Букајо Сака

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Букајо Сака
Лични податоци
Роден на 5 септември 2001 (2001-09-05) (20 г.)[1]
Роден во Илинг, Англија
Висина &100000000000001780000001,78 м[2]
Позиција бек, крило[3]
Клупски податоци
Сегашен клуб Арсенал Арсенал
Број 7
Младинска кариера
0000–2018 Арсенал Арсенал
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2018– Арсенал Арсенал 42 (4)
Репрезентација
2017 Англија Англија 16 2 (1)
2017–2018 Англија Англија 17 9 (0)
2018– Англија Англија 18 5 (1)
2018– Англија Англија 19 10 (4)
2020– Англија Англија 21 1 (0)
2020– Англија Англија 4 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 22
15, 2 January 2021 (UTC).

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 22:23, 18 November 2020 (UTC)

Букајо Ајојинка ТМ Сака[4] (роден на 5 септември 2001 година) е англиски фудбалер, бек или крило на Арсенал и на англиската репрезентација.

Биографија[уреди | уреди извор]

Сака е роден во Илинг, Голем Лондон од нигериски родители,[5] кои емигрирале во Лондон како економски мигранти од Нигерија.[6]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Сака е роден во Илинг, Голем Лондон,[7] и се школувал во основното училиште Едвард Бетам Кофе[8] пред средното училиште во Гринфорд .[9] Тој ја започнал својата кариера со академијата на Арсенал, Хејл Енд.[10] Откако наполнил 17 години, Сака добил професионален договор од Арсенал и се промовирал во тимот до 23 години.

На 29 ноември 2018 година, Сака го направил своето деби за сениорски натпревар во дресот на Арсенал на нивниот натпревар во Лигата на Европа против Ворскла Полтава. Тој го заменил за Арон Рамзи во 68 минута.[11] На 13 декември 2018 година, Сака го направи своето прво целосно деби на домашен терен за Арсенал на нивниот натпревар против Карабак во Лигата на Европа. На 1 јануари 2019 година, Сака дебитираше во Премиер лигата во победата од 4-1 против Фулам откако влезе во игра за Алекс Ивоби во 83-та минута.[12] Сака го постигна својот прв погодок за сениори на 19 септември, со одличен напор од далечина до аголот на гостувањето кај германскиот Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа на УЕФА . Тој го заврши мечот со две асистенции, исто така, на своето име во победата од 3-0.[13] Сака бил награден за неговите перформанси во Германија со својот прв старт во Премиер лигата, во победата над Астон Вила од 3-2. Потоа, тој забележал асистенција за Пјер-Емерик Обамејанг, за израмнувачкиот гол во ремито 1-1 на Олд Трафорд против Манчестер Јунајтед

По повредите на Сеад Колашинац и Киеран Тирни, Сака започнал да се промовира како првотимец во Арсенал на позицијата лев бек. На 27 јануари 2020 година, тој го постигнал воведниот гол во победата на Арсенал со 2-1 против Борнмут во четвртото коло од ФА купот, откако ја завршил акцијата составена од 22 додавања; подоцна во истиот натпревар тој забележал и асистенција за вториот погодок, кој го реализирал Еди Нкетија. Неговиот погодок подоцна бил избран за гол на рундата од страна на Би-Би-Си.[14] По двонеделна пауза во средината на сезоната, Сака го одбележал своето враќање на терен на гостувањето кај Њукасл Јунајтед бележијќи асистенција за голот на Никола Пепе.[15] Потоа му асистирал и на Александар Лаказет забележувајќи ја својата деветта асистенција во сезоната во победата со 1-0 над Олимпијакос во Лига Европа. Три дена подоцна, во победата со 3-2 над Евертон, Сака забележал нова асистенција, во трет натпревар едноподруго, стигајќи до двоцифрен број асистенции за сезоната (10) откако го наместил првиот гол на топџиите во натпреварот кој го постигнал Нкетија.

