Прејди на содржината

Премиер лига на Англија 2020-2021

Од Википедија — слободната енциклопедија
Премиер лига на Англија 2020-2021
FA Premier League 2020-2021
Logo of competition
Натпреварување Премиер лига на Англија
Спорт Фудбал
Издание 122-ро
Период од: 12 септември 2020
до: 23 мај 2021
Држава  Англија
Резултати
Шампион Манчестер Сити Манчестер Сити
7. титула
Лига на шампиони
Лига Европа
Лига на конференции
1. клуб
Испаднале Фулам Фулам
Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион
Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед
Статистика
Најдобар стрелец Англија Хари Кејн
(23 гола)
Одиграни натпревари 380
Постигнати голови 1.024 (2,69 по натпревар)
Хронологија на натпреварувањето
2019–20 2021–22

Премиер лига на Англија 2020-2021 била 29-тата сезона на Премиер лигата, највисокото ниво на професионалните фудбалски лиги на Англија, од нејзиното основање во 1992 година. Сезоната била планирана да започне на 8 август 2020,[1] но поради Пандемијата на КОВИД-19 и доцното завршување на претходната сезона, започнала на 12 септември 2020, а завршила на 23 мај 2021.[2]

Екипата на Ливерпул влегла како бранител на титулата од претходната сезона. Лидс Јунајтед, Вест Бромвич Албион и Фулам биле трите нови екипи, откако обезбедиле промоција во Чемпионшип лигата 2019-2020. Тие ги замениле Борнмут, Вотфорд и Норич Сити, кои како трите најслабопласирани екипи во претходната сезона испаднале во Чемпионшип 2020-2021.

На 11 мај 2021, Манчестер Сити станале шампиони по седми пат во клупската историја, после поразот на нивниот најголем конкурент во оваа сезона Манчестер Јунајтед од Лестер Сити.[3] Со тоа тие ја освоиле својата трета титула во последните четири сезони и избориле право да учествуваат во Лигата на шампионите за следната сезона. Манчестер Јунајтед завршиле втори со 12 бодови помалку од шампионот, и заедно со уште третопласираниот Ливерпул и четвртопласираниот Челси обезбедиле пласман во елитното европско натпреварување.

Лестер Сити и Вест Хем Јунајтед, пак се квалификувале за УЕФА Лига Европа 2021-2022, а пак Тотенхем бил првиот англиски клуб кој играл во новоформираната УЕФА Лига на конференции.

Фулам, Вест Бромвич Албион и Шефилд Јунајтед биле трите екипи кои испаднале од лигата во оваа сезона.

Најдобaр стрелец во оваа сезона бил Хари Кејн од Тотенхем со 23 постигнати гола.

Четврта последователна сезона, најдобрите четири екипи на крајот од сезоната влегуваат во групната фаза на Лигата на шампионите 2021-2022. Петто рангираната екипа и победникот на ФА Купот ќе изборат пласман во Лига Европа; победникот на Лига купот стекнува право на учество во новоформираната УЕФА Лига на конференции, третото континентално клупско натпреварување што ќе започне во сезоната 2021-2022. Во случај освојувачите на двата домашни купови веќе да имаат обезбедено пласман во европските купови преку првенството, наместо нив ќе се квалификуваат шестопласираната екипа во првенството во Лига Европа и седмопласираната екипа во Лигата на конференции. Трите последни екипи на крајот од сезоната испаѓаат во Чемпионшип.

Промена на екипи

[уреди | уреди извор]

Вкупно 20 клубови учествувале во Премиер лигата на Англија за сезоната 2020-2021, вклучувајќи ги 17-те екипи од претходната сезона 2019-2020, двата прво пласирани клуба од Чемпионшип лигата 2019-2020, и победникот на плејофот од истата лига. Новите екипи во оваа сезона биле Лидс Јунајтед, кои се вратиле во највисокото фудбалско ниво во Англија по цели шеснаесет години отсуство по нивното испаѓање во сезоната 2003-2004, потоа Вест Бромвич Албион, кои се вратиле по две години отсуство и испаѓањето во сезоната 2017-2018, и Фулам, кој како победник на плејофот се вратил во Премиер лигата по само една сезона играње во Чемпионшип. Тие ги замениле Борнмут, Вотфорд и Норич Сити.

Поз. Премиер лига 2019-2020 Гол-раз. Бод.
18.
Борнмут Борнмут
-25
34
19.
Вотфорд Вотфорд
-28
34
20.
Норич Сити Норич Сити
-49
21
Испаднале од Премиер лигата
Поз. Чемпионшип 2019-2020 Гол-раз. Бод.
1.
Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед
+42
93
2.
Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион
+32
83
3.
Брентфорд Брентфорд
+42
81
4.
Фулам Фулам
+16
81
5.
Кардиф Сити Кардиф Сити
+10
73
6.
Свонзи Сити Свонзи Сити
+9
70
Се пласирале во Премиер лигата
Играле плејоф за пласман во Премиер лигата

Плејоф за влез во Премиер лигата

  Полуфинале Финале
                     
3  Брентфорд Брентфорд 0 3 3  
6  Свонзи Сити Свонзи Сити 1 1 2  
    3  Брентфорд Брентфорд 1
  4  Фулам Фулам 2
4  Фулам Фулам 2 1 3
5  Кардиф Сити Кардиф Сити 0 2 1  

Програма

[уреди | уреди извор]

Сезоната била планирана да започне на 8 август 2020,[1] но тоа не било можно поради прекинот настанат во претходната сезона заради Пандемијата на КОВИД-19 и завршувањето на истата околу два месеци подоцна од првично предвидениот крај. Така, Првенството започнало во сабота на ден 12 септември 2020 година, со натпреварите од првото коло (12-14 септември) во кое се одиграле 8 натпревари, наместо десетте закажани:[4] натпреварите Барнли - Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити - Астон Вила не се одиграле во вториот викенд од месец септември 2020, поради учеството на манчестерските екипи во завршницата од европските купови за претходната сезона каде што се задржале до средината на август.[5] Крајот на првенството бил регистриран на 23 мај недела, кога со почеток од 17:00 часот по средноевропско време биле одиграни сите натпревари од последното коло.

