Прејди на содржината

Каи Хаверц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Каи Хаверц
Лични податоци
Полно име Каи Лукас Хаверц[1]
Роден на 11 јуни 1999(1999-06-11)(25 г.)[2]
Роден во Ахен, Германија
Држава Германија Германија
Висина &100000000000001930000001,93 м[3]
Позиција среден ред, напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Арсенал Арсенал
Број 29
Младинска кариера
2003–2009 Алеманија Маријадорф
2009–2010 Алеманија Ахен Алеманија Ахен
2010–2016 Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016-2020 Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 118 (36)
2020-2023 Челси Челси 91 (19)
2023- Арсенал Арсенал 36 (12)
Репрезентација
2014-2015 Германија Германија 16 6 (2)
2015-2016 Германија Германија 17 16 (7)
2017-2018 Германија Германија 19 8 (7)
2018- Германија Германија 44 (15)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 20 јуни 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 1 септември 2014

Каи Хаверц (роден на 11 јуни 1999 година, во Ахен) — германски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Арсенал и на германската репрезентација.[3]

Откако ја завршил младинската академија на Бајер Леверкузен во 2016 година, Хаверц го направил своето сениорско деби за клубот истата година. Откако го направил своето деби, Хаверц станал најмладиот дебитант за клубот во Бундеслигата, а потоа станал и најмладиот стрелец во историјата на Бајер Леверкузен кога го постигнал својот прв гол следната година.

Во летото 2020 година, тој потпишал за Челси 84 милиони евра, со што станал вториот најскапо платен играч во историјата на Сините. Со Челси, Хаверц ги освоил Лигата на шампионите, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство, постигнувајќи ги победничките голови во финалето на Лигата на шампионите и Светското клупско првенство, додека асистирал за голот на соиграчот Хаким Зијеш во Суперкупот на УЕФА. Во летото 2023 година, тој потпишал за Арсенал.

Откако ја претставувал Германија во различни младински нивоа, Хаверц го имал своето деби за сениорската репрезентација во септември 2018 година, станувајќи првиот играч роден во 1999 година што ја претставувал репрезентацијата. Тој ја претставувал Германија на Европското првенство 2020 и на Светското првенство 2022.

Биографија[уреди | уреди извор]

Хаверц е роден во Ахен, Северна Рајна-Вестфалија.[4] Тој пораснал во Маријадорф, област во Алсдорф,[5] пред со семејството подоцна да се пресели во Ахен.[6]

Каи е третото и најмалото дете на семејството Хаверц; неговиот татко е полицаец, додека неговата мајка адвокат. Тој има постар брат и сестра кои се викаат Јан и Леа.[7]

Хаверц е во врска со германската манекенка и инфлуенсерка Софија Вебер од 2017 година.[8]

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Се смета за еден од најперспективните млади играчи во германскиот и меѓународниот фудбал,[9] поради што често го споредуваат со многу успешните сонародници како Месут Езил и Михаел Балак,[10] бидејќи уште од неговите рани години, тој се покажал како одличен толкувач во улогата на централен играч за врска, но претпочитајќи повеќе да напаѓа најчесто бил користен како офанзивен играч од средниот ред.[11] Опремен со одлична индивидуална техника,[12] добар дриблинг[12] а исклучителната визија за играта му помага да може да се користи и како „лажна деветка“.[12] Неговата физика му овозможува да биде добар во издржувањето на стартови на противничките играчи и во задржувањето на топката.[12]

Тој открил дека бил инспириран од неговиот сонародник Месут Езил.[13]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Првото искуство со фудбалот Хаверц го имал на четиригодишна возраст кога се приклучил на аматерскиот клуб Алеманија Маријадорф, каде што неговиот дедо Ричард бил претседател на клубот.[14] Во 2009 година, тој се преселил во Алеманија Ахен каде што поминал само една година во академијата на клубот пред да се приклучи на Бајер Леверкузен на 11-годишна возраст.[15]

Бајер Леверкузен[уреди | уреди извор]

