Њукасл Јунајтед Фудбал Клуб (на англиски Newcastle United Football Club) или ФК Њукасл Јунајтед е англиски фудбалски клуб од градот Њукасл Апон Тајн. Клубот е основан во 1892 со спојување на два локални клуба Њукасл Ист Енд и Њукасл Вест Енд и откако постои ги игра своите домашни натпревари на стадионот Сент Џејмс Парк. Клубот е член на Премиер лигата во сите, освен две сезони од историјата на натпреварувањето, и исто така никогаш не испаднал под второто ниво на англискиот фудбал, откако се приклучил на Фудбалската Лига во 1893 година. Во 2007 година, долгорочниот претседател и сопственик на клубот Сер Џон Хол го продаде својот удел во клубот на Мајк Ешли.
Њукасл има освоено четири лигашки наслови како и 6 ФА Купа, додека нивен најголем успех во евро-турнирите е освојувањето на купот на велесаемските градови во 1969 година како и Интертото Купот во 2006 година. Тие се на 8-мо место по бројот на освоени трофеи меѓу англиските екипи. Најголем соперник на Њукасл му е тимот на Сандерленд со кого го игра популарното Дерби на Тајн и Вер уште од 1898 година. Тимот игра во за нив препознатливата црно-бела комбинација, а главен прекар на клубот е Страчките.
Главни бои на Њукасл Јунајтед се црната и белата, кој се нормално распоредени од горе надолу. Во почетокот играчите на Њукасл носеле црвени дресови, но како со текот на времето кога сè повеќе тимови во Англија почнуваат да носат црвени дресови како на пр. Ливерпул и Арсенал, ги менуваат своите дресови во црно-бела комбинација. Од тогаш па сè до денес боите на клубот се тие и во оваа комбинација Њукасл ги игра своите домашни натпреврари. Што се однесува до дресовите за гостинските натпревари тие се менувале со текот на времето, во почетокот биле сини, подоцна жолти, па сиви, црни, зелени, а моменталните гостински дресови на клубот се со бордо-црна боја.
Низ историјата на Њукасл Јунајтед, нивниот дом секогаш бил Сент Џејмсис Парк-најстариот и најголемиот фудбалски стадион во Севернo-Источна Англија, а шести по големина фудбалски стадион во Обединетото Кралство. Тој бил домаќин на 10 меѓународни фудбалски натпревари на сениорско ниво, од кој првиот во 1901 година, а последниот во 2005 година. Сент Џејмс Парк беше употребен како место на кое се играше фудбал и на Летните олимписки игри 2012 и исто така ќе се користи за претстојното Светско првенство во рагби во 2015 година. Капацитетот на стадионот е 52 404 места за седење. Во ноември 2011 година сопственикот на Њукасл Мајк Ешли ги продал правата на стадионот на спонзорите, па името на стадионот е променето во Спортс Дајрект Арина.
Навивачите на Њукасл, сите заедно, се познати под едно име Toon Army (превод на мак. Тун армија), но исто така познати се и некој прекари на навивачките групи како Geordies (жордицата) и the Magpies (страчките). Geordies ги нарекуваат заради тоа што така се нарекуваат луѓето кој живеат во градот Њукасл, додека the Magpies или страчки заради боите на клубот, којшто се исти со боите на пердувите на оваа птица (црно бела боја). Многу англиски медиуми велат дека Тун Армијата е една од најдобрите навивачки групи во Англија и на Островот, а најдобар доказ за тоа е посетеноста на Сент Џејмс Парк кој е еден од најисполнетите стадиони во Англија за време на натпреварите. Освен во Англија Њукасл Јунајтед има навивачки групи и во други делови на светот како на пр.: во Скандинавија, Исланд, Австралија, САД, Италија итн. Од познатите личности навивачи на Њукасл Јунајтед се и: поранешниот премиер на Велика БританијаТони Блер, потоа гитаристот на Ајрон МејденЏеник Герс, и фронтменот на AC/DCБрајан Џонсон.