Предвидени биле пет вонредни кола кој требале да се одиграат во средината на седмицата (16 декември и 30 декември 2020 година, 20 јануари, 3 февруари и 12 мај 2021), две повеќе во однос на претходните сезони заради закаснетиот почеток на првенството и Европското првенство 2020 кое наместо мината година било одложено да се игра во јуни 2021.[6] Исто така, имало 3 паузи поради обврските на англиската фудбалска репрезентација во УЕФА Лигата на нации и квалификациите за Светското првенство 2022 закажани за 11 октомври и 15 ноември 2020 година и 28 март 2021 година. Натпреварите за божиќните празници популарно наречени Boxing Day, традиционално биле застапени и во оваа сезона, а се одиграле на 26 и 27 декември 2020 година, во склоп на 15-тото коло од сезоната. И во оваа сезона како и во претходните, се играло според асиметричен календар, односно натпреварите од вториот круг не биле по идентичен распоред со оние во првиот круг.

Во однос на времето на игра, новина била воведувањето на вечерни натпревари во сабота од 21:00 часот и недела од 20:15 часот. Исто така, многу често имало по два натпревари во понеделник (еден од 19:00 и вториот со почеток во 21:00 часот), додека преостанатите натпревари се играле во досега познатите термини од претходните сезони. Според тоа, распоредот на одигрување на натпреварите што го обезбедила лигата изгледал вака:

  • Сабота: 4 натпревари
    • 1 натпревар во 13:30 часот
    • 1 натпревар во 16:00 часот
    • 1 натпревар во 18:30 часот
    • 1 натпревар во 21:00 часот
  • Недела: 4 натпревари
    • 1 натпревар во 13:00 часот
    • 1 натпревар во 15:00 часот
    • 1 натпревар во 17:30 часот
    • 1 натпревар во 20:15 часот
  • Понеделник: 2 натпревари
    • 1 натпревар во 19:00 часот
    • 1 натпревар во 21:00 часот
  • Понекогаш натпревари се играле и во петок: 1 натпревар со почеток во 21:00 часот
Бруно Фернандес, му помогнал на Манчестер Јунајтед да завршат на водечката позиција по првиот дел од првенството.

Сезоната започнала кон средината на септември, со Ливерпул како актуелен шампион и главен фаворит за одбрана на титулата според прогнозерите, додека Манчестер Сити би требало да биде најголем конкурент, а Челси како фаворит по големите инвестиции во трансфер кампања. По 4 одиграни кола, Евертон на Карло Анчелоти останал сам на врвот од табелата, искористувајќи го поволниот распоред и сензационалните порази на фаворитите: Манчестер Сити бил поразен на домашен терен со 2-5 од Лестер Сити, додека Ливерпул загубил уште поубедливо со 7-2 од Астон Вила на Вила Парк. Како што Евертон почнува да губи бодови, Лестер и Тотенхем исто така се појавуваат и остануваат на врвот неколку кола пред да му го отстапат водството на Ливерпул, кои избиле на првото место во тринаесеттото коло иако со многу непостојани изведби поради повредите на неколку клучни играчи (пред се во одбраната како Вирџил ван Дајк и Џо Гомес). На крајот на 2020 година, Ливерпул останува прв и го командува пласманот следен од Манчестер Јунајтед, кој првенството го започнал лошо и бил елиминиран од Лигата на шампионите, но се текот на времето успева да најде одреден континуитет на резултатите во лигата. Лестер Сити, Евертон и Астон Вила се одржуваат високо борејќи се за позиции кој водат во континенталните натпреварувања заедно со екипите со големи осцилации како Манчестер Сити, Тотенхем и Челси. На дното, Шефилд Јунајтед изненадиле негативно бидејќи не успеале да победат во ниту еден натпревар до 18-тото коло (првиот тим во историјата на Премиер лигата, кој ја завршил календарската година без победа, и втор тим во историјата на најсилната англиска фудбалска лига по Болтон во сезоната 1902-1903); зоната за испаѓање ја комплетираат новопромовираните екипи Фулам и Вест Бромвич Албион. Брајтон е во безбедната зона, додека Арсенал пристигнал во Божиќниот период со големи тешкотии и поблиску до осумнаесеттата позиција отколку до првата половина на табелата. Промена на врвот на табелата дошло во 17-тото коло: тогаш Јунајтед ја победил Астон Вила, додека Ливерпул загубиле од Саутхемптон.

Кевин Де Бројне, референтна точка во средниот ред на Манчестер Сити, кои ја освоиле титулата во Премиер лигата.

