 December 2017. 
  4. Luke Shaw: Man Utd defender returns to training after broken leg“, BBC Sport, 4 април 2016 (посет. 4 април 2016 г).
  5. Man Utd will return to form, says Luke Shaw after agreeing new five-year deal“, „BBC Sport“, 18 октомври 2018.
  6. Jose Mourinho: Signing Luke Shaw would have "killed" Chelsea“, BBC Sport, 26 јули 2014 (посет. 26 јули 2014 г).
  7. „Натпревари одиграни од Лук Шо во 2011/2012“. Soccerbase. Centurycomm. конс. 27 June 2014. 
  8. „Натпревари одиграни од Лук Шо во 2012/2013“. Soccerbase. Centurycomm. конс. 27 June 2014. 
  9. „Натпревари одиграни од Лук Шо во 2013/2014“. Soccerbase. Centurycomm. конс. 27 June 2014. 
  10. „Натпревари одиграни од Лук Шо во 2014/2015“. Soccerbase. Centurycomm. конс. 26 December 2015. 
  11. „Натпревари одиграни од Лук Шо во 2015/2016“. Soccerbase. Centurycomm. конс. 23 December 2016. 
  12. „Натпревари одиграни од Лук Шо во 2016/2017“. Soccerbase. Centurycomm. конс. 23 May 2017. 
  13. „Натпревари одиграни од Лук Шо во 2017/2018“. Soccerbase. Centurycomm. конс. 11 August 2018. 
  14. „Натпревари одиграни од Лук Шо во 2018/2019“. Soccerbase. Centurycomm. конс. 8 September 2018. 
  15. Bevan, Chris. „Leicester City 1–2 Manchester United“, BBC Sport, 7 август 2016 (посет. 15 декември 2017 г).
  16. „Luke Shaw“. Eurosport. конс. 25 June 2018. 
  17. Luis Suarez: Liverpool striker wins PFA Player of the Year award“, BBC Sport, 28 април 2014 (посет. 15 декември 2017 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]