Џек Вилшер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Англија Џек Вилшер
Jack Wilshere warm up - 12 Feb 2014 (cropped).jpg
Вилшер со Арсенал во 2014 г.
Лични податоци
Полно име Џек Ендру Гери Вилшер[1]
Роден на 1 јануари 1992 (1992-01-01) (26 г.)
Роден во Стивениџ, Англија
Висина 1,72 м[2]
Позиција Среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед
Број TBD
Младинска кариера
2001 Лутон Таун
2001–2008 Арсенал Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2008–2018 Арсенал Арсенал 125 (7)
2010Болтон Болтон 14 (1)
2016–2017Борнмут Борнмут 27 (0)
2018– Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 0 (0)
Репрезентација
2006–2007 Англија Англија 16 2 (0)
2007–2009 Англија Англија 17 9 (0)
2009 Англија Англија 19 1 (0)
2009 Англија Англија 21 7 (0)
2010– Англија Англија 34 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21
12, 24 мај 2015 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 18:00, 14 јуни 2015 (UTC)

Џек Ендру Гари Вилшер (англиски: Jack Andrew Garry Wilshere; р. 1 јануари 1992) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Вест Хем Јунајтед и на англиската репрезентација.

Вилшер ја започнал својата кариера во академијата на Арсенал и оставил добар впечаток од рана возраст. Својот прв професионален настап за екипата на Арсенал го имал во 2008 година, со што станал најмлад дебитант во англиската Премиер лига, на возраст од 16 години и 256 дена.[3] Вилшер добил многубројни признанија како што се најдобар млад играч во лигата, предложен во најдобрата екипа за сезоната 2010-2011 и играч на сезоната во Арсенал.

Вилшер моментално е сениорски репрезентативец на англиската репрезентација, а претходно ги поминувал сите категории, почнувајќио од онаа под 16 години, па понатаму под 17, под 19 и под 21 година. Својот прв настап за сениорската репрезентација на Англија го имал против репрезентацијата на Унгарија на возраст од 18 години и 222 дена, со што станал 10-ти најмлад дебитант во историјата на англиската репрезентација.[4]

Детство[уреди | уреди извор]

Вилшер е роден на 1 јануари 1992 година. Роден е во Стивинеџ и моментално живее во Хитчин. Уште од најрана возраст било јасно дека поседува голем талент за фудбал.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Младински настапи[уреди | уреди извор]

Вилшер и си приклучил на Академијата на Арсенал на возраст од 9 години, по краток престој во Лутон Таун.

На возраст од 15 години бил именуван за капитен на тимот под 16 години и имал настапи за тимот под 18 години. Менаџерот на Арсенал под 18 години му дал можност на Вилшер да настапува во 18 натпревари со што тој возвратил со 13 гола.

Сениорски настапи[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2008 Џек Вилшер повеќе нема да игра во тимот на Арсенал под 18, тој е преместен во сениорскиот тим на Арсенал. Џек Вилшер ја добива целосната подршка од тренерот Џек Вилшер.

На шеснаесет години и 329 дена, Џек Вилшер стана најмладиот играч на Арсенал. Рекордот претходно бил во сопственост на Сеск Фабрегас.

Позајмица во Болтон[уреди | уреди извор]

Во сезоната 2010 Арсенал сака Џек да се здобије со искуство, така што тие го праќаат Џек на позајмица во Болтон. Вилшер одигра во 14 натпревари за Болтон и импресионирани.Менаџерот на Болтон Овен Којл се обиде да го придобије Џек и да остане уште една сезона меѓутоа тоа заврши неуспешно.

Позајмица во Борнмут[уреди | уреди извор]

На 31 август 2016 година, Вилшер замина на позајмица во Борнмут во сезоната 2016–17 и му беше доделен бројот 32 кој претходно го носел Енуан О Кане.[5][6] На 10 септември 2016 година, Вилшер го одиграл својот прв натпревар за Борнемут против Вест Бромвич Албион, како замена во 63 минута, а Борнмут победил со 1-0.[7] Вилшер бил избран за играч на Борнемут два последователни месеци, во ноември и декември.[8] На 15 април 2017 година, Вилшер се здобил со фрактура на левата ножна коска по неговиот судир со Хари Кејн во натпреварот против Тотенхем на Вајт Харт Лејн.[9] На 19 април 2017 година, било потврдено дека Вилшер ќе го пропушти остатокот од сезоната откако настапил 29 пати за Борнмут и било огласено дека ќе биде вратен во Арсенал.[10]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 2014 FIFA World Cup Brazil: List of Players“ (PDF), FIFA, 11 јуни 2014, стр. 14 (посет. 11 јуни 2014 г).
  2. Player Profile: Jack Wilshere“, Premier League (посет. 31 јануари 2012 г).
  3. Blackburn 0–4 Arsenal“, BBC, 13 септември 2008 (посет. 1 јуни 2013 г).
  4. „Gibbs and Wilshere make senior England debuts“. Arsenal F.C.. 11 август 2010. http://www.arsenal.com/news/news-archive/wilshere-makes-senior-england-debut. посет. 11 август 2010 г. 
  5. „Breaking: AFC Bournemouth complete loan signing of Jack Wilshere from Arsenal“. A.F.C. Bournemouth. 31 август 2016. http://www.afcb.co.uk/news/article/2016-17/afc-bournemouth-arsenal-jack-wilshere-3284340.aspx. посет. 31 август 2016 г. 
  6. „AFC Bournemouth's loan midfielder Jack Wilshere's squad number confirmed“. A.F.C. Bournemouth. http://www.afcb.co.uk/news/article/2016-17/jack-wilshere-squad-number-premier-league-afc-bournemouth-3288339.aspx. посет. 11 септември 2016 г. 
  7. „Wilshere debut delights manager Howe“. ESPN. http://www.espn.in/football/afc-bournemouth/story/2947805/jack-wilshere-debut-for-bournemouth-delights-manager-eddie-howe. посет. 11 септември 2016 г. 
  8. „Player of the Month: Jack Wilshere wins December award“. A.F.C. Bournemouth. http://www.afcb.co.uk/news/article/2016-17/jack-wilshere-wins-december-player-of-the-month-award-3510384.aspx. 
  9. Jack Wilshere: Bournemouth midfielder out for season with leg fracture“, BBC Sport, 19 април 2017.
  10. Jack Wilshere: Bournemouth midfielder out for season with leg fracture“, BBC Sport, 19 април 2017.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]