Хаверц го направил своето деби за првиот тим на Бајер Леверкузен на 15 октомври 2016 година, влегувајќи како замена во второто полувреме на местото на Чарлс Аранхуис во поразот со 2–1 од Вердер Бремен. По влегувањето на теренот, тој станал најмладиот дебитант на клубот во Бундеслигата, на возраст од 17 години и 126 дена, иако неговиот рекорд бил соборен (за 111 дена) од Флоријан Вирц во 2020 година.[15][16][17] По суспензијата на турчинот Хакан Чалханоглу, почетниот офанзивен играч за врска на Бајер, Хаверц добил многу простор за игра: на 2 ноември 2016, тој дебитирал во Лигата на шампионите во натпревар против Тотенхем, додека на 2 април 2017 година го постигнал својот прв професионален гол во кариерата, во ремито 3-3 против Волфсбург во Бундеслигата.[18] Со тоа, Хаверц соборил уште еден клупски рекорд и станал најмладиот стрелец на Леверкузен во Бундеслигата, на 17-годишна возраст.[19] Во првата професионална сезона, Хаверц забележал 28 настапи во сите натпреварувања и постигнал четири гола, вклучувајќи ги и двата погодока против Херта во последното коло од сезоната, која за Леверкузен била разочарувачка завршувајќи на 12-тата позиција.[20]

Основа на тимот, исто така, во сезоната 2017-2018, на 14 април 2018 година, Хаверц станал најмладиот играч во историјата на Бундеслигата кој стигнал до 50 настапи, на возраст од 18 години и 307 дена, соборувајќи го рекордот што претходно го држел Тимо Вернер.[21][22] Во сезоната 2018-2019, тој го постигнал својот прв гол во европските натпреварувања, против Лудогорец на 20 септември 2018 година, во натпревар од Лига Европа добиен од германците со 3-2. На 26 јануари 2019 година, постигнувајќи гол против Волфсбург во победата од 3-0, тој станал најмладиот стрелец на гол од пенал во Бундеслигата во историјата на Леверкузен, со 19 години, 7 месеци и 16 дена. Сезоната ја затворил со 17 постигнати гола во Бундеслигата, што го направило играч под дваесет години со најмногу постигнати голови во една сезона во Бундеслигата.[23] Исто така, тој завршил на второто место, единствено зад Марко Ројс, во рангирањето за наградата Германски фудбалер на годината.[24]

Во сезоната 2019-2020 постигнал други важни резултати: на 17 август 2019 година, во првото коло од новото првенство со голот против Падерборн тој станал вториот најмлад играч кој постигнал 25 гола во Бундеслигата, по Хорст Кепел.[25] Во декември, на возраст од 20 години, шест месеци и четири дена, тој соборил уште еден рекорд и станал најмладиот играч во историјата кој достигнал 100 настапи во Бундеслигата.[26]

Челси[уреди | уреди извор]

Хаверц во дресот на Челси во 2020.

На 4 септември 2020 година, Хаверц потпишал петгодишен договор со Челси,[27][28] во трансфер вреден 71 милион фунти, што го направило, во тоа време, второто најскапо засилување во историјата на клубот.[29][30] Своето деби за Челси го имал на 14 септември во победата со 3-1 во Премиер лигата против Брајтон,[31] додека неговите први голови за сините дошле во победата со 6-0 против Барнсли во третото коло на Лига купот на 23 септември. Во тој натпревар германецот го постигнал првиот хет-трик во кариерата.[32] Својот прв гол во Премиер лигата го постигнал против Саутхемптон на 17 октомври, во ремито 3–3 на Стемфорд Бриџ.[33] На 29 мај 2021 година, тој го постигнал единствениот гол на натпреварот во финалето на Лигата на шампионите со кој Челси го совладал Манчестер Сити и го освоил натпреварувањето по втор пат во клупската историја.[34][35] Тоа воедно бил и неговиот прв гол во кариерата во Лигата на шампионите.

Последователно, на 11 август 2021 година, Челси го освоил Суперкупот на УЕФА против Виљареал по изведување пенали, иако Хаверц бил единствениот играч на сините кој промашил.[36] На 12 февруари 2022 година, Хаверц постигнал нов решавачки погодок, овојпат од пенал во 117-тата минута од финалето на Светското клупско првенство против Палмеирас, кој завршил со победа на Челси од 2–1.[37]

После слабата сезона 2022-2023, во која Челси го освоиле 12-тото место во Премиер лигата и испаднале рано во сите купови, раководството на клубот се одлучило за радикални промени во текот на летото 2023 година, продавајќи голем број на играчи меѓу кои и дел од скапо платените "ѕвезди" на тимот, како Хаверц;[38] тој бил продаден на градскиот ривал Арсенал кон крајот на јуни 2023.[38] Како причини за неговото заминување од Челси биле наведени разочарувачката последна сезона и доаѓањето на Кристофер Нкунку, играч со слични карактеристики како Хаверц.[38]

Вкупно во дресот на Челси одиграл 139 натпревари и постигнал 32 гола.

