Рос Баркли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рос Баркли
Лични податоци
Полно име Рос Баркли[1]
Роден на 5 декември 1993(1993-12-05)(30 г.)[1]
Роден во Ливерпул, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001880000001,88 м[2]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Челси Челси
Број 18
Младинска кариера
Евертон Евертон
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2010-2018 Евертон Евертон 106 (16)
2012Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј 13 (4)
2013Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 4 (0)
2018- Челси Челси 58 (4)
2020-2021Астон Вила Астон Вила 24 (3)
Репрезентација
2008-2009 Англија Англија 16 7 (2)
2009-2010 Англија Англија 17 7 (2)
2010-2012 Англија Англија 19 12 (1)
2013 Англија Англија 20 4 (0)
2011-2013 Англија Англија 21 5 (1)
2013- Англија Англија 33 (6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 15 февруари 2012
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 февруари 2012

Рос Баркли (англиски: Ross Barkley; роден на 5 декември 1993 во Ливерпул) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Челси и на англиската репрезентација.

Технички одлики[уреди | уреди извор]

Се работи за поливалентен играч, чија главна позиција е онаа на офанзивен играч од средниот ред кој игра зад напаѓачот/чите, но исто така може да игра како централен играч од средниот ред. Опремен со многу добра поединечна техника, добро се снаоѓа со двете нозе, со голема физички сила и агилност се неговите главни предности, но исто така, има многу добар дриблинг и квалитетен шут од далечина.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Баркли ја започнал својата кариера на 11-годишна возраст кога и се приклучил на академијата на Евертон и потоа напредувал низ сите младински екипи сè до првиот тим. Тој бил избран да биде резерва во првенствен натпревар на првиот игра во почетокот на сезоната 2010-2011, и се очекувало набрзо да го направи своето деби во Премиер лигата[3] пред да ја скрши ногата на дури три места по судир со соиграчот Андре Висдом за време на еден натпревар на англиската репрезентација под 19 години во октомври 2010 година.[4]

Тој закрепнал од повредата на време за да му се приклучи на подготовките на првиот тим пред почетокот на сезоната 2011-2012. За време на пред-сезоната, еден од најдобрите играчи на Евертон во тој момент Тим Кејхил рекол за Баркли дека тој е еден од најталентираните фудбалери со кои работел.[5] Тој го направил своето деби во првиот домашен натпревар на Евертон во сезоната, поразот со 1-0 од Квинс Парк Ренџерс, и бил прогласен за играч на натпреварот од страна на Радио Сити спорт.[6] Неговите први настапи му донеле силни пофалби од некогашниот дефанзивец на Арсенал Мартин Кион кој како предвидување рекол "тој [Баркли] ќе биде еден од најдобрите играчи што некогаш ќе видите во оваа земја."[7] Тој потпишал нов четири и пол годишен договор со клубот во декември 2011.[8]

На 14 септември 2012 година, Баркли му се приклучил на Шефилд Венздеј во Чемпионшип лигата на заем за еден месец[9] и дебитирал истиот ден во поразот на гости од Брајтон и Хоув Албион.[10] Тој го постигна својот прв гол за клубот, од пенал, против Болтон во следното коло.[11] Неговиот заем бил продолжен пред тој да биде повикан да се врати назад во Евертон, откако одиграл 13 натпревари за Венздеј.[12][13] Тој бил позајмен повторно, овој пат во Лидс Јунајтед во јануари 2013 година[14][15] и го направил своето деби за Лидс во дербито против Барнсли.[16]

Евертон[уреди | уреди извор]

Баркли во дресот на Евертон во 2015

Баркли бил вратен во првиот тим на Евертон за сезоната 2013-2014. Тој го постигнал својот прв гол за клубот во првото коло од Премиер лигата, ремито 2-2 против Норич Сити, а подоцна бил прогласен за играч на натпреварот.[17][18] На 22 декември 2013, тој го постигнал победничкиот погодок за Евертон на гостувањето кај Свонзи Сити.[19] На 4 јануари Баркли го постигнал својот прв гол во кариерата во натпреварите од ФА Купот, првиот за Евертон во победата со 4-0 над Квинс Парк Ренџерс во третото коло.[20] Во март, Баркли постигнал прекрасен гол со соло-продор против Њукасл Јунајтед изнесувајќи ја топката од својата половина до мрежата на противникот, носејќи му на својот тим водство од 1-0 во победата со 3-0.[21] На 18 април 2014, тој бил именуван како еден од шесте играчи на листата кандидати за добитник на наградата ПФА млад играч на годината.[22] Тој постигнал вкупно 6 гола во 34 настапи во Премиер лигата во текот на сезоната, вклучувајќи го и погодокот против Манчестер Сити на 3 мај кој БиБиСи спорт го опишале како "спектакуларен" и бил избран за гол на сезоната на Евертон.[23][24]

