Прејди на содржината

Јон Дади Бодварсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јон Дади Бодварсон
Лични податоци
Полно име Јон Дади Бодварсон[1]
Роден на 25 мај 1992(1992-05-25)(33 г.)[2]
Роден во Селфос, Исланд
Држава Исланд Исланд
Висина &100000000000001890000001,89 м[2]
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Милвол Милвол
Број 22
Младинска кариера
Селфос Селфос
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2012 Селфос Селфос 80 (18)
2013-2015 Викинг Викинг 81 (15)
2016 Кајзерслаутерн Кајзерслаутерн 15 (2)
2016-2017 Вулверхемптон Вулверхемптон 42 (3)
2017-2019 Рединг Рединг 53 (14)
2019- Милвол Милвол 60 (5)
Репрезентација
2009-2010 Исланд Исланд 19 7 (1)
2011-2014 Исланд Исланд 21 12 (2)
2012- Исланд Исланд 39 (2)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Јон Дади Бодварсон (роден во Селфос, 25 мај 1992) е исландски фудбалер, напаѓач на Милвол и на исландската репрезентација.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Јон Дади Бодварсон ја започнал својата кариера во екипата од неговиот роден град Селфос, за која дебитирал во текот на сезоната 2009 во втората исландска лига. Со 16 настапи и еден гол Бодварсон му помогнал на Селфос да избори промоција во највисоката дивизија во земјата, во која пак тој дебитирал на 11 мај 2010 во поразот на домашен терен со 1-3 од Филкир, натпревар во кој исто така го забележал и својот прв погодок во Првата лига на Исланд.[3] Во Селфос се задржал 4 сезони забележувајќи повеќе од 100 настапи и 21 гол во сите натпреварувања.

Во ноември 2012 година, Бодварсон направил трансфер во норвешкиот Викинг.[4] Тој одиграл три сезони за Викинг во Норвешката Премиер лига, од кој најуспешна му е била последната во која имал 9 гола и 8 асистенции во првенството и 6 гола и 6 асистенции во Купот на Норвешка. На 22 април 2015, Бодварсон постигнал хет-трик за само 18 минути поминати на теренот во победата со 7-0 на гостувањето кај Алгард во рамките на првото коло на Купот на Норвешка,[5] а подоцна во второто коло на истото натпреварување постигнал гол и додал уште четири асистенции во победата со 9-0 на гостувањето кај Варег.[6] На 11 јули 2015, Бодварсон постигнал два гола и бил асистент за уште еден во победата со 4-1 над Олесунд на СР-Банк Арена.[7] Вкупно за Викинг одиграл 92 натпревари и постигнал 23 гола.

Кајзерслаутерн

[уреди | уреди извор]

Во јануари 2016, Бодварсон се преселил во германскиот второлигаш Кајзерслаутерн со кој веќе во јуни 2015 имал потпишано преддоговор за трансфер на три години.[8] Своето деби на Кајзерслаутерн го забележал на 5 февруари 2016 против Унион Берлин. Својот прв од двата гола кој ги постигнал како играч на Кајзерслаутерн дошол на 4 март 2016 година во поразот со 2-1 на гостувањето кај Нирнберг.[9] На 3 април 2016, тој повторно бил стрелец, овој пат од пенал, во победата со 2-0 на домашен терен над Сандхаусен.[10] Во последното коло од сезоната против Сент Паули, Бодварсон забележал две асистенции во поразот на неговата екипа со 5-2.[11] И покрај релативно добрите игри во кои на 15 натпревари постигнал 2 гола и имал 3 асистенции, оваа полусезона се покажала како единствена за Бодварсон во дресот на Кајзерслаутерн бидејќи во летото 2016 се решил да ја промени клупската средина.

Вулверхемптон

[уреди | уреди извор]
Бодварсон во дресот на Вулверхемптон Вондерерс.

На 2 август 2016 година, Јон Дади Бодварсон потпишал договор со англискиот Чемпионшип клуб Вулверхемптон Вондерерс за необјавена сума обврзувајќи се на договор од три години.[12] На 6 август 2016, Бодварсон дебитирал со погодок во дресот на волците во ремито 2-2 против Ротерам Јунајтед.[13] Неговото деби исто така, означувало дека тој станал 1000-тиот играч кој се појавил за клубот во првенствен натпревар.[14] На 16 август 2016, Бодварсон за првпат во кариерата промашил пенал во натпреварот против Ипсвич Таун што завршил без голови 0-0, кога неговиот удар од белата точка бил успешно одбранет од голманот на Таун Бартош Бјалоковски.[15] Сепак само четири дена подоцна, Бодварсон го постигнал и својот втор погодок за Вулверхемптон во Чемпионшип, третиот за својот тим и последен на натпреварот во победата со 3-1 на гостувањето кај Бирмингем Сити.[16] Својот трет погодок за волците го постигнал во поразот со 3-1 од Бристол Сити во април 2017. Сезоната во Вулверхемтон ја завршил со 42 настапи во Чемпионшип и 6 во куповите запишувајќи 3 гола и 4 асистенции. Исто така бил избран за fan favourite од навивачите на Вондерерс.