Со доаѓањето на 2021 година, се појавуваат големи потешкотии за Ливерпул: „црвените“ веќе не се во можност да го пронајдат патот до мрежата и по три и пол години неочекувано го бележат својот прв пораз на домашен терен, изненадувачки губејќи од Барнли, а потоа и од Брајтон, натпревари по кои ќе следат уште 4 последователни порази, со што негативната серија стигнала до 6 (негативен рекорд во историјата на клубот). Јунајтед на тој начин се нашол осамен на врвот, за првпат од крајот на ерата на Фергусон. Сепак, нивниот период на слава кратко траел затоа што градските соперници Сити уфрлиле во поголема брзина: тие нанижале серија на победи, заклучувајќи го во исто време својот гол за противниците. Сити ги добиле сите 6 нивни натпревари одиграни во јануари и веќе на почетокот на февруари се чини дека го ставаат првенството под своја контрола со победата на Анфилд над Ливерпул со 4-1, која ги води до 5 поени предност во однос на Јунајтед, и дури 10 во однос на Ливерпул. Во меѓувреме, Челси го отпуштиле тренерот Френк Лампард и се потпреле на германецот Томас Тухел, штотуку отпуштен од Париз-Сен Жермен, кој го започнал своето искуство во Лондон со реми и три последователни победи, примајќи само еден гол. Предноста на Манчестер Сити од тука натаму постојано се зголемува и покрај поразот на домашен терен од Јунајтед, на уште три кола до крајот небесно-синиот дел на Манчестер можел да ја прослави седмата титула шампион на Англија. Манчестер Јунајтед ја затвориле сезоната на второто место, додека и зоната за испаѓање исто така била решена многу однапред; Фулам, Вест Бромвич Албион и Шефилд Јунајтед биле трите екипи кои испаднале откако речиси целата сезона ја минале на последните три места.

Последното коло било одлучувачко за позициите кои водат во европските купови. Ливерпул, по одличниот кам-бек, ја затвориле комплицираната сезона на третото место и обезбедиле пласман во Лигата на шампионите (кој во еден момент се чинел невозможен) каде бил придружен од Челси: избраниците на Тухел биле поразени од Астон Вила, но останале во топ 4 благодарение на поразот на Лестер кој се распаднал во завршницата од натпреварот на домашен терен против Тотенхем, дозволувајќи од водство 2-1 на крајот да загуби со 2-4. Првиот од головите за Тотенхем во тој натпревар го постигнал Хари Кејн, негов 23-ти за сезоната, благодарение на кој станал осамен најдобар стрелец за сезоната оставајќи го зад себе Мохамед Салах од Ливерпул. Со тоа тој ја прославил својата трета Златна копачка на Премиер лигата во кариерата. Лестер и Вест Хем Јунајтед избориле пласман во УЕФА Лига Европа за следната сезона, додека Тотенхем обезбедил учество во новоформираното европско натпреварување УЕФА Лигата на конференции и биле првата англиска екипа која учествувала во ова натпреварување. Арсенал завршиле на осмото место и нема да учествуваат во европските натпреварувања за првпат од 1995 година.

Стадионите на екипите и нивните локации

[уреди | уреди извор]
Екипа Град Стадион Претходна сезона
Арсенал Лондон (Холовеј) Емирати 8. место во Премиер лигата
Астон Вила Бирмингем Вила Парк 17. место во Премиер лигата
Барнли Барнли Трф Мор 10. место во Премиер лигата
Брајтон Брајтон и Хоув Фалмер 15. место во Премиер лигата
Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Хоторнс 2. место во Чемпионшип, промоција
Вест Хем Јунајтед Лондон (Стратфорд) Олимписки стадион 16. место во Премиер лигата
Вулверхемптон Вулверхемтон Молинју 7. место во Премиер лигата
Евертон Ливерпул Гудисон Парк 12. место во Премиер лигата
Кристал Палас Лондон (Кројдон) Селхрст Парк 14. место во Премиер лигата
Лестер Сити Лестер Кинг Пауер 5. место во Премиер лигата
Ливерпул Ливерпул Анфилд Шампион на Англија
Лидс Јунајтед Лидс Еланд Роуд 1. место во Чемпионшип, промоција
Манчестер Јунајтед Манчестер Олд Трафорд 3. место во Премиер лигата
Манчестер Сити Етихад 2. место во Премиер лигата
Њукасл Јунајтед Њукасл на Тајн Сент Џејмс Парк 13. место во Премиер лигата
Саутхемптон Саутхемптон Сент Мери 11. место во Премиер лигата
Тотенхем Лондон (Тотенхем) Стадион Тотенхем Хотспар 6. место во Премиер лигата
Фулам Лондон (Хамерсмит и Фулам) Крејвен Котиџ 4. место во Чемпионшип, промоција преку плејоф
Челси Стамфорд Бриџ 4. место во Премиер лигата
Шефилд Јунајтед Шефилд Брамал Лејн 9. место во Премиер лигата