Арсенал[уреди | уреди извор]

На 28 јуни 2023 година, Хаверц потпишал петгодишен договор со Арсенал, кој за неговите услуги му платил на Челси 65 милиони фунти.[39] Своето деби за топџиите го направил на 6 август, во натпреварот од ФА Комјунити Шилд против Манчестер Сити, кој Арсенал го добил по изведување пенали со 4-1;[40] Хаверц играл од почетокот до 87-мата минута. На 30 септември, Хаверц го постигнал својот прв гол за Арсенал, реализирајќи пенал во победата со 4–0 над Борнмут.[41] На 25 ноември, тој го постигнал својот прв гол од игра за Арсенал, победничкиот во успехот со 1–0 над Брентфорд.[42] Четири дена подоцна, Хаверц го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите за сезоната во победата со 6-0 над Ланс.[43] На 24 февруари 2024, тој за првпат во дресот на Арсенал постигнал два гола на еден натпревар, во победата со 4-1 над Њукасл Јунајтед.[44] Својот последен гол за сезоната во Премиер лигата, го постигнал во последното коло против Евертон одиграно на 19 мај, гол со кој на топџиите им донел победа од 2-1, но сепак недоволна клубот да го престигне директниот конкурент за титулата Манчестер Сити, кој на крајот го освоил првенството. Првата сезона со Арсенал ја завршил со вкупно 51 одигран натпревар и 14 постигнати гола.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Тој го направил своето деби за репрезентацијата на Германија под 19 години на 31 август 2017 година, против Швајцарија. На 4 октомври 2017 година, тој постигнал четири гола против Белорусија.

На 29 август 2018 година, тој го заработил својот прв повик во сениорска репрезентација.[45] Своето деби го направил на 9 септември, во пријателски натпревар против Перу што завршил 2-1 за панцерите.[46] На 9 октомври 2019 година, во својот шестти натпревар за репрезентацијата, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол, во ремито 2-2 против Аргентина во друг пријателски натпревар.[47][48]

На 19 мај 2021 година, тој бил избран во германскиот тим за Европското првенство 2020.[49] На 19 јуни 2021 година, тој го постигнал третиот гол на Германија во 51-вата минута во победата со 4–2 над Португалија во вториот натпревар од групата.[50] Неколку дена подоцна, тој постигнал гол и во последниот натпревар од групата во ремито 2-2 против Унгарија,[51] со што неговата земја се квалификувала за нокаут фазата, но таму биле елиминирни уште во осминафиналето од Англија.

