ФК Рединг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Рединг
Logo
Целосно имеReading Football Club
ПрекарThe Royals
Основан1871
СтадионМадејски Стадион
Рединг, Англија
Капацитет24,161
ПретседателКина Даи Јонге
МенаџерАнглија Пол Клемент
ЛигаЧемпионшип лига
2018–19Чемпионшип лига, 20-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

ФК Рединг (на англиски јазик: Reading Football Club) е англиски фудбалски клуб од градот Рединг.

Клубот е основан во 1871 година и покрај тоа што е еден од најстарите тимови во Англија, тие никогаш не играле во највисокото ниво на англискиот фудбал се до сезоната 2006-2007. На 25 март 2006 година тие обезбедиле промоција во Премиер лигата и во текот на сезоната 2006-07, тие за прв пат се натпреварувале во елитната дивизија на Англија.

Прекарот на Рединг е кралевите, поради фактот што тимот се наоѓа во кралската грофовија Беркшир. Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот „Мадејски“, кој има капацитет од 24,161 место, и го носи името на поранешниот претседател на клубот Сер Џон Мадејски.

Историја[уреди | уреди извор]

Рединг бил основан во 1871 година. Во тој момент прекарот на клубот бил бисквитџиите поради светски познатитите производители на бисквити од градот Рединг „Хантли енд Палмерс“. Во 1970-тите на 20 век Рединг добива нов прекар кралевите.

Клубот играл на игралиштето за крикет (1878-1882), па потоа на Коули Парк (1882-1889) и теренот за крикет Каверсам (1889-1896). Во 1895 година клубот станува професионален и на 5 септември 1896 се сели стадионот Елм Парк. По повеќе од еден век, во 1998 година, Рединг започнува да ги игра своите натпревари на новиот нивен стадион Мадејски.

Во 1920 година Рединг е поканен да игра во Третата дивизија на фудбалската лига и долги години се задржува тука со исклучок на неколку сезони. Во сезон 1994-95 клубот е поразен во плеј-офот од Болтон и така станува првиот тим во Првата и Втората дивизија, којшто завршува втор и не успева да се искачи во погорната дивизија. Тоа се случва, поради тоа што во Премиер лигата се намалил бројот на тимовите. Во сезоната 2002-03 Рединг бил многу близу до првата тројка и завршуваат четврти; во плејофот тие се поразени од „Вулверхемптон во полуфиналето.

На 25 март 2006 година Рединг обезбедува промоција во Премиер лигата за први пат во нивната историја. Тие имаа фантастична дебитантска сезона завршвајќи 8-ми на табелата и им недостасуваше само 1 бод да се пласираат во Купот на УЕФА. Во следната сезона тимот настрада од синдромот на втора година, и Рединг завршувајќи како 18 во лигата се врати во Чемпионшип.

Најдоброто постигнување на Рединг во ФА Купот е во сезоната 1926-27, кога тие стигнале до полуфиналето. Во сезоните 2009-2010 и 2010-2011 тимот двапати едноподруго стигаше до четвртфиналето.

Поддржувачи и ривалства[уреди | уреди извор]

Навивачите на Рединг на натпревар на Елм парк во 1913 година

Во 2001 година, Рединг стана првиот фудбалски клуб кој ги регистрирал своите фанови како официјални членови на тимот, давајќи им број на "играч", а тоа беше бројот 13 кој во моментов е заземен од страна на Навивачите на Рединг и веројатно уште долго ќе биде зафатен од нив.

Пред да излезат од бизнисот во 1992 година, Олдершот беа најголемите ривали на Рединг. Имено, меѓу навивачките групи на двата тима имало често силен судир, а борбите меѓу навивачите се случувале во неколку наврати. Силните чувства меѓу навивачите на Рединг и навивачите на Олдершот Таун останале, и по исклучувањето на клуб на Олдершот. Со повторното приклучување на Олдершот Таун во лигата во 2008 година, останува да се види дали ова традиционално ривалство ќе биде обновено.

По излегувањето на Олдершот од професионалните дивизии, главни локални ривали на Рединг биле Оксфорд Јунајтед и Свиндон Таун. Кога трите екипи во една сезона се нашле во иста лига, нивното ривалство било наречено како "Дидкот Триаголник".

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Италија ГМ Вито Маноне
2 Велс ОД Крис Гантер
3 Гана ОД Енди Јиадом
4 Ирска ОД Џон О'Шеи
5 Ирска ОД Пол Мекшејн Captain sports.svg
6 Англија ОД Лиам Мур
7 Холандија НП Леандро Бакуна
8 Ирска СР Дејвид Мејлер
9 Англија НП Сем Балдок
10 Англија НП Џон Свифт
11 Англија ОД Џордан Обита
12 Англија СР Гарат Меклири
14 Нигерија НП Соне Алуко
15 Англија СР Калум Хариот
16 Велс СР Дејвид Едвардс
Бр. Позиција Играч
17 Гамбија ОД Моду Бароу
19 Англија СР Џош Симс
20 Португалија ОД Тијаго Илори
21 Брег на Слоновата Коска НП Јаку Меите
22 Холандија СР Пеле Клемент
23 Исланд НП Јон Дади Бодварсон
24 Англија ОД Тајлер Блекет
25 Романија СР Адријан Попа
27 Англија СР Омар Ричардс
28 Англија ГМ Сем Вокер
29 Англија НП Марк МекНалти
31 Финска ГМ Анси Јакола
32 Иран СР Саид Езатолахи
35 Англија СР Енди Риномхота
38 Ирска СР Лиам Кели

Надворешни врски[уреди | уреди извор]