На 29 јули 2014 година, Баркли потпишал нов договор со Евертон кој ќе го задржи во клубот до 2018 година.[25] Пред почетокот на сезоната 2014-2015 тој претрпел повреда на неговата медијалните лигаменти,[26] и бил надвор од акција сè до 18 октомври 2014, кога се вартил со асистенција за погодокот на Ромелу Лукаку во првенствената победа на домашен терен над Астон Вила со 3-0. Тој го постигнал својот прв гол за сезоната во победата со 3-1 над Квинс Парк Ренџерс на 15 декември.[27]

Сезоната 2015-2016 Баркли ја започнал постигнувајќи гол во првите два натпревари на Евертон во лигата против Вотфорд и Саутхемптон.[28] Тоа била неговата најдобра сезона во кариерата, ги одиграл сите 38 натпревари во Премиер лигата и постигнал највисоки за него во кариерата 8 голови во една првенствена сезона. Тој, исто така, постигнал 4 гола во куповите (2 во ФА Купот и 2 во Лига купот) што вкупно го донело до бројката од 12 голови за сезоната, што исто така е негов личен рекорд и до денес е единствената сезона во неговата кариера во која постигнал двоцифрен број голови.

На почетокот на сезоната 2016–2017, Баркли постигнал гол во првото коло од сезоната, стрелајќи во мрежата на Тотенхем во ремито 1–1 на домашен терен.[29] Во мај 2017, менаџерот на Евертон Роналд Куман му поставил ултиматум на Баркли, дека доколку не го потпише договорот за продолжување со клубот кој му е понуден, тој ќе биде продаден во текот на летото.[30] Потоа на 26 јули, Куман потврдил дека разговарал со Баркли и дека играчот му рекол дека е подготвен за нов предизвик во својата кариера поради што нема да потпише нов договор со Евертон.[31]

Баркли не се појавил во ниту еден натпревар на Евертон во сезоната 2017-2018, поради повреда на тетивата.[32]

Челси[уреди | уреди извор]

На 5 јануари 2018 година, Баркли потпишал за Челси за сума од 15 милиони фунти, потпишувајќи пет и пол годишен договор со бранителот на титулата. Од клубот му бил доделен дресот со број 8, истиот број што го носел и во Евертон.[33][34] Баркли бил блиску до приклучување на Челси претходно во последните моменти од летниот преоден рок, но трансферот не се реализирал поради тоа што претрпел долготрајна повреда и сакал да ги разгледа неговите опции.[32] Баркли го направил своето деби во поразот со 2–1 од Арсенал во реванш полуфиналето од Лига купот на 24 јануари. Тој влегол како замена во првото полувреме, на местото на повредениот Вилијан.[35] Своето деби во Премиер лигата со Челси, Баркли го направил во поразот на домашен терен со 3-0 од Борнмут.[36] На крајот на сезоната, тој бил неискористена замена во Финалето на ФА Купот 2018, во кое Челси го победил Манчестер Јунајтед со 1-0, резултат што му овозможил на Баркли да го освои својот прв трофеј во професионалната кариера.[37]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Баркли ја претставувал англиската репрезентација речиси во сите младински селекции почнувајќи од онаа под 16 години до селекцијата под 21 година.

