Тајрон Мингс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тајрон Мингс
Tyrone Mings 2014.jpg
Лични податоци
Полно име Тајрон Дион Мингс
Роден на 13 март 1993 (1993-03-13) (29 г.)
Роден во Бат, Англија
Држава Англија Англија
Висина &100000000000001960000001,96 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Астон Вила Астон Вила
Број 5
Младинска кариера
Саутхемптон Саутхемптон
Бристол Роверс Бристол Роверс
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2012 Јејт Таун Јејт Таун
2012 Чипенам Таун Чипенам Таун 10 (0)
2012-2015 Ипсвич Таун Ипсвич Таун 57 (1)
2015-2019 Борнмут Борнмут 17 (0)
2019- Астон Вила Астон Вила 49 (4)
Репрезентација
2019- Англија Англија 2 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 6 јануари 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 ноември 2010

Тајрон Мингс (роден на 13 март 1993 година, во Бат) е англиски фудбалер, играч од одбраната на Астон Вила и на англиската репрезентација.

Животопис[уреди | уреди извор]

Тајрон е син на Ејди Мингс, поранешен напаѓач на нисколигашите Бат Сити и Глучестер Сити, кој во моментов работи како скаут во Челси.[1]

Тој има своја фудбалска академија во Бирмингем, Англија, наречена The Tyrone Mings Academy.[2]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Централен дефанзивец,[3][4] кој често во кариерата бил користен и како бек. Мингс е природен левак, физички силен,[3][4] а меѓу најголемите квалитети во играта му се навремените затварања на противнички играчи и играта во воздухот.[4]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Својата фудбалска кариера Мингс ја започнал во 2001 година, кога на осумгодишна возраст му се приклучил на Саутхемптон. Сепак, во 2009 година тој бил ослободен од клубот и потоа се приклучил на академијата на Бристол Роверс.[5] По завршувањето на средното училиште тој потпишал договор со нисколигашот Јејт Таун, а во летото 2012 размислувал да се откаже од фудбалот пред на крајот да потпише за Чипенам Таун, со кој настапувал во Јужната фудбалска лига.[6] Додека играл фудбал во ниските дивизии тој паралелно работел како барман и хипотекарен советник.[7]

Ипсвич Таун[уреди | уреди извор]

Во 2013 година, по краток период на проба Мингс потпишал за Ипсвич Таун, за сума од 10.000 фунти и договор според кој Ипсвич требало да одигра предсезонски пријателски натпревар против Чипенам.[6][8] Трансферот на младиот одбранбен играч му донел голем скок во играчката кариера префрлајќи се од седмото ниво на англискиот фудбал во второто, познато под името Чемпионшип. На 4 мај 2013, Мингс го направил своето деби за Ипсвич против Барнли во последното коло од сезоната 2012-2013.[8] Следната сезона, тој бил вклучен многу повеќе играјќи на две позиции како централен дефанзивец и лев бек и забележал вкупно 18 натпревари за екипата од Портман Роуд, вклучувајќи 16 во Чемпионшип и 2 во ФА Купот.

Своето место во почетната постава на Ипсвич, Мингс го дочекал во сезоната 2014-2015, под водството на менаџерот Мик Мекарти. Така, тој се утврдил како прва опција на позицијата лев бек, откако во текот на летото 2014 клубот го напуштил Арон Кресвел, кој играл на таа позиција во претходната сезона. На 24 февруари 2015, тој го постигнал својот прв гол за Ипсвич Таун во победата со 4-2 на домашен терен над Бирмингем Сити.[9] По одличната сезона во која одиграл 42 натпревари во лигата (вклучувајќи ги и двата во плејофот за промоција во кој Ипсвич загубил од Норич Сити) и 2 во ФА Купот, Мингс го привлекол вниманието на неколку клубови од Премиер лигата.

АФК Борнмут[уреди | уреди извор]

Мингс (со број 26) со соиграчите од Борнмут во натпревар против Манчестер Јунајтед во март 2017

На 26 јуни 2015, Мингс потпишал четиригодишен договор со новопромовираниот клуб во Премиер лигата, Борнмут, во трансфер вреден околу 11 милиони евра.[10] Своето деби во Премиер лигата за Борнмут го направил на 29 август 2015 во ремито 1–1 против Лестер Сити. Сепак, тој се здобил со повреда на коленото само шест минути подоцна откако влегол во игра како замена на полувремето.[11] На 3 септември 2015 година, било потврдено дека повредата на Мингс била тешка и дека тој ќе отсуствува од терените најмалку од 9 до 12 месеци.[12]

По речиси година и половина пауза, тој го направил своето враќање на терен во поразот со 3-0 од Милвол во третото коло од ФА Купот на 7 јануари 2017 година.[13] На 8 март 2017 година, Мингс бил суспендиран од ФА на пет натпревари поради тоа што наводно намерно го згазил врз глава Златан Ибрахимовиќ во натпреварот против Манчестер Јунајтед претходниот викенд.[14][15][16]

Откако во сезоната 2017-2018, одиграл само 5 натпревари поради нови проблеми со повреди, во средината на сезоната 2018-2019 Мингс бил позајмен на Астон Вила. Својот последен натпревар за Борнмут го одиграл на 30 декември 2018, влегувајќи како замена во последните осум минути од поразот со 4-1 од Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. Иако поминал три и пол сезони во Борнмут, поради многуте повреди тој одиграл вкупно само 23 натпревари за црешите.

