Џон Стоунс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Џон Стоунс
1 john stones 2015 (cropped).jpg
Лични податоци
Полно име Џон Стоунс[1]
Роден на 28 мај 1994 (1994-05-28) (25 г.)[2]
Роден во Барнсли, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001880000001,88 м[2]
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Манчестер Сити Манчестер Сити
Број 5
Младинска кариера
2001–2011 Барнсли Барнсли
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2013 Барнсли Барнсли 24 (0)
2013–2016 Евертон Евертон 77 (1)
2016– Манчестер Сити Манчестер Сити 66 (0)
Репрезентација
2012–2013 Англија Англија 19 3 (0)
2013 Англија Англија 20 2 (0)
2013–2015 Англија Англија 21 12 (0)
2014– Англија Англија 37 (2)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 14 август 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 14 август 2017

Џон Стоунс (англиски: John Stones; роден на 28 мај 1994, во Барнсли) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Манчестер Сити и на англиската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Главно игра на позицијата централен дефанзивец, но исто така тој може да игра и на позицијата десен бек. Има одлични физички предизпозиции и е многу цврст во физичките дуели, но исто така има и добра техника, добро се снаоѓа во противничките шеснаесетници, вешт во затрворањето на противничките напаѓачи и добар во играта во воздухот.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Барнсли[уреди | уреди извор]

Роден во Барнсли, Јужен Јоркшир,[2] Стоунс произлегол од младинската академија на ФК Барнсли која му низ настапи за сите младиснки тимови му овозможил да го потпише својот прв професионален договор во декември 2011. Тој го направил своето деби како професионалец на 17 март 2012 година во натпреварот од Чемпионшип лигата Барнсли- Рединг 0-4, влегувајќи на местото на Скот Вајсман во 52-рата минута.[3] Во својот прв натпревар како стартер во професионалната кариера Стоунс го постигнал својот прв гол за Барнсли, во победата на гости со 4-3 по продолженија над Рочдејл во првото коло од Лига купот на 11 август 2012.[4] Една недела подоцна, тој го направил својот прв старт во лигата, во победата со 1-0 против Мидлзборо.[5]

Евертон[уреди | уреди извор]

Стоунс потпишал пет и пол годишен договор со Евертон на 31 јануари 2013 година,[6] за сума од 3 милиони фунти. Во текот на сезоната 2012-2013 бил неискористена замена во три натпревари од Премиер лигата, но не добил шанса да дебитира.

Своето деби за Евертон го направил против Стивениџ во натпревар од вториот круг на Лига купот игран на 28 август 2013 година на Гудисон Парк, во победата со 2-1 по продолженија.[7] На 14 септември 2013 Стоунс го направил своето деби во Премиер лигата влегувајќи како замена на местото на Стивен Нејсмит во победата со 1–0 на домашен терен над Челси на 14 септември 2013.[8] На 1 јануари 2014 го направил својот прв лигашки старт за Евертон во ремито 1-1 против Стоук Сити на Стадионот Британија.[9]

На почетокот на сезоната 2014-2015, Стоун потпишал нов петгодишен договор со Евртон во трајнсот до 2019 година. Во текот на сезоната успеал да го истисне ветеранот Силван Дистен од почетната постава, изборувајќи се место до Фил Џагиелка на централните одбранбени позиции, но исто така имал неколку старта и на позицијата десен бек. На 6 април 2015 го постигнал својот прв погодок за Евертон во победата со 3-0 над Манчестер Јунајтед.[10] Сезоната ја завршил со 30 настапи во сите натпреварувања и еден постигнат гол.

Во текот на летото 2015, Евертон одбиле неколку понуди од Челси за трансфер на Стоунс во сините од кој највисоката изнесувала 30 милиони фунти.[11] Во текот на сезоната 2015-2016 Стоунс станал постојан стартер на позицијата централен одбранбен играч.

Манчестер Сити[уреди | уреди извор]

На 9 август 2016 година, Стоунс потпишал шестгодишен договор со Манчестер Сити а сумата на трансферот изнесувала 47.5 милиони фунти, со што тој станал вториот најскап одбранбен играч во фудбалската историјата, зад Давид Луиз.[12][13][14][15] Благодарение на клаузулата според која би требало да добијат 15% од следната продажба, екипата на Барнсли добила 6,78 милиони фунти од трансферот на Стоунс во Манчестер Сити, износ кој бил поголем од било кој друг надомест за трансфер што го добиле во нивната историја.[16]

Своето деби за Сити Стоунс го имал четири дена подоцна на стартот на новата сезона, кога играл од почетокот во центарот на одбраната како партнер на Александар Коларов во победата со 2-1 над Сандерленд, во првиот натпревар на Пеп Гвардиола на клупата на граѓаните.[17] На 6 јануари 2017, го постигнал својот прв гол за својот нов клуб, стрелајќи прецизно со глава за последниот гол во победата со 5–0 над Вест Хем Јунајтед на Олимпискиот стадион во Лондон во третата рунда од ФА купот.[18]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Стоунс ја претставувал Англија во репрезентациите под 19, под 20 и под 21 година, а од 2014 година настапува за сениорската репрезентација.