Личности и спонзори

[уреди | уреди извор]
Екипа Тренер Капитен Најдобар стрелец Опрема Спонзор
Арсенал Шпанија Микел Артета Габон Пјер-Емерик Обамејанг Франција Александар Лаказет (13) Adidas[7] Емирејтс[8], Visit Rwanda[9]
Астон Вила Англија Дин Смит Англија Џек Грилиш Англија Оли Воткинс (14) Kappa[10] Cazoo[11], LT[12]
Барнли Англија Шон Дајч Англија Бен Ми Нов Зеланд Крис Вуд (12) Umbro LoveBet[13]
Брајтон Англија Греам Потер Англија Луис Данк Франција Нил Мопе (8) Nike[14] American Express[14], SnickersUK.com[15]
Вест Бромвич Албион Хрватска Славен Билиќ (1-13. коло)
Англија Сам Алардајс (14-38. коло)
Англија Џејк Ливермор Бразил Матеус Переира (11) Puma[16] Ideal Boilers, 12BET
Вест Хем Јунајтед Шкотска Дејвид Мојес Англија Марк Нобл Англија Мајкл Антонио
Чешка Томаш Соучек (10)
Umbro Betway, Scope Markets[17]
Вулверхемптон Португалија Нуно Еспирито Санто Англија Конор Коуди Португалија Педро Нето
Португалија Рубен Невес (5)
Adidas[18] ManBetX[19], Aeroset
Евертон Италија Карло Анчелоти Ирска Шејмус Колман Англија Доминик Калверт-Луин (16) Hummel[20] Cazoo[21]
Кристал Палас Англија Рој Хоџсон Србија Лука Миливојевиќ Брег на Слоновата Коска Вилфрид Заха (16) Puma[22] W88[23], Iqoniq[24]
Лестер Сити Северна Ирска Брендан Роџерс Јамајка Вес Морган Англија Џејми Варди (15) Adidas[25] Tourism Authority of Thailand[26], Bia Saigon[27]
Ливерпул Германија Јирген Клоп Англија Џордан Хендерсон Египет Мохамед Салах (22) Nike[28] Standard Chartered[29], Expedia[30]
Лидс Јунајтед Аргентина Марсело Биелса Шкотска Лијам Купер Англија Патрик Бамфорд (17) Adidas[31] SBOTOP[32], JD Sports[33]
Манчестер Јунајтед Норвешка Оле Гунар Солшер Англија Хари Мегваер Португалија Бруно Фернандес (18) Adidas[34] Chevrolet[35], Kohler[36]
Манчестер Сити Шпанија Пеп Гвардиола Бразил Фернандињо[37] Германија Илкај Гундоган (13) Puma[38] Etihad Airways[39], Nexen Tire[40]
Њукасл Јунајтед Англија Стив Брус Англија Џамал Ласелс Англија Калум Вилсон (12) Puma[41] FUN88[42], ICM.com[43]
Саутхемптон Австрија Ралф Хазенхутл Англија Џејмс Ворд-Проус Англија Дани Ингс (12) Under Armour[44] Sportsbet.io[45], Virgin Media[46]
Тотенхем Португалија Жозе Мурињо (1-32. коло)
Англија Рајан Мејсон (33-38. коло)
Франција Иго Лорис Англија Хари Кејн (23) Nike[47] AIA[48], Cinch[49]
Фулам Англија Скот Паркер Шкотска Том Керни Јамајка Боби Рид (5) Adidas BetVictor[50], ClearScore[51]
Челси Англија Френк Лампард (1-19. коло)
Германија Томас Тухел (20-38. коло)
Шпанија Сесар Аспиликуета Италија Жоржињо (7) Nike[52] Three[53], Hyundai[54]
Шефилд Јунајтед Англија Крис Вајлдер (1-28. коло)
Англија Пол Хекингботом (29-38. коло)
Англија Били Шарп Ирска Дејвид МекГолдрик (8) Adidas Union Standard Group[55]

Завршна табела

[уреди | уреди извор]

Ажурирано на 27 мај 2021.

Поз. Екипа Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1. Манчестер Сити Манчестер Сити 86 38 27 5 6 83 32 +51
2. Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед 74 38 21 11 6 73 44 +29
3. Ливерпул Ливерпул 69 38 20 9 9 68 42 +26
4. Челси Челси 67 38 19 10 9 58 36 +22
5. Лестер Сити Лестер Сити 66 38 20 6 12 68 50 +18
6. Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 65 38 19 8 11 62 47 +15
7. Тотенхем Тотенхем 62 38 18 8 12 68 45 +23
8. Арсенал Арсенал 61 38 18 7 13 55 39 +16
9. Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 59 38 18 5 15 62 54 +8
10. Евертон Евертон 59 38 17 8 13 47 48 -1
11. Астон Вила Астон Вила 55 38 16 7 15 55 46 +9
12. Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед 45 38 12 9 17 46 62 -16
13. Вулверхемптон Вулверхемптон 45 38 12 9 17 36 52 -16
14. Кристал Палас Кристал Палас 44 38 12 8 18 41 66 -25
15. Саутхемптон Саутхемптон 43 38 12 7 19 47 68 -21
16. Брајтон Брајтон 41 38 9 14 15 40 46 -6
17. Барнли Барнли 39 38 10 9 19 33 55 -22
18. Фулам Фулам 28 38 5 13 20 27 53 -26
19. Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион 26 38 5 11 22 35 76 -41
20. Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед 23 38 7 2 29 20 63 -43

Легенда:

      Шампион на Англија и се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2021-2022
      Се квалификува за групната фаза на УЕФА Лигата на шампионите 2021-2022
      Се квалификува за фазата по групи во УЕФА Лига Европа 2021-2022
      Се квалификува за УЕФА Лига на конференции 2021-2022
      Испаѓа во Фудбалска лига на Англија Чемпионшип 2021-2022

Нотес:

Три бода за победа, еден за нерешено, нула за пораз.
* Ако освојувачот на ФА Купот го заврши првенството во најдобрите 5, тогаш шестиот тим автоматски влегува во УЕФА Лига Европа.
* Ако освојувачот на Карабао купот го заврши првенството во најдобрите 5, тогаш седмиот тим автоматски влегува во УЕФА Лига на конференции.

