Прејди на содржината

Деле Али

Од Википедија — слободната енциклопедија
Англија Деле Али
Лични податоци
Полно име Бамиделе Џермејн Али[1]
Роден на 11 април 1996(1996-04-11)(28 г.)[1]
Роден во Милтон Кинс, Англија
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Тотенхем Тотенхем
Број 20
Младинска кариера
МК Донс МК Донс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2015 МК Донс МК Донс 74 (22)
2015- Тотенхем Тотенхем 31 (8)
Репрезентација
2012-2013 Англија Англија 17 9 (0)
2014 Англија Англија 18 2 (0)
2014-2015 Англија Англија 19 4 (0)
2015- Англија Англија 21 2 (0)
2015- Англија Англија 6 (1)
* Ажурирано на: 15 февруари 2012
** Ажурирано на: 15 февруари 2012

Бамиделе Џермејн "Деле" Али (англиски: Dele Alli; роден на 11 април 1996 во Милтон Кинс) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем и на англиската репрезентација.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Али е роден и израснал во Милтон Кинс, Бакингхампшир, од нигериски татко Кени и мајка англичанка Денисе.[2] Во детството тој бил голем навивач на Ливерпул и на Стивен Џерард.[3][4][5]

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

Подолго време се смета за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, Али е модерен играч од средниот ред, таканаречен "box-to-box", со можност да игра на повеќе позиции во средниот ред и во двете фази на играта.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Милтон Кинс Донс

[уреди | уреди извор]
Деле Али во дресот на Милтон Кинс Донс во 2015.

Али е производ на младинскиот сектор на Милтон Кинс Донс, кому му се приклучил кога имал само 11 години.[3] Своето деби за првиот тим го направил на 2 ноември 2012 со само 16 години, кога влегол како замена на местото на Џеј О'Шеи во 64-тата минута од натпреварот од првото коло на ФА Купот против Кембриџ Сити што завршил 0-0.[6] Единаесет дена подоцна во преигрувањето против Кембриџ, Али го постигнал својот прв професионален погодок во победата на неговата екипа со 6-1 победа на домашен терен.[7] Својот прв лигашки настап го направил на 29 декември во поразот на домашен терен од Ковентри Сити со 2-3 почнувајќи како стартер, но бил заменет во 71-вата минута од Зели Исмаил.[8] До крајот на сезоната Али одиграл само уште еден првенствен натпревар и тоа во последното коло против Стивениџ во победата со 2-0, влегувајќи од клупата.

Следната сезона тој станал стандарден првотимец, правејќи 33 настапи во Лига Еден и постигнал 6 гола.

На почетокот на сезоната 2014-2015 Али бил во одлична форма и тоа го потврдил на 26 август 2014, кога ги одиграл сите 90 минути во историската победа на МК Донс над Манчестер Јунајтед со 4-0 во вториот круг од Лига Купот.[9] После натпреварот било објавено дека голем број на скаути од големите клубови во Европа присуствувале на натпреварот за да го видат Али како игра, вклучувајќи ги и претставниците на Баерн Минхен и Ливерпул.[3][10] На 20 септември постигнал хет-трик (негов втор во кариерата) во победата со 6-1 на домашен терен над Кру Александра. Тој продолжил со својте добри игри во текот на сезоната во Лига Еден, постигнувајќи 16 гола и помагајќи му на МК Донс да избори промоција во Чемпионшип лигата откако го освоиле второто место.

Тотенхем

[уреди | уреди извор]

На 2 февруари 2015, во последните часови од трансферниот прозорецот Тотенхем го купил Али за 5 милиони фунти, потпишувајќи договор на пет години, но го оставиле младиот играч од средниот во неговиот клуб МК Донс до крајот на сезоната 2015-2016. Во текот на летото 2015, Али му се приклучил на Тотенхем за подготовките за следната сезона 2015-2016. На 8 август 2015, Али го направил своето деби за Тотенхем во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед во поразот со 1-0 нагости на Олд Трафорд, играјќи како замена во последните во 13 минути на местото на Ерик Дајер.[11] Две недели подоцна, тој го постигнал својот прв гол за клубот по влегувањето во игра на местото на Кристијан Ериксен во ремито 1-1 против Лестер Сити.[12]

Али во дресот на Англија во 2015.

На 13 септември, Али го направил својот прв старт за Тотенхем во победата со 1-0 над Сандерленд на Стадионот на светлината.[13] На 2 ноември, го постигнал својот втор гол за сезоната во победата со 3-1 над Астон Вила.[14] Шест дена подоцна, тој го одиграл своето прво Северно-лондонско дерби започнувајќи како стартер заедно со Ерик Дајер на центаралните позиции во средниот ред, и бил прогласен за играч на натпреварот во ремито 1-1 со Арсенал.[15] На 23 јануари 2016, Али постигнал фантастичен гол во последните минути десет минути од натпреварот против Кристал Палас за да ги доведе "петлите" во водство со 1-2 (на крајот Тотенхем победил со 1-3);[16] голот дошол откако успеал да исконтролира една незгодна топка на работ од шеснаесетникот притоа префрлајќи ја преку противничкиот играч и со волеј-удар од свртување го совладал голманот во поблискиот агол. На 10 април бил стрелец на првиот гол во победата со 3-0 над Манчестер Јунајтед на Вајт Харт Лејн. На 18 април Али постигнал два гола во победата на Тотенхем со 4-0 на гостувањето кај Стоук Сити,[17] стигнувајќи до бројката од десет гола во неговата дебитантска сезона во Премиер лигата.[18]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

На репрезентативно ниво Али ја претставувал англиската репрезентација во селекциите под 17, под 18, под 19 и под 21 година.