Во ноември 2022 година, бил избран за Светското првенство 2022 во Катар.[52] На 1 декември, тој постигнал два гола во победата со 4–2 над Костарика, недоволно за Германија да ја мине групната фаза.[53]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Германија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
9-9-2018 Зинсхајм Германија Германија 2 – 1 Перу Перу Пријателска - влегол во игра 88'
15-11-2018 Лајпциг Германија Германија 3 – 0 Русија Русија Пријателска - заменет 65'
20-3-2019 Волфсбург Германија Германија 1 – 1 Србија Србија Пријателска - заменет 46'
6-9-2019 Хамбург Германија Германија 2 – 4 Холандија Холандија Квал. за Евро 2020 - влегол во игра 61'
9-9-2019 Белфаст Северна Ирска Северна Ирска 0 – 2 Германија Германија Квал. за Евро 2020 - влегол во игра 68'
9-10-2019 Дортмунд Германија Германија 2 – 2 Аргентина Аргентина Пријателска 1 заменет 83'
13-10-2019 Талин Естонија Естонија 0 – 3 Германија Германија Квал. за Евро 2020 -
7-10-2020 Келн Германија Германија 3 – 3 Турција Турција Пријателска - заменет 90'
10-10-2020 Киев Украина Украина 1 – 2 Германија Германија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза - влегол во игра 90+3'
13-10-2020 Келн Германија Германија 3 – 3 Швајцарија Швајцарија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1 заменет 77'
25-3-2021 Дисбург Германија Германија 3 – 0 Исланд Исланд Квал. за СП 2022 1 добил жолт картон во 48-мата минута 48' заменет 78'
28-3-2021 Букурешт Романија Романија 0 – 1 Германија Германија Квал. за СП 2022 - заменет 77'
31-3-2021 Дисбургг Германија Германија 1 – 2 Македонија Македонија Квал. за СП 2022 - заменет 56'
7-6-2021 Диселдорф Германија Германија 7 – 1 Латвија Латвија Пријателска - заменет 46'
15-6-2021 Минхен Франција Франција 1 – 0 Германија Германија Евро 2020 - Прва фаза - заменет 74'
19-6-2021 Минхен Португалија Португалија 2 – 4 Германија Германија Евро 2020 - Прва фаза 1 добил жолт картон во 66-тата минута 66' заменет 73'
23-6-2021 Минхен Германија Германија 2 – 2 Унгарија Унгарија Евро 2020 - Прва фаза 1 заменет 68'
29-6-2021 Лондон Англија Англија 2 – 0 Германија Германија Евро 2020 - Осминафинале -
2-9-2021 Санкт Гален Лихтенштајн Лихтенштајн 0 – 2 Германија Германија Квал. за СП 2022 - заменет 60'
8-9-2021 Рејкјавик Исланд Исланд 0 – 4 Германија Германија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 46'
8-10-2021 Хамбург Германија Германија 2 – 1 Романија Романија Квал. за СП 2022 - влегол во игра 67'
11-10-2021 Скопје Македонија Македонија 0 – 4 Германија Германија Квал. за СП 2022 1 добил жолт картон во 55-тата минута 55' заменет 61'
14-11-2021 Ереван Ерменија Ерменија 1 – 4 Германија Германија Квал. за СП 2022 1
26-3-2022 Зинсхајм Германија Германија 2 – 0 Израел Израел Пријателска 1 заменет 80'
29-3-2022 Амстердам Холандија Холандија 1 – 1 Германија Германија Пријателска - заменет 69'
4-6-2022 Болоња Италија Италија 1 – 1 Германија Германија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - влегол во игра 70' добил жолт картон во 83-тата минута 83'
7-6-2022 Минхен Германија Германија 1 – 1 Англија Англија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза -
11-6-2022 Будимпешта Унгарија Унгарија 1 – 1 Германија Германија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - заменет 85'
23-9-2022 Лајпциг Германија Германија 0 – 1 Унгарија Унгарија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза - влегол во игра 70'
26-9-2022 Лондон Англија Англија 3 – 3 Германија Германија УЕФА Лига на нации 2022-2023 - Прва фаза 2 заменет 90+1'
16-11-2022 Мускат Оман Оман 0 – 1 Германија Германија Пријателска -
23-11-2022 Ал Рајан Германија Германија 1 – 2 Јапонија Јапонија СП 2022 - Прва фаза - заменет 79'
1-12-2022 Ал Хор Костарика Костарика 2 – 4 Германија Германија СП 2022 - Прва фаза 2 влегол во игра 66'
25-3-2023 Мајнц Германија Германија 2 – 0 Перу Перу Пријателска - заменет 75'
12-6-2023 Бремен Германија Германија 3 – 3 Украина Украина Пријателска 1 влегол во игра 46'
16-6-2023 Варшава Полска Полска 1 – 0 Германија Германија Пријателска -
20-6-2023 Гелзенкирхен Германија Германија 0 – 2 Колумбија Колумбија Пријателска - заменет 79'
9-9-2023 Волфсбург Германија Германија 1 – 4 Јапонија Јапонија Пријателска - заменет 83'
12-9-2023 Дортмунд Германија Германија 2 – 1 Франција Франција Пријателска - влегол во игра 64'
14-10-2023 Ист Хартфорд САД САД 1 – 3 Германија Германија Пријателска - влегол во игра 62'
18-11-2023 Берлин Германија Германија 2 – 3 Турција Турција Пријателска 1
21-11-2023 Виена Австрија Австрија 2 – 0 Германија Германија Пријателска - заменет 77'
23-3-2024 Лион Франција Франција 0 – 2 Германија Германија Пријателска 1 заменет 80'
26-3-2024 Франкфурт на Мајна Германија Германија 2 – 1 Холандија Холандија Пријателска - заменет 73'
Вкупно Настапи 44 Голови 15