Астон Вила[уреди | уреди извор]

На 31 јануари 2019 година, Мингс и се приклучил на Астон Вила на заем до крајот на сезоната 2018-2019.[17] Дебитирал за Вила на 2 февруари против Рединг; во натпреварот Мингс бил предмет на контроверзии по инцидентот во кој тој му стапнал со копачката во лицето на напаѓачот на Рединг Нелсон Оливеира, по што Оливеира бил принуден да го напушти теренот со расекотини по лицето и носот.[18][19][20] Мингс подоцна се извинил, инсистирајќи дека тоа не било намерно,[21] а откако и судијата Џеф Елтрингам потврдил дека инцидентот бил случаен, против Мингс не биле преземени ретроспективни активности.[22]

Мингс го постигнал својот прв гол за Астон Вила во својот втор натпревар за клубот, на домашен терен против Шефилд Јунајтед на 8 февруари 2019; во моментот пред тој да се впише во списокот на стрелците Вила губела со 0-3, а на крајот успеале да го изедначат резулатот и натпреварот завршил нерешено 3-3.[23] Мингс направил серија импресивни настапи во Чемпионшип и набргу станал фаворит на навивачите и покрај неговото скорешно пристигање во клубот. Со враќањето во клубот на дотогаш повредениот Џек Грилиш, Астон Вила влегла во серија од 10 победи по ред, а во петтиот од тие десет натпревар победничкиот гол за Виланите го постигнал Мингс во успехот со 2-1 над Блекбурн Роверс.[24] На 27 мај 2019 година, Мингс играл во финалето на плејофот на Чемпионшип, помагајќи и на Вила да го совлада Дерби Каунти со 2-1 на Вембли и да освои промоција во Премиер лигата, иако во завршницата од натпреварот бил заменет поради повреда.[25]

На 8 јули 2019 година, Мингс потпишал траен договор со Астон Вила,[26] откако клубот од Бирмингем го откупил играчот од Борнмут за 25 милиони евра.[27] Во повратничката кампања на Вила во Премиер лигата, Мингс бил стандарден првотимец во тимот играјќи 33 натпревари (сите како стартер) на кој постигнал и 2 гола. Својот прв гол во Премиер лигата во кариерата го постигнал на 1 декември 2019, во ремито 2-2 против Манчестер Јунајтед, а на 21 јануари 2020 со својот втор гол за сезоната постигнат во петтата минута од судиското продолжение му донел победа на својот тим од 2-1 над Вотфорд.

На 21 септември 2020, Мингс потпишал нов четиригодишен договор со Астон Вила.[28] Седум дена подоцна тој го постигнал својот прв гол за сезоната 2020-2021, во гостинската победа со 3-0 над Фулам во Премиер лигата.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Првиот повик во англиската репрезентација, Мингс го добил во август 2019 година, кога бил повикан во составот за квалификациските натпревари за Европското првенство 2020 против Бугарија и Косово.[29] Своето деби го направил во победата со 0-6 против Бугарија во Софија, играјќи го целиот натпревар.

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14-10-2019 Софија Бугарија Бугарија 0 – 6 Англија Англија Квал. за Евро 2020 -
17-11-2019 Приштина Косово Косово 0 – 4 Англија Англија Квал. за Евро 2020 -
Вкупно Настапи 2 Голови 0

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 24 септември 2020.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-2013 Англија Ипсвич Таун ЧЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 1 0
2013-2014 ЧЛ 16 0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 18 0
2014-2015 ЧЛ 40+2[30] 1+0 ФАКуп+ЛК 2+0 0 - - - - - - 44 1
Вкупно Испвич Таун 57+2 1 4 0 - - - - 63 1
2015-2016 Англија Борнмут ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 2 0
2016-2017 ПЛ 7 0 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 9 0
2017-2018 ПЛ 4 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 5 0
2018-јан. 2019 ПЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 - - - - - - 7 0
Вкупно Борнмут 17 0 6 0 - - - - 23 0
јан.-јун. 2019 Англија Астон Вила ЧЛ 15+3[30] 2+0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 18 2
2019-2020 ПЛ 33 2 ФАКуп+ЛК 0+3 0 - - - - - - 27 2
2020-2021 ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 0+1 0 - - - - - - 2 0
Вкупно Астон Вила 52 4 4 0 - - - - 56 4
Вкупно во кариерата 128 5 14 0 - - - - 142 5