На 14 јули 2017, Бодварсон повторно по кратко време го променил својот клуб приклучувајќи му се на Рединг, уште еден клуб од Чемпионшип, со кој потпишал тригодишен договор.[17] Во клубот избрал да го носи дресот со број 23. Своето деби за кралските поданици го имал на отворањето на сезоната 2017-2018 во Чемпионшип, во поразот со 2-0 на гостувањето кај Квинс Парк Ренџерс. Истиот натпревар Бодварсон морал да го заврши предвреме бидејќи се здобил со повреда на коленото, поради која бил заменет во 59-тата минута од Омар Ричардс.[18] Повредата го извадила од акција за три недели поради што прошуштил 5 натпревари на својот клуб. Своето враќање на терените Бодварсон го направил на 26 август 2017 на гостувањето кај Бирмингем Сити, натпревар во кој го постигнал својот прв погодок во дресот на Рединг, првиот за клубот во победата со 2-0.[19] На 16 јануари 2018, Бодварсон го постигнал својот прв хет-трик во дресот на Рединг, втор во кариерата во победата со 3-0 над Стивениџ во третото коло на ФА Купот.[20] На 30 јануари за првпат постигнал два гола во еден натпревар од Чемпионшип, во победата со 3-1 на гостувањето кај Бартон Албион. Својата прва сезона во Рединг ја завршил со вкупно 48 настапи и 10 гола.

Својата втора сезона со Рединг ја започнал со погодок во првото коло во лигата против Дарби Каунти на Мадејски стадионот, но сепак по целосниот пресврт неговиот тим бил поразен со 1-2.[21] Втората негова сезона во дресот на Ројалс била испрекината од бројни повреди поради кои и го загубил статусот на првотимец и важен играч за клубот. Вкупно за Рединг одиграл 55 натпревари и постигнал 17 голови.

На 12 јуни 2019, Бодварсон потпишал за Милвол, која била третата екипа од Чемпионшип за која заиграл.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Бодварсон играл за младинските репрезентации на Исланд под 19 и под 21 година.

Своето деби за сениорската репрезентација го направил на 14 ноември 2012, влегувајќи како замена на местото на Матијас Вилхјалмсон во победата со 2-0 во пријателски натпревар против Андора. Својот прв репрезентативен погодок го постигнал на 9 септември 2014 во победата со 3–0 над Турција во натпревар од квалификациите за Европското првенство 2016.

Тој бил избран да учествува на Европското првенство 2016, првиот меѓународен турнир на кој Исланд воопшто се пласирал. Бодварсон ги започнал сите пет натпревари на турнирот во Франција и постигнал гол во последниот натпревар од групната фаза против Австрија што им обезбедил на исланѓаните прогрес во следната фаза.

На 27 јуни 2016, Јон Дади играл против Англија во осминафиналето на Евро 2016 на Алијанц Ривиера во Ница, каде Исланд го изненадил фаворитот совладувајќи го со 2–1 и пласирајќи се во четвртфиналето.[22]