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 8 декември 2022.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2016-2017 Германија Бајер Леверкузен 24 4 КГ 1 0 ЛШ 3 0 - - - 28 4
2017-2018 30 3 КГ 5 1 - - - - - - 35 4
2018-2019 34 17 КГ 2 0 ЛЕ 6 3 - - - 42 20
2019-2020 30 12 КГ 5 2 ЛШ+ЛЕ 5+5 0+4 - - - 45 18
Вкупно Бајер Леверкузен 118 36 13 3 19 7 - - 150 46
2020-2021 Англија Челси ПЛ 27 4 ФАКуп+ЛК 5+1 1+3 ЛШ 12 1 - - - 45 9
2021-2022 ПЛ 29 8 ФАКуп+ЛК 3+3 0+2 ЛШ 9 3 СУ+Скп 1+2 0+1 47 14
2022-2023 ПЛ 35 7 ФАКуп+ЛК 1+1 0 ЛШ 10 2 - - - 47 9
Вкупно Челси 91 19 14 6 31 6 3 1 139 32
2023-2024 Англија Арсенал ПЛ 34 12 ФАКуп+ЛК 1+2 0 ЛШ 10 1 КШ 1 0 48 13
Вкупно во кариерата 242 67 30 9 60 14 4 1 336 91

Рекорди[уреди | уреди извор]

Бајер Леверкузен[уреди | уреди извор]

  • Најмлад стрелец во Бундеслигата во историјата на клубот: 17 години и 295 дена[54]

Хет-трикови[уреди | уреди извор]

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Челси
2020-2021[55]
2021[56]
2021[57]