За сениорската репрезентација дебитирал на 6 септември 2013 во квалификациски натпревар за Светското првенство 2014 против Молдавија на Вембли, влегувајќи во игра на местото на Џек Вилшер во победата со 4-0. Во јуни 2014 бил избран во составот од 23-ца играчи за Светското првенство во Бразил, и дебитирал веќе во првиот натпревар од групната фаза влегувајќи на местото на Дани Велбек во 61-вата минута во поразот со 2-1 од Италија. Својот прв гол за гордиот албион го постигнал во септември 2015 во победата со 6-0 над Сан Марино во квалификациите за Евро 2016.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
6-9-2013 Лондон Англија Англија 4 – 0 Молдавија Молдавија Квал. за СП 2014 - заменет 59'
15-11-2013 Лондон Англија Англија 0 – 2 Чиле Чиле Пријателска - влегол во игра 77'
19-11-2013 Лондон Англија Англија 0 – 1 Германија Германија Пријателска - влегол во игра 71'
30-5-2014 Лондон Англија Англија 3 – 0 Перу Перу Пријателска - влегол во игра 82'
4-6-2014 Мајами Гарденс Еквадор Еквадор 2 – 2 Англија Англија Пријателска - заменет 84'
7-6-2014 Мајами Гарденс Англија Англија 0 – 0 Хондурас Хондурас Пријателска - влегол во игра 46'
14-6-2014 Манаус Англија Англија 1 – 2 Италија Италија СП 2014-1 фаза - влегол во игра 61'
19-6-2014 Сао Паоло Уругвај Уругвај 2 – 1 Англија Англија СП 2014-1 фаза - влегол во игра 64'
24-6-2014 Бело Хоризонте Костарика Костарика 0 – 0 Англија Англија СП 2014-1 фаза - добил жолт картон во 53-тата минута 53'
18-11-2014 Глазгов Шкотска Шкотска 1 – 3 Англија Англија Пријателска - влегол во игра 87'
27-3-2015 Лондон Англија Англија 4 – 0 Литванија Литванија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 71'
31-3-2015 Торино Италија Италија 1 – 1 Англија Англија Пријателска - влегол во игра 55'
7-6-2015 Даблин Ирска Ирска 0 – 0 Англија Англија Пријателска - влегол во игра 66'
5-9-2015 Серавале Сан Марино Сан Марино 0 – 6 Англија Англија Квал. за Евро 2016 1
8-9-2015 Лондон Англија Англија 2 – 0 Швајцарија Швајцарија Квал. за Евро 2016 - влегол во игра 3'
9-10-2015 Лондон Англија Англија 2 – 0 Естонија Естонија Квал. за Евро 2016 - заменет 88'
12-10-2015 Вилниус Литванија Литванија 0 – 3 Англија Англија Квал. за Евро 2016 1 заменет 73'
13-11-2015 Аликанте Шпанија Шпанија 2 – 0 Англија Англија Пријателска - заменет 73'
17-11-2015 Лондон Англија Англија 2 – 0 Франција Франција Пријателска - заменет 79'
26-3-2016 Берлин Германија Германија 2 – 3 Англија Англија Пријателска - влегол во игра 71'
29-3-2016 Лондон Англија Англија 1 – 2 Холандија Холандија Пријателска -
Вкупно Настапи 21 Голови 2

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 20 април 2016.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012 Англија Евертон ПЛ 6 0 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - - - 9 0
2012-2013 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 9 0
2012-2013 Англија Шефилд Венздеј ЧЛ 13 4 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - 13 4
2012-2013 Англија Лидс Јунајтед ЧЛ 4 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 4 0
2013-2014 Англија Евертон ПЛ 34 6 ФАКуп+ЛК 3+1 1+0 - - - - - - 38 7
2014-2015 ПЛ 29 2 ФАКуп+ЛК 2+0 0 ЛЕ 5 0 - - - 36 2
2015-2016 ПЛ 34 8 ФАКуп+ЛК 3+6 2+2 - - - - - - 43 12
Вкупно Евертон 110 16 20 5 5 0 - - 135 21
Вкупно во кариерата 127 20 20 5 5 0 - - 152 25