Во февруари 2015 Али добил повик да игра за Нигерија од каде е и по потекло.[19] Сепак, на 1 октомври истата година, тој добил повик од селекторот на англиската репрезентација Рој Хоџсон за последните два квалификациски натпревари за европското првенство 2016 против Естонија и Литванија.[20] Дебитирал на 9 октомври против естонците, влегувајќи како замена во завршницата од натпреварот на местото на Рос Баркли во победата со 2-0.[21] На 17 ноември 2015, во својот прв старт за националниот состав Али го постигнал и својот прв гол совладувајќи го својот соиграч од Тотенхем Иго Лорис со удар од далечина во победата над Франција со 2-0 во пријателски натпревар одигран на Вембли.[22]

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
09-10-2015 Лондон Англија Англија 2 – 0 Естонија Естонија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 88'
12-10-2015 Вилнус Литванија Литванија 0 – 3 Англија Англија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 67'
13-11-2015 Аликанте Шпанија Шпанија 2 – 0 Англија Англија Пријателска - влегол во игра 63'
17-11-2015 Лондон Англија Англија 2 – 0 Франција Франција Пријателска 1 заменет 88'
26-03-2016 Берлин Германија Германија 2 – 3 Англија Англија Пријателска -
29-03-2016 Лондон Англија Англија 1 – 2 Холандија Холандија Пријателска - влегол во игра 82'
Вкупно Настапи 6 Голови 1

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 12 април 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013 Англија МК Донс ФЛ1 2 0 ФАКуп+ЛК 5+0 1+0 - - - - - - 7 1
2013-2014 ФЛ1 33 6 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - ТФЛ 1 1 37 7
2014-2015 ФЛ1 39 16 ФАКуп+ЛК 1+4 0 - - - - - - 44 16
Вкупно МК Донс 74 22 13 1 1 1 88 24
2015-2016 Англија Тотенхем ПЛ 31 8 ФАКуп+ЛК 3+1 0 ЛЕ 9 0 - - - 42 7
Вкупно во кариерата 105 30 17 1 9 0 1 1 130 30

Натпревари во кој постигнал хет-трик

[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Dele Alli“. Barry Hugman's Footballers. Посетено на 2 March 2016.
  2. „I gave Dele Alli away at 13 to save him from gangs and allow him to follow his football dream“.
  3. 3,0 3,1 3,2 Chris Osborne (19 September 2014). „MK Dons' Dele Alli has the makings of next Steven Gerrard“. BBC Sport. Посетено на 25 November 2014.
  4. The Football Association. „Deli Alli hopes to emulate Gerrard – England – The FA“. Посетено на 3 February 2015.
  5. „Liverpool and Bayern Munich target Dele Alli dances to his own tune at MK Dons“. Telegraph.co.uk. 18 September 2014. Посетено на 3 February 2015.
  6. Osborne, Chris (2 November 2012). „Cambridge City 0–0 MK Dons“. BBC Sport. Посетено на 27 February 2013.
  7. „MK Dons 6–1 Cambridge City“. BBC Sport. 13 November 2012. Посетено на 27 February 2013.
  8. „MK Dons 2 – 3 Coventry City“. BBC Sport. 29 December 2012. Посетено на 26 June 2014.
  9. Chris Osborne. „BBC Sport – Milton Keynes Dons 4–0 Manchester United“. BBC Sport. Посетено на 3 February 2015.
  10. „MK Dons chairman Pete Winkelman relishing Capital One Cup tie with Manchester United“. Telegraph.co.uk. 25 August 2014. Посетено на 3 February 2015.
  11. „Kyler Walker's own goal gives Manchester United the win in season opener“. BBC Sport. 8 August 2015. Посетено на 8 August 2015.
  12. Paul Doyle (22 August 2015). „Leicester City 1-1 Tottenham Hotspur - Premier League match report“. The Guardian. London.
  13. „Dele looking forward“. Tottenham Hotspur F.C. 15 September 2015.
  14. Fifield, Dominic (2 November 2015). „Tottenham rapidly expose size of Rémi Garde's task at Aston Villa“. The Guardian. Посетено на 13 November 2015.
  15. Higginson, Marc (8 November 2015). „Arsenal 1-1 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. Посетено на 13 November 2015.
  16. „Dele Alli signs new Tottenham contract until 2021“. ESPN FC. 12 January 2016. Посетено на 12 January 2016.
  17. „Harry Kane, Dele Alli help Tottenham beat Stoke, close gap behind Leicester“. espnfc.us. ESPN FC. Посетено на 18 April 2016.
  18. „Stoke City vs Tottenham live score and goal updates from the Britannia Stadium“. The Daily Record. 18 April 2016.
  19. „MK Dons loanee Dele Alli set to be tempted away from England national side by former Wimbledon player“. MKWeb.co.uk. 13 February 2015. Посетено на 13 February 2015.
  20. „Daniel Sturridge left out of England squad for Euro 2016 qualifiers“. BBC Sport. 1 October 2015. Посетено на 1 October 2015.
  21. „England 2 - 0 Estonia“. englandstats. 9 October 2015. Посетено на 10 October 2015.
  22. „Dele Alli keeping feet on ground despite heroics for England against France“. The Guardian. 18 November 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]