Резултати

[уреди | уреди извор]

Табеларен приказ

[уреди | уреди извор]

Читањето хоризонтално ни ги покажува резултати на домашен терен на наведената екипа од првата колона, а читањето вертикално ни ги покажува резултатите во гости на наведената екипата од првиот ред.

Последно ажуриање: 30 мај 2021.

АРС АСВ БАР БРА ВБА ВХЈ ВУЛ ЕВЕ КРИ ЛЕС ЛИВ ЛИД МНЈ МНС ЊУК САУ ТОТ ФУЛ ЧЕЛ ШФЈ
Арсенал –––– 0-3 0-1 2-0 3-1 2-1 1-2 0-1 0-0 0-1 0-3 4-2 0-0 0-1 3-0 1-1 2-1 1-1 3-1 2-1
Астон Вила 1-0 –––– 0-0 1-2 2-2 1-3 0-0 0-0 3-0 1-2 7-2 0-3 1-3 1-2 2-0 3-4 0-2 3-1 2-1 1-0
Барнли 1-1 3-2 –––– 1-1 0-0 1-2 2-1 1-1 1-0 1-1 0-3 0-4 0-1 0-2 1-2 0-1 0-1 1-1 0-3 1-0
Брајтон 0-1 0-0 0-0 –––– 1-1 1-1 3-3 0-0 1-2 1-2 1-1 2-0 2-3 3-2 3-0 1-2 1-0 0-0 1-3 1-1
Вест Бромвич 0-4 0-3 0-0 1-0 –––– 1-3 1-1 0-1 1-5 0-3 1-2 0-5 1-1 0-5 0-0 3-0 0-1 2-2 3-3 1-0
Вест Хем Јун. 3-3 2-1 1-0 2-2 2-1 -––– 4-0 0-1 1-1 3-2 1-3 2-0 1-3 1-1 0-2 3-0 2-1 1-0 0-1 3-0
Вулверхемптон 2-1 0-1 0-4 2-1 2-3 2-3 –––– 1-2 2-0 0-0 0-1 1-0 1-2 1-3 1-1 1-1 1-1 1-0 2-1 1-0
Евертон 2-1 1-2 1-2 4-2 5-2 0-1 1-0 –––– 1-1 1-1 2-2 0-1 1-3 1-3 0-2 1-0 2-2 0-2 1-0 0-1
Кристал Палас 1-3 3-2 0-3 1-1 1-0 2-3 1-0 1-2 –––– 1-1 0-7 4-1 0-0 0-2 0-2 1-0 1-1 0-0 1-4 2-0
Лестер Сити 1-3 0-1 4-2 3-0 3-0 0-3 1-0 0-2 2-1 –––– 3-1 1-3 2-2 0-2 2-4 2-0 2-4 1-2 2-0 5-0
Ливерпул 3-1 2-1 0-1 0-1 1-1 2-1 4-0 0-2 2-0 3-0 –––– 4-3 0-0 1-4 1-1 2-0 2-1 0-1 0-1 2-1
Manchester City 1-0 2-0 1-0 5-0 1-2 4-0 5-0 2-0 1-2 2-5 1-1 –––– 0-2 2-0 1-0 5-2 3-0 1-1 2-1 4-1
Manchester Utd 0-1 2-1 2-1 3-1 0-0 1-3 3-3 1-1 6-2 1-2 2-4 0-0 –––– 3-1 1-2 9-0 1-6 1-0 1-0 1-0
Newcastle Utd 0-2 1-1 0-3 3-1 0-2 1-2 2-1 1-1 1-2 1-2 0-0 3-4 1-4 –––– 1-0 3-2 2-2 2-1 3-2 1-1
Sheffield Utd 0-3 1-0 1-0 1-0 1-2 0-2 0-1 1-1 0-1 1-2 0-2 0-1 2-3 1-0 –––– 0-2 1-3 2-1 0-1 0-2
Southampton 1-3 0-1 1-2 3-2 1-1 3-1 2-0 3-1 0-2 1-1 1-0 0-1 2-3 2-0 3-0 –––– 2-5 2-0 0-0 1-2
Tottenham 2-0 1-2 2-1 4-0 0-1 4-1 0-1 1-1 3-0 0-2 1-3 2-0 1-3 1-1 4-0 2-1 –––– 2-0 3-3 2-0
West Bromwich 0-4 0-3 1-0 0-0 3-3 1-5 0-1 2-2 0-5 0-3 1-2 0-5 1-1 0-0 1-0 3-0 0-1 –––– 1-3 1-1
West Ham Utd 3-3 2-1 2-2 1-0 0-1 1-1 0-1 1-0 2-0 3-2 1-3 1-1 1-3 0-2 3-0 3-0 2-1 2-1 –––– 4-0
Wolverhampton 2-1 0-1 2-1 0-4 2-1 2-0 1-2 1-0 1-0 0-0 0-1 1-3 1-2 1-1 1-0 1-1 1-1 2-3 2-3 ––––

Статистика

[уреди | уреди извор]

Лидери на табелата

[уреди | уреди извор]
————————————————————————————————————————————————————————————————————————————
ЕвертонЛивЛесЛиверпулМ. ЈунајтедМанчестер Сити
10ª11ª12ª13ª14ª15ª16ª17ª18ª19ª20ª21ª22ª23ª24ª25ª26ª27ª28ª29ª30ª31ª32ª33ª34ª35ª36ª37ª38ª