Индивидуални[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Squad List: FIFA Club World Cup UAE 2021: Chelsea FC“ (PDF). FIFA. 9 February 2022. стр. 1. Посетено на 25 April 2022.
  2. „Kai Havertz: Overview“. ESPN. Архивирано од изворникот 22 October 2020. Посетено на 22 October 2020.
  3. 3,0 3,1 „Kai Havertz“. Chelsea FC. Архивирано од изворникот на 2 September 2022. Посетено на 2 September 2022.
  4. „Kai Havertz: Profile“. worldfootball.net. HEIM:SPIEL. Архивирано од изворникот 22 October 2020. Посетено на 22 October 2020.
  5. „Ein Mariadorfer Junge erhält Fritz-Walter-Medaille des DFB“. alemannia-mariadorf.de (германски).
  6. „Bayer Leverkusens jüngster Profi trägt sich ins Goldene Buch ein“. aachener-zeitung.de (германски). 29 June 2017. Посетено на 20 October 2021.
  7. Kramer, Jörg (23 January 2019). „Die Ruhe selbst“. Die Zeit (германски). Посетено на 27 April 2022.
  8. „Who is Sophia Weber? Know about Kai Havertz Girlfriend @Sportskeeda“. www.sportskeeda.com (англиски). Посетено на 27 October 2022.
  9. „FourFourTwo's 100 Best Teenagers in the World 2017: No.6, Kai Havertz“ (англиски). FourFourTwo. 9 ноември 2017. Посетено на 5 јануари 2018.
  10. „Bayer Leverkusen's Kai Havertz: 50 percent Ballack, 50 percent Özil, 100 percent talented“ (англиски). Посетено на 5 јануари 2018.
  11. Andrea Pettinello (6 октомври 2017). „Kai Havertz, il ragazzino tedesco che ha stregato Klopp“. Посетено на 5 јануари 2018. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help); Занемарен непознатиот параметар |urlarchive= (help)
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 „Pléa, Hermoso, Havertz, Sancho e...: ecco i nuovi talenti europei“. Посетено на 26 декември 2019.
  13. Lars Wallrodt (21 февруари 2017). „Kai Havertz (17) gilt als Deutschlands neuer Mesut Özil“ (германски). Die Welt. Посетено на 5 јануари 2018.
  14. „Kai Havertz's journey: From Grandad's guidance to becoming Germany's next great star“. Bundesliga. 27 April 2020. Архивирано од изворникот 27 July 2020. Посетено на 27 April 2020.
  15. 15,0 15,1 Röber, Philip (4 February 2017). „UEFA.com's weekly wonderkid: Kai Havertz“. UEFA. Архивирано од изворникот 15 May 2019. Посетено на 4 April 2017.
  16. „Werder Bremen v Bayer Leverkusen“. Soccerway. Perform Group. Архивирано од изворникот 30 November 2019. Посетено на 4 April 2017.
  17. „Florian Wirtz replaces Kai Havertz as Bayer Leverkusen's youngest ever player“. Bundesliga. 18 May 2020. Архивирано од изворникот 30 July 2020. Посетено на 19 May 2020.
  18. Fahey, Ciaran (2 April 2017). „Gomez hat trick but Wolfsburg held 3–3 at Leverkusen“. New Jersey Herald. Архивирано од изворникот 4 April 2017. Посетено на 4 April 2017.
  19. Gladwell, Ben (2 April 2017). „Rising Star: Bayer Leverkusen's Kai Havertz“. Bundesliga. Архивирано од изворникот 14 July 2019. Посетено на 4 April 2017.
  20. Mende, Jens; Krṻhler, Andreas (20 May 2017). „Hertha trotz 2:6 gegen Bayer kurz vor Europa“. Dewezet. Архивирано од изворникот на 4 September 2020. Посетено на 20 May 2017.(на германски)
  21. „Bayer Leverkusen's Kai Havertz becomes youngest player in history to reach 50 appearances“. Bundesliga. 14 April 2018. Архивирано од изворникот 19 June 2020. Посетено на 14 April 2018.
  22. „Bayer Leverkusen: record de précocité pour Kai Havertz“. L'Équipe (француски). Paris. 14 April 2018. Архивирано од изворникот 19 June 2020. Посетено на 15 April 2018.
  23. „Kai Havertz, Lucas Alario and Julian Brandt secure Champions League spot for Bayer Leverkusen“. Bundesliga. 18 May 2019. Архивирано од изворникот 21 April 2020. Посетено на 19 May 2019.
  24. „Borussia Dortmund captain Marco Reus named Germany's Footballer of the Year 2019“. Bundesliga. 29 July 2019. Архивирано од изворникот 21 April 2020. Посетено на 1 August 2019.
  25. „Kai Havertz makes history as Bayer Leverkusen overcome new boys Paderborn“. Bundesliga. 18 August 2019. Архивирано од изворникот 19 June 2020. Посетено на 19 August 2019.
  26. „Kai Havertz: 100 Bundesliga appearances for Bayer Leverkusen at 20“. Bundesliga. 15 December 2019. Архивирано од изворникот 12 June 2020. Посетено на 17 December 2019.
  27. „Chelsea have Havertz“. Chelsea F.C. 4 September 2020. Архивирано од изворникот 24 September 2020. Посетено на 4 September 2020.
  28. „Transfer completed: Havertz joins Chelsea“. bayer04.de. 4 September 2020. Архивирано од изворникот 24 September 2020. Посетено на 4 September 2020.
