Сеад Колашинац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Босна и Херцеговина Сеад Колашинац
Sead Kolašinac S04 2015 (cropped).jpg
Колашинац во дресот на Шалке 04 во 2015 година
Лични податоци
Полно име Сеад Колашинац
Роден на 20 јуни 1993 (1993-06-20) (25 г.)
Роден во Карлсруе, Германија
Висина &100000000000001830000001,83 м[1]
Позиција Лев бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Арсенал Арсенал
Број 31
Младинска кариера
2001–2009 Карлсруе Карлсруе
2009–2010 Хофенхајм Хофенхајм
2010 Штутгарт Штутгарт
2011–2012 Шалке 04 Шалке 04
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012–2015 Шалке 04 Шалке 04 II 8 (2)
2012–2017 Шалке 04 Шалке 04 94 (4)
2017– Арсенал Арсенал 15 (1)
Репрезентација
2011 Германија Германија до 18 г. 1 (0)
2011–2012 Германија Германија до 19 г. 11 (1)
2012–2013 Германија Германија до 20 г. 2 (1)
2013– Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина 18 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 август 2017.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 21 август 2017

Сеад Колашинац (роден на 20 јуни 1993 г.) — босански професионален фудбалер кој игра на позицијата лев бек за Арсенал во Премиер лигата и за националниот тим на Босна и Херцеговина.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Колашинац ја започнал својата кариера во клубот во родниот град, Карлсруе.[2] По осум години поминати во Карлсруе, тој се преселил во Хофенхајм, во чии редови бил само една сезона, а потоа бил купен од Штутгарт.[2] Колашинац бил член на Штутгарт само една сезона, и потоа се приклучил на Шалке 04.[2]

Шалке 04[уреди | уреди извор]

Откако една сезона бил дел од младинскиот тим на Шалке 04, Колашинац бил промовиран во вториот тим на клубот, Шалке 04 II, кој се натпреварувал во германиските пониски лиги, во регионалната лига запад. Откако одиграл седум натпревари и постигнал два гола за Шалке 04 II, тој бил префрлен во првиот тим. На 15 септември 2012 година, тој дебитирал во Бундеслигата во победата од 2–0 на Шалке 04 над Гројтер Фирт.[3] Во декември 2012 година, Колашинац бил дел од тимот на Шалке 04 кој ремизирал со резултат 1–1 против францускиот Монпелје во Лигата на шампионите. Тоа бил прв натпревар за Колашинац во европските натпреварувања.[4]

Во јуни 2013 година, Колашинац го продолжил договорот со Шалке 04 до јуни 2017 година.[5]

На почетокот на сезоната 2014–15, Колашинац го скинал предниот вкрстен лигамент на неговото десно колено и бил надвор од фудбалските терени околу шест месеци.[6] По закрепнувањето од повредата, Колашинац многу тешко успевал да ја пронајде својата форма и да се избори за првотимскиот статус во клубот.

Колашинац својот прв гол за Шалке 04 го постигнал на 13 декември 2015 година, во ремито од 1–1 против Аугзбург.[7]

Во мај 2017 година, Колашинац донел одлука да не го продолжува договорот со Шалке 04, напуштајќи го клубот по поминати шест години.[8] На крајот на сезоната 2016–17, тој бил изгласан во тимот на сезоната во Бундеслигата.[9]

Арсенал[уреди | уреди извор]

На 6 јуни 2017 година, англискиот премиерлигаш Арсенал го потврдил ангажирањето на Колашинац, кој во лондонскиот клуб пристигнал како слободен играч.[10] Тој бил најавен како прво летно засилување за Арсенал за новата сезона.[11] Колашинац постигнал гол на својот прв натпревар за Арсенал, и тоа против Челзи во Комјунити Шилд натпреварот, кој Арсенал го добил по изведување пенали.[12][13] Тој дебитирал во Премиер лигата во првото коло од новата сезона, и бил асистент на гол во победата од 4–3 над Лестер Сити.[14]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Англија Арсенал

Индивидуални[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Sead Kolasinac Schalke profile". 
  2. 2,0 2,1 2,2 Aleksandar Holiga (9 June 2014). "Meet the Bosnian defender hoping to stop Messi and Aguero". fourfourtwo.com. FourFourTwo. конс. 4 September 2014. 
  3. "Greuther Fürth 0 - 2 Schalke 04 Team line-ups 15/09/2012 - Bundesliga". Goal. 15 September 2012. конс. 5 July 2017. 
  4. "UEFA Champions League 2012/13 - History - Montpellier-Schalke Lineups". UEFA.com. 4 December 2012. конс. 5 July 2017. 
  5. "FC Schalke 04 extend Sead Kolasinac's contract through 2017". SB Nation. 25 June 2013. конс. 5 August 2014. 
  6. "Sead Kolasinac Sidelined For Six Months". BHDragons. 24 August 2014. конс. 27 August 2014. 
  7. "Prvijenac Kolašinca u Bundesligi!" (Bosnian). 
  8. "Kolasinac verlässt Schalke ablösefrei" (German). 
  9. 9,0 9,1 "Team of the Season 16/17 Results". Bundesliga. конс. 30 May 2017. 
  10. Group, Arsenal Media. "Sead Kolasinac to sign for Arsenal". www.arsenal.com. конс. 6 June 2017. 
  11. "Get it here". Twitter.com. 
  12. "Arsenal lift Community Shield". 
  13. "Arsenal 1-1 Chelsea". 
  14. "Arsenal 4-3 Leicester City". конс. 13 August 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]