Со репрезентацијата под 21 година Стоунс учествувал на Европското првенство 2015 во Република Чешка.

Своето деби за сениорската репрезентација на Англија Стоунс го направил на 30 мај 2014 во победата со 3-0 во пријатлски натпревар против Перу. Тој исто така бил повикан од Рој Хоџсон на поширокиот список за Светското првенство 2014 во Бразил, но испаднал од конечната листа.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 10 август 2017.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012 Англија Барнсли ЧМП 2 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - 2 0
2012-2013 ЧМП 22 0 ФАКуп+ЛК 2+2 1 - - - - - - 26 1
Вкупно Барнсли 24 0 4 1 - - - - 28 1
2013-2014 Англија Евертон ПЛ 21 0 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - - - 26 0
2014-2015 ПЛ 23 1 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛЕ 3 0 - - - 28 1
2015-2016 ПЛ 33 0 ФАКуп+ЛК 2+6 0 - - - - - - 41 0
Вкупно Евертон 77 1 15 0 3 0 95 1
2016-2017 Англија Манчестер Сити ПЛ 27 0 ФАКуп+ЛК 4+1 1 ЛШ 9 1 - - - 41 2
2017-2018 ПЛ 18 0 ФАКуп+ЛК 2+4 0 ЛШ 5 3 - - - 29 3
2018-2019 ПЛ 22 0 ФАКуп+ЛК 4+3 0 ЛШ 6 0 КШ 1 0 36 0
Вкупно Манчестер Сити 67 0 18 1 20 4 1 0 106 5
Вкупно во кариерата 168 1 37 1 23 4 1 0 229 6

Трофеј[уреди | уреди извор]

Англија Манчестер Сити[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Barclays Premier League Squad Numbers 2013/14“, Premier League, 16 август 2013 (посет. 17 август 2013 г).
  2. 2,0 2,1 2,2 Rollin, Glenda; Rollin, Jack, уред-ци (2012). Sky Sports Football Yearbook 2012–2013 (43rd издание). London: Headline. стр. 427. ISBN 978-0-7553-6356-8. 
  3. Reading maintained their promotion charge with an emphatic win at Oakwell to secure their ninth win in 10 games.“, BBC Sport, 17 март 2012 (посет. 19 март 2012 г).
  4. „Rochdale 3–4 Barnsley (aet)“. BBC. 11 August 2012. конс. 12 August 2012. 
  5. Tykes claim overdue home win“, „Sky Sports“, 18 август 2012 (посет. 26 април 2015 г).
  6. Blues sign Stones“, Everton F.C, 31 јануари 2013 (посет. 31 јануари 2013 г).
  7. „Everton 2 – 1 Stevenage (aet)“. BBC. 28 August 2013. конс. 16 September 2013. 
  8. „Everton 1 – 0 Chelsea“. BBC. 14 September 2013. конс. 16 September 2013. 
  9. „Stoke City 1–1 Everton“. BBC Sport. конс. 1 January 2014. 
  10. "Everton 3-0 Manchester United" BBC Sport. 26 April 2015. Retrieved 26 April 2015.
  11. McNulty, Phil (18 August 2015). „John Stones: Everton defender not for sale despite '£30m Chelsea bid'. BBC Sport. конс. 18 August 2015. 
  12. „John Stones joins Manchester City in £47.5m deal“. Sky Sports. 9 August 2016. конс. 9 August 2016. 
  13. Manchester City complete £47.5m signing of John Stones from Everton“, 9 август 2016 (посет. 9 август 2016 г).
  14. „John Stones: Manchester City sign Everton defender for £47.5m“. BBC Sport. 9 August 2016. конс. 9 August 2016. 
  15. „Manchester City sign John Stones for £47.5m on a six-year deal“. SoccerTransfers.net. 9 August 2016. конс. 9 August 2016. 
  16. Barnsley net £7m from John Stones' move to Manchester City“, „Yorkshire Post“, 9 август 2016 (посет. 13 септември 2017 г).
  17. Manchester City 2 Sunderland 1: Late Paddy McNair own goal hands Pep Guardiola winning start“, „The Daily Telegraph“, 13 август 2017 (посет. 13 септември 2017 г).
  18. Man City defender John Stones reacts to first goal for the club“, „Manchester Evening News“, 6 јануари 2017 (посет. 13 септември 2017 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]