  29. Law, Matt (4 September 2020). „Kai Havertz completes move to Chelsea for £62million“. The Daily Telegraph. London. Архивирано од изворникот 24 September 2020. Посетено на 6 September 2020.
  30. „Kai Havertz: Chelsea sign Bayer Leverkusen midfielder in £71m deal“. BBC Sport. 4 September 2020. Посетено на 14 February 2022.
  31. „Havertz admits Premier League is 'much tougher than the Bundesliga' after testing Chelsea debut“. Goal.com. Perform Group. 15 September 2020. Архивирано од изворникот 24 September 2020. Посетено на 15 September 2020.
  32. „Chelsea 6–0 Barnsley: Kai Havertz hits hat-trick as Blues romp into round four of Carabao Cup“. Sky Sports. 23 September 2020. Архивирано од изворникот 24 September 2020. Посетено на 24 September 2020.
  33. Hafez, Shamoon (17 October 2020). „Chelsea 3–3 Southampton“. BBC Sport. Посетено на 14 February 2022.
  34. „Man. City 0–1 Chelsea: Havertz gives Blues second Champions League triumph“. UEFA. 29 May 2021. Посетено на 29 May 2021.
  35. „Chelsea Defeats Man City to Win Champions League Final Behind Havertz Goal“. Sports Illustrated. 29 May 2021. Посетено на 29 May 2021.
  36. „Uefa Super Cup RECAP: Chelsea beat Villarreal on penalties thanks to Kepa heroics“. Mirror. 11 August 2021. Посетено на 29 August 2021.
  37. Steinberg, Jacob (12 February 2022). „Chelsea crowned world champions after Kai Havertz penalty sinks Palmeiras“. The Guardian. Посетено на 12 March 2022.
  38. 38,0 38,1 38,2 „Kai Havertz to Arsenal: Why Chelsea were willing to let him go and why he is attractive to the Gunners“. skysports. 29 јуни 2023. Посетено на 14 мај 2024.
  39. „Kai Havertz joins on long-term contract“. Arsenal FC. 28 June 2023. Посетено на 29 June 2023.
  40. „Arsenal 1–1 Man City (4–1 on pens)“. 6 August 2023.
  41. „Kai Havertz scored his first goal for Arsenal with a penalty as they comfortably beat winless Bournemouth in the Premier League at Vitality Stadium“. BBC Sport. 30 September 2023. Посетено на 30 September 2023.
  42. Gibbons, Mike (2023-11-25). „BRENTFORD 0-1 ARSENAL: KAI HAVERTZ HEADER SEES MIKEL ARTETA'S SIDE GO TOP OF PREMIER LEAGUE“. Eurosport. Посетено на 2024-03-04.
  43. Victor, Tom (2023-11-29). „Arsenal winners and losers in Lens thrashing as Kai Havertz revival gathers pace“. Daily Mirror. Посетено на 2024-03-04.
  44. „Arsenal 4-1 Newcastle United: Hosts record their sixth consecutive Premier League win“. BBC. 2024-02-24. Посетено на 2024-05-21.
  45. „Nations League: Drei Neue, drei Rückkehrer“ (германски). 30 август 2018. Посетено на 2021-05-30.
  46. „BRANDT SCORES IN HAVERTZ' INTERNATIONAL DEBUT“ (англиски). Посетено на 2021-05-30.
  47. „Serge Gnabry è entrato nella storia della nazionale tedesca“. Архивирано од изворникот на 2019-10-11. Посетено на 11 октомври 2019.
  48. „Kai Havertz on scoring his first goal for Germany: 'I dreamt of this moment as a kid' (англиски). Посетено на 11 октомври 2019.
  49. „EM-Kader offiziell: Löw beruft Müller, Hummels und Volland“. kicker.de (германски). 19 May 2021. Посетено на 19 May 2021.
  50. „Two Portugal own goals help Germany to win in six-goal thriller“. ESPN. 19 June 2021. Посетено на 19 June 2021.
  51. Namboothiri, Adithya (24 June 2021). „Euro 2020: Germany 2-2 Hungary Post-Match Analysis“. FootballExpress.co.uk. Посетено на 24 June 2021.
  52. „Flick beruft Moukoko, Füllkrug und Götze in WM-Kader“ (германски). German Football Association. 10 November 2022. Посетено на 10 November 2022.
  53. „World Cup 2022 - Costa Rica 2-4 Germany: Four-time tournament winners exit at group stage again“. Sky Sports. 1 December 2022.
  54. „Youngest to play 100 Bundesliga games: Havertz in numbers“. Посетено на 11 декември 2022.
  55. McNulty, Phil (29 May 2021). „Man. City 0–1 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 31 May 2021.
  56. Sterling, Mark (11 August 2021). „Chelsea 1–1 Villarreal“. BBC Sport. Посетено на 14 February 2022.
  57. „Chelsea 2–1 Palmeiras“. BBC Sport. 12 February 2022. Посетено на 14 February 2022.
  58. „2018/19 Bundesliga Team of the Season“. Bundesliga. 27 May 2019. Посетено на 27 May 2019.
  59. „UEFA Europa League Squad of the Season“. UEFA. 26 August 2020. Архивирано од изворникот 27 September 2020. Посетено на 26 August 2020.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]