Создавање на пласманот

[уреди | уреди извор]
1. 2. 3. 4. 5. 6. 7. 8. 9. 10. 11. 12. 13. 14. 15. 16. 17. 18. 19. 20. 21. 22. 23. 24. 25. 26. 27. 28. 29. 30. 31. 32. 33. 34. 35. 36. 37. 38.
Арсенал 3 6 6 9 9 9 12 12 13 13 13 13 14 14 17 20 23 24 27 30 31 31 31 34 34 37 38 41 42 42 45 46 46 49 52 55 58 61
Астон Вила 0 3 6 9 12 12 12 15 15 15 15* 18 19 22 25 26 26 26 26* 26 32* 32 35 36 36 39 40 41 39[56] 44 44 44 45 48 48 49* 52 55
Брајтон 0 3 3 3 4 5 5 6 9 10 10 10 11 12 13 13 14 14 17 18 21 24 25 26 26 26 26 29 32 32 33 34 34 37 37 38 41 41
Барнли 0 0 0 0 1 1 1 2 5 5 6 9 10 13 13 16 16* 16* 16 22* 22 22 23 26 28* 28 30 33 29[56] 33 33 33 36 36 39 39 39 39
Вест Бромвич 0 0 1 1 2 3 3 3 3 6 6 6 7 7 8 8 8 8 11 11 12 12 12 13 14 17 18 18 17[56] 21 24 24 25 26 26 26 29 29
Вест Хем Јунајтед 0 0 3 6 7 8 8 11 14 17 17 20 21 21 22 23 26 26* 29 35* 35 38 39 42 45 45 48 48 49 52 55 55 55 58 58 59 59 62
Вулверхемтон 3 3 3 6 9 10 13 13 14 17 17 17 20 20 21 21 22 22 22 23 23 26 27 30 33 34 35 35 34[56] 35 38 41 41 42 45 45 45 45
Евертон 3 6 9 12 13 13 13 13 16 16 17 20 23 26 29 29 29 32 32* 33 34 36 37 37 40 43 46 46 46[56] 47 48 49 52 52 55 56* 59 59
Кристал Палас 3 6 6 6 7 10 10 13 13 13 16 17 18 18 18 19 22 23 23 23 26 29 29 29 32 33 33 37 34[56] 38 38 38 38 38 41 44 44 44
Лестер 3 6 9 9 9 12 15 18 18 18 21 24 24 27 28 29 32 32* 35 39* 39 42 43 46 49 49 53 56 50[56] 56 56 59 62 63 63 66 66 66
Ливерпул 3 6 9 9 10 13 16 17 20 21 24 25 28 31 32 33 33 33 34 37 40 40 40 40 40 43 43 46 43[56] 49 52 53 54 54* 57 63* 66 69
Лидс 0 3 6 7 7 10 10 10 11 14 14 14 17 17 20 23 23 23* 23 26 29 29 32 32 32 35* 35 36 39 42 45 46 47 47 50 53 56 59
Манчестер Јунајтед 0* 0 3 3 6 7 7 10 13 16 19 20 23 26 27 30 33 36* 37 40* 41 44 45 46 49 50 54 57 51[56] 60 63 66 67 67 70 70 71 74
Манчестер Сити 0* 3 3 4 7 8 11 12 12 15 18 19 20 23 26 26* 29 32 35 41* 44 47 50 53 59* 62 65 71 65[57] 74 74 77 68[58] 80 80 83 83 86
Њукасл 3 3 4 7 7 8 11 11 11 14 14 17 17 18 18 19 19 19 19 19 22 22 25 25 25 26 27 28 28 29 32 35 36 36 39 39 42 45
Саутхемптон 0 0 3 6 7 10 13 16 17 17 20 23 24 24 25 26 29 29 29 29 29 29 29 29 30 30 33 33 33 36 36 36* 33[59] 37 37 43* 43 43
Тотенхем 0 3 4 7 8 11 14 17 20 21 24 25 25 25 26 26* 29 30* 33 33 33 33 36 36 36 39 45 45 48* 49 49 50 42[60] 56* 56 59 59 62
Фулам 0 0 0 0 1 1 4 4 4 7 7 8 9 10 11 12 12* 12 12 13 14 14 15 18 22* 23 26 26 26 26 26 27 23[56] 27 27 27 28 28
Челси 3 3 4 7 8 9 12 15 18 19 22 22 22 25 25 26 26 26 29 30 33 36 39 42 43 44 50 51 47[56] 51 54 55 58 61 64 64 67 67
Шефилд Јунајтед 0 0 0 0 1 1 1 1 1 1 1 1 1 2 2 2 2 5 5 8 8 11 11 11 11 11 14 14 14[56] 14 14 14 17 17 17 20 20 23

Индивидуална статистика

[уреди | уреди извор]

Листа на стрелци

[уреди | уреди извор]

Ажурирано на 28 мај 2021[61][62]

