Џон О'Шеи
![]() | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден на | 30 април 1981 | ||
Роден во | Ватерфорд, Ирска | ||
Висина | м | 1,90||
Позиција | десен бек | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 16 | ||
Младинска кариера | |||
Манчестер Јунајтед | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст.† | (Гол.)† |
1999 | Манчестер Јунајтед | 256 | (10) |
2000 | →Бурнемаут (позајмен) | 10 | (1) |
2001 | →Антверпен (позајмен) | 14 | (0) |
2011 | Сандерленд | 28 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2001- | Ирска | 79 | (1) |
† Учества (Голови). |
Џон Френсис О'Шеи (роден на 30 април 1981 година) е ирски професионален фудбалер, кој во моментов игра во одбраната на англискиот премиерлигашки тим Сандерленд и Националниот тим на Република Ирска. Неговата сила е неговата флексибилност во играта, тој може да игра на неколку позиции на десната, на левата страна и во центаралниот дел од теренот.
О'Шеи го направи своето деби во селекцијата на Република Ирска во 2001 година против Хрватска и оттогаш има направено преку 70 настапи за неговата земја, постигнувајќи еден гол во 2003 година против Австралија. Тој беше дел од тимот што на контроверзен начин го загуби плеј-офот за пласман на 2010 ФИФА Светско Првенство од селекцијата на Франција и продолжи да игра во репрезентативниот тим и настапи на Евро 2012.
Роден во Ватерфорд, О'Шеи му се приклучи на Манчестер Јунајтед кога имал 17 години. Тој помина период на заем во англискиот нисколигаш Бурнемаут и белгискиот Ројал Антверпен пред да се утврди во првиот тим на Манчестер Јунајтед, каде направи речиси 400 настапи во сите натпреварувања за период од над 10 години. Со Манчестер Јунајтед О'Шеи освои све што можеше во неговиот престој таму: пет титули во Премиер лигата, една во ФА Купот, три Лига купа, Лигата на Шампионите во 2008-мата година и Светското клупско првенство. Тој му се приклучи на Сандерленд во јули 2011 година.
Титули[уреди | уреди извор]
Манчестер Јунајтед[уреди | уреди извор]
Премиер лига : 2002-03, 2006-07, 2007-08, 2008-09, 2010-11
ФА Куп : 2003-04
Лига куп : 2005-06, 2008-09, 2009-10
ФА Комјунити Шилд : 2003, 2007, 2008, 2010
Лига на шампиони : 2007-08
ФИФА Светско клупско првенство : 2008
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Profile at ManUtd.com
- John O'Shea profile профил на Џон О'Шеи на soccerway
- John O'Shea's Premier League profile
|