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Tyrone Mings transfer: Why Chelsea hold an unusual advantage over Arsenal“. The Daily Telegraph. London. 6 December 2014.
  2. „Tyrone Mings Academy – professional football coaching in the South West“. Посетено на 1 October 2019.
  3. 3,0 3,1 „Tyrone Mings: 4 Reasons Why Aston Villa's Defensive Rock Deserves an England Call-Up“. 90min.com (англиски). 2019-08-28. Посетено на 2019-11-07.
  4. 4,0 4,1 4,2 David Alexander Hughes (2019-09-05). „Why Tyrone Mings is England's current best Premier League centre-back“. birminghammail. Посетено на 2019-11-07.
  5. „Football: Youngster Mings aims for England“. This Is Wiltshire. 29 July 2010. Посетено на 5 May 2013.
  6. 6,0 6,1 James, Stuart. „Tyrone Mings makes his mark at Ipswich on and off the pitch“. The Guardian. London.
  7. „How Tyrone Mings went from barman and mortgage adviser to England international“. BBC. 16 November 2019.
  8. 8,0 8,1 „Burnley 2–0 Ipswich“. BBC Sport. 4 May 2013. Посетено на 4 May 2013.
  9. „Ipswich Town 4–2 Birmingham City“. BBC Sport. 24 February 2015. Посетено на 5 November 2019.
  10. „Bournemouth sign defender Tyrone Mings from Ipswich for £8m“. BBC Sport. 26 June 2015. Посетено на 26 June 2015.
  11. „Bournemouth 1–1 Leicester“. BBC Sport. 29 August 2015. Посетено на 4 September 2015.
  12. „Tyrone Mings: Bournemouth left-back's season over“. BBC Sport. 3 September 2015. Посетено на 4 September 2015.
  13. MacInnes, Paul (9 January 2017). „Bournemouth manager Eddie Howe calls Jordon Ibe a 'disappointment'. The Guardian. London. Посетено на 9 January 2017.
  14. „Man United 1 Bournemouth 1“. BBC Sport. 4 March 2017. Посетено на 10 March 2017.
  15. „Tyrone Mings: Bournemouth defender to serve five-match ban“. BBC Sport. 8 March 2017. Посетено на 10 March 2017.
  16. James, Stuart (8 March 2017). „Anger at Bournemouth as Tyrone Mings gets five-match ban for violent conduct“. The Guardian. London. Посетено на 10 March 2017.
  17. „Transfer news: Tyrone Mings joins Aston Villa“. Aston Villa F.C. 31 January 2019. Посетено на 31 January 2019.
  18. Gallagher, Dermot (4 February 2019). „Ref Watch: Dermot Gallagher ponders whether Tyrone Mings deliberately stamped on Nelson Oliveira?“. Sky Sports. Посетено на 4 February 2019.
  19. „Nelson Oliveira thanks medical staff for treatment on facial injuries as wife demands ban for Tyrone Mings“. The Independent. London. 4 February 2019. Посетено на 26 February 2019.
  20. „Reading release shocking new footage of Tyrone Mings' stamp on Nelson Oliveira“. Metro. London. 7 February 2019. Посетено на 26 February 2019.
  21. „Tyrone Mings sends message to Nelson Oliveira after horrific stamp“. Metro. London. 3 February 2019. Посетено на 4 February 2019.
  22. „Tyrone Mings: Aston Villa defender will not face action over Nelson Oliveira incident“. BBC Sport. 4 February 2019. Посетено на 4 February 2019.
  23. „Villa come from 3–0 down to deny Sheff Utd top spot“. BBC Sport. 8 February 2019. Посетено на 9 February 2019.
  24. „Aston Villa 2–1 Blackburn Rovers“. BBC Sport. 30 March 2019. Посетено на 23 April 2019.
  25. Woodcock, Ian (27 May 2019). „Aston Villa 2–1 Derby County“. BBC Sport. Посетено на 7 September 2019.
  26. „Transfer news: Tyrone Mings joins Aston Villa“. Aston Villa F.C. 8 July 2019.
  27. „Tyrone Mings joins Aston Villa from Bournemouth“. Sky Sports. 8 July 2019.
  28. https://www.avfc.co.uk/news/2020/september/Mings-pens-contract-extension/
  29. „Mings and Oxlade-Chamberlain get England call-ups for Euro 2020 qualifiers“. The Guardian. London. 29 August 2019. Посетено на 29 August 2019.
  30. 30,0 30,1 Во плејофот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]