На 1 јули 2020 година, Сака потпишал нов долгорочен договор со Арсенал.[16] Менаџерот Микел Артета го пофалил Сака и рекол: „Мислам дека тој ја претставува секоја вредност за која се залага овој фудбалски клуб. Тој дојде преку академијата и ја заслужи својата почит со напорна работа и отчетност и можете да ја видите прогресијата што ја има како играч, но и како личност.“[17] Тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата во својата кариера против Вулверхемптон Вондерерс, совладувајќи го голманот Руи Патрисио со еден полуволеј удар, во победата на Арсенал со 2-0.[18] Иако останал неискористена замена во финалето на ФА Купот 2019-2020, тој го освоил својот прв трофеј во кариерата благодарение на победата на Арсенал над Челси со 2-1.[19] На крајот на сезоната, Сака завршил на третото место по бројот на гласовите во изборот за наградата Играч на сезоната на Арсенал.[20]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Иако има нигериско потекло,[21] Сака ја претставувал земјата во која што е роден - Англија во неколку младински нивоа: под 16 години, под 17 години,[22] до 18 години,[23] под 19 години и под 21 година.[24]

Во мај 2018 година, Сака бил вклучен во составот на Англија до 17 години, бидејќи тие биле домаќини на Европското првенство до 17 години на УЕФА.[25] Домаќините беа елиминирани од Холандија во полуфиналната фаза по изведувањето на пенали, иако Сака го постигна својот удар од точка.[26]

Во септември 2018 година, Сака го постигнал победничкиот гол за селекцијата на Англија до 18 години на гостувањето против Франција.[23] Во ноември 2018 година, Сака прв пат бил повикан во тимот на Англија до 19 години.[27] Тој постигнал гол на дебито во квалификацискиот натпревар против Молдавија.[28]

На 4 септември 2020 година, Сака дебитираше за Англија до 21 година при победата од 6-0 на гостувањето кај Косово.[29]

На 1 октомври 2020 година, Сака за првпат бил повикан во сениорскиот состав на Англија,[30] а своето деби го имал во победата над Велс со 3-0 играјќи како стартер.[31]

Во јуни 2021 година, бил повикан во репрезентацијата меѓу 26-те играчи избрани за Европското првенство 2020.

Репрезентативни настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
8-10-2020 Лондон Англија Англија 3 – 0 Велс Велс Пријателска - заменет 76'
12-11-2020 Лондон Англија Англија 3 – 0 Ирска Ирска Пријателска -
15-11-2020 Брисел Белгија Белгија 2 – 0 Англија Англија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - влегол во игра 38'
18-11-2020 Лондон Англија Англија 4 – 0 Исланд Исланд УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -
2-6-2021 Мидлсбро Англија Англија 1 – 0 Австрија Австрија Пријателска 1
22-6-2021 Лондон Чешка Чешка 0 – 1 Англија Англија Евро 2020 - Прво фаза - заменет 84'
Вкупно Настапи 6 Голови 1

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистика е ажурирана на 15 април 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2018-2019 Англија Арсенал ПЛ 1 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 ЛЕ 2 0 - - 4 0
2019-2020 ПЛ 26 1 ФА Куп+ЛК 4+2 1+0 ЛЕ 6 2 - - 38 4
2020-2021 ПЛ 26 5 ФАКуп+ЛК 2+2 0 ЛЕ 7 2 КШ 1 0 38 7
Вкупно во кариерата 53 6 11 1 15 4 1 0 80 11

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Англија Арсенал[уреди | уреди извор]

2019-2020[32]
2020 [33]

Индивидуални[уреди | уреди извор]