Хари Кејн од Тотенхем бил најдобар стрелец за сезоната со 23 постигнати гола и со тоа тој ја освоил својата трета Златната копачка на Премиер лигата во својата кариера. Интересно е тоа што, тој станал првиот играч кој исто така успеал да ја освои и наградaта Плејмејкер на сезоната во истата сезона, завршувајќи на врвот на листата на асистентите со 14 асистенции.
Гол Пенали Играч Клуб
23 4 Англија Хари Кејн Тотенхем Тотенхем
22 6 Египет Мохамед Салах Ливерпул Ливерпул
18 9 Португалија Бруно Фернандес Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
17 1 Јужна Кореја Сон Хеунг-мин Тотенхем Тотенхем
17 2 Англија Патрик Бамфорд Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед
16 Англија Доминик Калверт-Луин Евертон Евертон
15 8 Англија Џејми Варди Лестер Сити Лестер Сити
14 4 Англија Оли Воткинс Астон Вила Астон Вила
13 1 Германија Илкај Гундоган Манчестер Сити Манчестер Сити
13 3 Франција Александер Лаказет Арсенал Арсенал
12 Нигерија Келечи Ихеаначо Лестер Сити Лестер Сити
12 2 Нов Зеланд Крис Вуд Барнли Барнли
12 2 Англија Дани Ингс Саутхемптон Саутхемптон
12 4 Англија Калум Вилсон Њукасл Јунајтед Њукасл Јунајтед
11 Велс Гарет Бејл Тотенхем Тотенхем
11 Сенегал Садио Мане Ливерпул Ливерпул
11 Англија Маркус Рашфорд Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
11 2 Брег на Слоновата Коска Вилфрид Заха Кристал Палас Кристал Палас
11 4 Бразил Матеус Переира Вест Бромвич Албион Вест Бромвич Албион

Листа на играчи со најмногу асистенции

[уреди | уреди извор]
Поз. Играч Клуб Асистенции[63][64]
1 Англија Хари Кејн Тотенхем Тотенхем 14
2 Белгија Кевин Де Бројне Манчестер Сити Манчестер Сити 12
Португалија Бруно Фернандес Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
4 Англија Џек Грилиш Астон Вила Астон Вила 10
Јужна Кореја Сон Хеунг-мин Тотенхем Тотенхем
6 Бразил Рафиња Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед 9
Англија Маркус Рашфорд Манчестер Јунајтед Манчестер Јунајтед
Англија Џејми Варди Лестер Сити Лестер Сити
9 Англија Арон Кресвел Вест Хем Јунајтед Вест Хем Јунајтед 8
Германија Паскал Грос Брајтон Брајтон
Англија Џек Харисон Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед
Германија Тимо Вернер Челси Челси