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Ross Barkley“. Barry Hugman's Footballers. Архивирано од изворникот на 2019-08-17. Посетено на 2 April 2016.
  2. „Player Profile: Ross Barkley“. Everton FC. Архивирано од изворникот на 2015-09-13. Посетено на 3 November 2013.
  3. Doyle, Ian (28 April 2011). „Bank on Barkley to shine at Blues says boss Moyes“. Liverpool Daily Post. Посетено на 8 August 2011.
  4. „Everton's Ross Barkley breaks leg on England U19 duty“. BBC Sport. 14 October 2010. Посетено на 8 August 2011.
  5. „Cahill Speaks To GrandOldTeam“. GrandOldTeam. Архивирано од изворникот на 2011-08-09. Посетено на 2016-04-23.
  6. Lewis, Andy (20 August 2011). „Barkley handed debut“. Everton F.C. Архивирано од изворникот на 2012-08-25. Посетено на 20 August 2011.
  7. „Transfer deadline quotes of the day“. BBC Sport. 31 August 2011. Посетено на 31 August 2011.
  8. „Teenager Ross Barkley signs long-term Everton contract“. BBC Sport. 16 December 2011. Посетено на 17 December 2011.
  9. „Sheffield Wednesday sign Everton's Ross Barkley on loan“. BBC Sport. Посетено на 14 September 2012.
  10. "Brighton 3–0 Sheff Wed". BBC Sport. 14 September 2012. Retrieved 27 October 2012.
  11. "Sheffield Wed 1–2 Bolton". BBC Sport. 22 September 2012. Retrieved 22 September 2012.
  12. "Everton's Ross Barkley extends Sheffield Wednesday loan". BBC Sport. 22 October 2012. Retrieved 27 October 2012.
  13. „Barkley To Return To Blues“. Everton F.C. Архивирано од изворникот на 2012-11-22. Посетено на 19 November 2012.
  14. „Barkley Loaned To Leeds“. Everton F.C. 11 January 2013. Архивирано од изворникот на 2013-01-15. Посетено на 11 January 2013.
  15. „EVERTON MIDFIELDER ARRIVES ON LOAN“. Leeds United F.C. 11 January 2013. Посетено на 11 January 2013.
  16. „Barnsley vs Leeds“. Leeds United F.C. 12 January 2013. Посетено на 12 January 2013.
  17. „Norwich 2–2 Everton“. BBC Sport. Посетено на 17 August 2013.
  18. „Premier League: Everton draw 2–2 with Norwich at Carrow Road“. Sky Sports. Посетено на 18 August 2013.
  19. „Swansea 1–2 Everton“. BBC Sport. Посетено на 23 December 2013.
  20. Reddy, Luke (4 January 2014). „Everton 4–0 QPR“. BBC Sport. Посетено на 26 May 2014.
  21. „Newcastle 0–3 Everton“. BBC Sport. Посетено на 4 June 2014.
  22. „PFA Player of the Year award shortlist: Gerrard and Lallana nominated“. The Guardian. 18 April 2014. Посетено на 19 April 2014.
  23. „Everton 2 Manchester City 3“. BBC Sport. 3 May 2014. Посетено на 3 May 2014.
  24. „Seamus Coleman is Toffees' player of the season while Ross Barkley wins best goal for Man City strike at Everton awards“. Daily Mail. Посетено на 4 June 2014.
  25. „Barkley Signs New Deal“. Everton F.C. 29 July 2014. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 29 July 2014.
  26. „Roberto Martínez: Ross Barkley may make Everton return in eight weeks“. The Guardian. 12 August 2014. Посетено на 31 August 2014.
  27. "Everton 3–1 QPR". BBC Sport. 15 December 2014. Retrieved 17 March 2015.
  28. "Everton 2–2 Watford". BBC Sport. 8 August 2015. Retrieved 9 August 2015.
  29. „Everton 1–1 Tottenham Hotspur“. BBC Sport. 13 August 2016.
  30. „Ronald Koeman gives Ross Barkley ultimatum over his Everton future“. The Independent. 11 May 2017. Посетено на 15 August 2017.
  31. „Koeman: Barkley will not be offered new Everton deal“. nsno.co.uk. Архивирано од изворникот на 2023-04-06. Посетено на 26 July 2017.
  32. 32,0 32,1 „Chelsea announce signing of Ross Barkley from Everton in £15m deal“. The Guardian. 5 January 2018.
  33. „Barkley joins the Blues“. Chelsea F.C. 5 January 2018.
  34. „Ross Barkley: Chelsea sign midfielder from Everton for £15m“. BBC Sport. 5 January 2018. Посетено на 5 January 2018.
  35. „Report: Arsenal 2 Chelsea 1 (2–1 on agg)“. Chelsea F.C. 24 January 2018.
  36. „Chelsea Suffer Shock 3–0 Defeat to Bournemouth in Premier League Action“. Bleacher Report. Turner Broadcasting System. 1 February 2018.
  37. „Chelsea 1-0 Manchester United“. BBC Sport. 19 May 2018. Посетено на 30 September 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]