2020-2021

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Bukayo Saka: Overview“. ESPN. Посетено на 10 October 2020.
  2. „Bukayo Saka: Overview“. Premier League. Посетено на 17 August 2019.
  3. „Bukayo Saka: Profile“. worldfootball.net. HEIM:SPIEL. Посетено на 3 November 2020.
  4. „Bukayo Saka“. England Football Online. 5 October 2020. Посетено на 9 October 2020.
  5. Oludare, Shina (8 July 2020). „Saka: Ikpeba wants Arsenal star invited to Super Eagles“. Goal.com. Perform Group. Посетено на 18 October 2020.
  6. „10 things you may not know about Bukayo Saka – Arsenal's new number 7“. GiveMeSport. 2020-07-24. Посетено на 2021-01-28.
  7. Oludare, Shina (8 July 2020). „Saka: Ikpeba wants Arsenal star invited to Super Eagles“. Goal.com. Perform Group. Посетено на 18 October 2020.
  8. „Issue 33 - 17th June 2019.pdf“ (PDF).
  9. Watts, Charles; Clementine, Katherine (13 December 2018). „Arsenal FC's Bukayo Saka: The young Ealing-born player making his senior debut“. MyLondon. Reach. Посетено на 21 February 2020.
  10. Wheatley, Chris (20 November 2018). „Meet Bukayo Saka: The latest Arsenal academy star making a name for himself“. Goal.com. Perform Group. Посетено на 29 November 2018.
  11. „Vorskla vs Arsenal“. Soccerway.
  12. „Arsenal news: Emery excited by Saka's Arsenal debut“. Goal.com. Perform Group. Посетено на 14 December 2018.
  13. https://www.bbc.com/sport/football/49745913
  14. „FA Cup: Arsenal's Bukayo Saka strike voted goal of the fourth round“. BBC Sport. Посетено на 29 January 2020.
  15. „Arsenal 4–0 Newcastle: Gunners beat Magpies to end run of draws“. BBC Sport. 16 February 2020.
  16. „Bukayo Saka signs new long-term contract“. Arsenal F.C. 1 July 2020.
  17. 'He represents every value this club stands for'. Arsenal F.C. 1 July 2020.
  18. https://www.bbc.co.uk/sport/football/52177948
  19. „2020 Heads Up FA Cup Final: Arsenal 2-1 Chelsea“. The Football Association. Посетено на 2021-01-30.
  20. „Arsenal Player of the Season: In third place...“. Arsenal F.C. Посетено на 2021-02-15.
  21. Abayomi, Tosin. „Bukayo Saka and Arthur Okonkwo get professional contracts at Arsenal“. Pulse.ng.
  22. „Bukayo Saka at UEFA U17“. UEFA. Посетено на 30 November 2018.
  23. 23,0 23,1 „England U18s beat hosts France to seal Limoges title with three wins from three games“. The Football Association. 10 September 2018. Посетено на 30 November 2018.
  24. „Bukayo Saka at UEFA U19“. UEFA. Посетено на 30 November 2018.
  25. „England U17s squad revealed for U17 Euro finals on home turf“. The Football Association. 3 May 2018. Посетено на 30 November 2018.
  26. „England 0–0 Netherlands“. UEFA. 17 May 2018. Посетено на 30 November 2018.
  27. „England U19s squad named as they begin their Euro campaign with qualifiers in Turkey“. The Football Association. 9 November 2018. Посетено на 30 November 2018.
  28. „Bukayo Saka scores on England Under-19 debut“. Arsenal F.C. 15 November 2018. Посетено на 30 November 2018.
  29. „Young Lions extend winning run thanks to second-half onslaught in Kosovo“. The Football Association. 4 September 2020. Посетено на 4 September 2020.
  30. „England squad: Dominic Calvert-Lewin called up but Mason Greenwood and Phil Foden left out“. BBC Sport. 1 October 2020. Посетено на 2 October 2020.
  31. McNulty, Phil (8 October 2020). „England 3–0 Wales“. BBC Sport. Посетено на 10 October 2020.
  32. McNulty, Phil (1 August 2020). „Arsenal 2–1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 1 August 2020.
  33. Sanders, Emma (29 August 2020). „Arsenal 1–1 Liverpool“. BBC Sport. Посетено на 30 August 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Профил на мрежната страница на ФК Арсенал
  • Профил на мрежната страница на Фудбалскиот сојуз