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Premier League 2020/21: Season start date confirmed“. Sky Sports. 11 September 2020. Посетено на 21 February 2021.
  2. „Premier League: 2020-21 season to start on 12 September“. BBC Sport. 24 July 2020. Посетено на 24 July 2020.
  3. „Man City claim 2020/21 Premier League title“. Premier League. 11 May 2021. Посетено на 11 May 2021.
  4. „Premier League 2020/21 fixtures“ (англиски). 30 април 2020.
  5. „Why Man Utd, Man City, Aston Villa and Burnley are not playing on the first weekend of Premier League season“ (англиски). 13 септември 2020.
  6. „Revealed: The Premier League's crazy fixture schedule for 2020-21“ (англиски). 20 август 2020.
  7. „Adidas and Arsenal launch new partnership“. Adidas. Посетено на 1 July 2019.
  8. „Emirates and Arsenal Renew Sponsorship Deal“. emirates.com. Посетено на 24 February 2019.
  9. „Arsenal partner with 'Visit Rwanda'. Arsenal FC. Посетено на 23 May 2018.
  10. „Aston Villa announce Kappa as Principal Partner“. Aston Villa FC. Посетено на 25 May 2019.
  11. „Cazoo confirmed as Aston Villa's principal partner“. Aston Villa Official Site. 29 June 2020. Посетено на 2 August 2020.
  12. „LT announced as Aston Villa's sleeve partner“. Aston Villa Official Site. 18 September 2020. Посетено на 18 September 2020.
  13. „It's A LoveBet Story For Clarets“. Burnley FC. Архивирано од изворникот на 27 July 2020. Посетено на 5 June 2019.
  14. 14,0 14,1 „New Kit Partnership with Nike“. Brighton & Hove Albion FC. Архивирано од изворникот на 6 June 2014. Посетено на 6 June 2014.
  15. „Sleeve sponsor SnickersUK.com joins Amex on Brighton shirt to make local double“. SportBusiness. 11 September 2020. Архивирано од изворникот на 5 August 2019. Посетено на 12 September 2020.
  16. „Albion team up with PUMA“. West Bromwich Albion F.C. 23 May 2018. Посетено на 23 May 2018.
  17. „West Ham United unveil new sleeve sponsor ahead of the run-in West Ham United“. West Ham United FC. 19 June 2020. Посетено на 19 June 2020.
  18. „Wolves Unveil Partnership With Adidas“. Wolverhampton Wanderers FC. 8 May 2018. Посетено на 8 May 2018.
  19. „Wolves sign new lucrative shirt sponsorship deal with ManBetX“. Shropshire Star. 4 June 2019. Посетено на 5 June 2019.
  20. „Everton Agrees Club-Record Kit Deal With hummel“. www.evertonfc.com (англиски). Посетено на 4 July 2020.
  21. „Cazoo To Become Everton's New Main Partner“. www.evertonfc.com (англиски). Посетено на 4 July 2020.
  22. „Revealed: Crystal Palace and Puma 2018/19 Kits“. Crystal Palace FC. Архивирано од изворникот на 9 May 2018. Посетено на 10 May 2018.
  23. „Crystal Palace announces shirt sponsorship with W88“. Crystal Palace FC. Посетено на 3 August 2020.
  24. „Crystal Palace iron out Iqoniq sleeve sponsorship deal“. Sportspro Media. Посетено на 1 September 2020.
  25. „Leak Confirmed – Leicester City Announce Adidas Kit Deal“. Footy Headlines. 17 May 2018. Посетено на 18 May 2018.
  26. „Thailand Smiles With You: LCFC & King Power Team Up To Support Thai Tourism“. Leicester City FC. Посетено на 25 July 2020.
  27. „Leicester City And ThaiBev Agree Multi-Year Global Partnership“. Посетено на 3 August 2018.
  28. „LFC announces multi-year partnership with Nike as official kit supplier from 2020-21“. Liverpool FC. Посетено на 7 January 2020.
  29. „Liverpool renew Standard Chartered sponsorship deal“. Reuters. 24 May 2018. Посетено на 12 January 2020.
  30. „Liverpool Embarks on a Journey with Expedia“. Liverpool Football Club. 17 October 2020. Посетено на 17 October 2020.
  31. „adidas becomes official kit partner of Leeds United“. www.leedsunited.com (англиски). 21 July 2020. Посетено на 21 July 2020.
  32. „SBOTOP ENTERS MULTI-YEAR PARTNERSHIP TO BECOME PRINCIPAL SPONSOR“. www.leedsunited.com (англиски). 10 August 2020. Посетено на 10 August 2020.
  33. „JD become first Official Sleeve Sponsor of Leeds United“. www.leedsunited.com. 25 August 2020.
  34. „Manchester United and Adidas in £750m deal over 10 years“. BBC News. Посетено на 23 June 2015.
  35. „Manchester United's £53m shirt deal with Chevrolet unaffected despite likely absence of Champions League“. The Daily Telegraph. Посетено на 23 June 2015.
  36. „Kohler Unveiled as Shirt Sleeve Sponsor“. Manchester United. 12 July 2018. Посетено на 12 July 2018.
  37. Smith, Jonathan. 'I would love to stay longer' - Guardiola opens up on Man City future“. Goal. Посетено на 20 September 2020.
  38. „Manchester City strike 10-year kit deal with Puma“. Sky Sports. 28 February 2019. Посетено на 28 February 2019.
  39. Taylor, Daniel (8 July 2011). „Manchester City bank record £400m sponsorship deal with Etihad Airways“. The Guardian. London. Посетено на 23 June 2015.
  40. Edwards, John (17 March 2017). „Man City and Nexen Tire announce Premier League first partnership“. Manchester City F.C. Архивирано од изворникот на 9 May 2017. Посетено на 17 May 2017.
  41. „Puma To Sign Short-Term Newcastle Kit Deal To Make 2020-21 Kits - Nike Was Not Interested“. 3 February 2020.
  42. „Newcastle United and FUN88 agree new partnership“. Newcastle United. 20 July 2020. Посетено на 18 September 2020.
  43. „Newcastle United announces ICM.com as Sleeve Partner“. Newcastle United. 18 September 2020. Посетено на 18 September 2020.
  44. „Saints announce multi-year partnership with Under Armour“. Southampton FC. Архивирано од изворникот на 5 June 2016. Посетено на 14 April 2016.
  45. Daniels, Tom (25 August 2020). „Sportsbet.io becomes new Main Club Sponsor“. Insider Sport. Посетено на 25 August 2020.
  46. „Virgin Media agree new three-year deal“. Southampton FC. 10 May 2019. Посетено на 11 May 2019.
  47. „Tottenham Hotspur announces multi-year partnership with Nike“. Tottenham Hotspur FC. Посетено на 30 June 2017.
  48. „Tottenham Hotspur announce new £320m shirt deal“. BBC Sport. Посетено на 25 July 2019.
  49. „cinch becomes Club's Official Sleeve Partner“. Tottenham Hotspur F.C. 8 January 2021. Посетено на 8 January 2021.
  50. „Fulham Welcomes BetVictor as New Main Partner“. www.fulhamfc.com (англиски). 7 September 2020. Посетено на 13 September 2020.
  51. „Fulham Names ClearScore as Sleeve Sponsor“. www.sportspromedia.com (англиски). 7 September 2020. Посетено на 7 December 2020.
  52. „Chelsea and Nike announce long-term partnership“. Chelsea FC. 13 October 2016. Посетено на 31 August 2020.
  53. „CHELSEA ANNOUNCES THREE AS NEW OFFICIAL SHIRT PARTNER“. Chelsea FC. 21 June 2020. Посетено на 24 January 2020.
  54. „Chelsea and Hyundai Begin New Partnership“. Chelsea FC. 11 June 2018. Посетено на 11 June 2018.
  55. „United sign major sponsorship deal with USG“. sufc.co.uk. Посетено на 24 June 2019.
  56. 56,00 56,01 56,02 56,03 56,04 56,05 56,06 56,07 56,08 56,09 56,10 56,11 Partita anticipata tra la 26ª e la 27ª giornata.
  57. Partita anticipata tra la 26ª e la 27ª a causa dell'impegno in FA Cup.
  58. Partita anticipata tra la 27ª e la 28ª giornata a causa dell'impegno in finale dell'EFL Cup.
  59. Partita anticipata tra la 27ª e la 28ª giornata.
  60. Partita anticipata tra la 26ª e la 27ª giornata a causa dell'impegno in finale dell'EFL Cup.
  61. https://www.premierleague.com/stats/top/players/goals
  62. „Реализирани пенали“ (англиски).
  63. „Premier League Player Stats – Assists“. Premier League. Посетено на 12 May 2019.
  64. „Premier League Player Stats – Assists“. Premier League. Посетено на 23 May 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]