Две години подоцна Бодварсон бил селектиран меѓу 23-цата играчи на Исланд кој биле пријавени за настап на Светското првенство 2018 во Русија.[23] Своето деби на првенството го направил во вториот натпревар од групната фаза во кој Исланд бил поразен од Нигерија со 2-0. Тоа бил неговиот единствен настап на турнирот, на кој Исланд бил елиминиран уште во групната фаза завршувајќи на последното место во групата Д.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Исланд
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14 ноември 2012Андора ла ВељаАндора Андора0 – 2Исланд ИсландПријателска-влегол во игра 80'
21-1-2014Абу ДабиИсланд Исланд0 – 2Шведска ШведскаПријателска-
30-5-2014ИнсбрукАвстрија Австрија1 – 1Исланд ИсландПријателска-влегол во игра 61'
9-9-2014РејкјавикИсланд Исланд3 – 0Турција ТурцијаКвал. за Евро 20161заменет 90+2'
10 октомври 2014РигаЛатвија Латвија0 – 3Исланд ИсландКвал. за Евро 2016-заменет 77'
13 октомври 2014РејкјавикИсланд Исланд2 – 0Холандија ХоландијаКвал. за Евро 2016-заменет 89'
12 ноември 2014БриселБелгија Белгија3 – 1Исланд ИсландПријателска-влегол во игра 74'
16 ноември 2014П’лзењЧешка Чешка2 – 1Исланд ИсландКвал. за Евро 2016-
16-1-2015ОрландоКанада Канада1 – 2Исланд ИсландПријателска-заменет 72'
19-1-2015ОрландоКанада Канада1 – 1Исланд ИсландПријателска-заменет 46'
28-3-2015АстанаКазахстан Казахстан0 – 3Исланд ИсландКвал. за Евро 2016-влегол во игра 70'
31-3-2015ТалинЕстонија Естонија1 – 1Исланд ИсландПријателска-заменет 46'
12-6-2015РејкјавикИсланд Исланд2 – 1Чешка ЧешкаКвал. за Евро 2016-влегол во игра 63'
3-9-2015АмстердамХоландија Холандија0 – 1Исланд ИсландКвал. за Евро 2016-заменет 78'
6-9-2015РејкјавикИсланд Исланд0 – 0Казахстан КазахстанКвал. за Евро 2016-заменет 85'
13 октомври 2015КоњаТурција Турција1 – 0Исланд ИсландКвал. за Евро 2016-заменет 82'
13 ноември 2015ВаршаваПолска Полска4 – 2Исланд ИсландПријателска-заменет 78'
17 ноември 2015ЖилинаСловачка Словачка3 – 1Исланд ИсландПријателска-заменет 71'
24-3-2016ХернингДанска Данска2 – 1Исланд ИсландПријателска-влегол во игра 72' добил жолт картон во 90-тата минута 90'
29-3-2016ПирејГрција Грција2 – 3Исланд ИсландПријателска-заменет 83'
1-6-2016ОслоНорвешка Норвешка3 – 2Исланд ИсландПријателска-заменет 46'
14-6-2016Сент-ЕтјенПортугалија Португалија1 – 1Исланд ИсландЕвро 2016 - Прва фаза-дет.
18-6-2016МарсејИсланд Исланд1 – 1Унгарија УнгаријаЕвро 2016 - Прва фаза-заменет 69'дет.
22-6-2016Сен ДениИсланд Исланд2 – 1Австрија АвстријаЕвро 2016 - Прва фаза1заменет 71'дет.
27-6-2016НицаАнглија Англија1 – 2Исланд ИсландЕвро 2016 - Осминафинале-заменет 89'
3-7-2016Сен ДениФранција Франција5 – 2Исланд ИсландЕвро 2016 - Четвртфинале-заменет 46'
5-9-2016КиевУкраина Украина1 – 1Исланд ИсландКвал. за СП 2018-
9 октомври 2016РејкјавикИсланд Исланд2 – 0Турција ТурцијаКвал. за СП 2018-заменет 62'
12 ноември 2016ЗагребХрватска Хрватска2 – 0Исланд ИсландКвал. за СП 2018-заменет 75'
15 ноември 2016Та-КалиМалта Малта0 – 2Исланд ИсландПријателска-влегол во игра 69'
24-3-2017МитровицаКосово Косово1 – 2Исланд ИсландКвал. за СП 2018-влегол во игра 69'
28-3-2017ДаблинИрска Ирска0 – 1Исланд ИсландПријателска-
2-9-2017ТампереФинска Финска1 – 0Исланд ИсландКвал. за СП 2018-влегол во игра 88'
5-9-2017РејкјавикИсланд Исланд2 – 0Украина УкраинаКвал. за СП 2018-заменет 67'
6 октомври 2017ЕскишехирТурција Турција0 – 3Исланд ИсландКвал. за СП 2018-
9 октомври 2017РејкјавикИсланд Исланд2 – 0Косово КосовоКвал. за СП 2018-заменет 61'
2-6-2018РејкјавикИсланд Исланд2 – 3Норвешка НорвешкаПријателска-заменет 63'
7-6-2018РејкјавикИсланд Исланд2 – 2Гана ГанаПријателска-влегол во игра 64'
22-6-2018ВолгоградНигерија Нигерија2 – 0Исланд ИсландСП 2018 - Прва фаза-заменет 71'дет.
Вкупно Настапи 39 Голови 2

Клупска статистика

[уреди | уреди извор]
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2008Исланд Селфос00КИ+ЛКИ1+00------10
2009161КИ+ЛКИ2+50------231
2010У213КИ+ЛКИ1+70+2------295
2011217КИ+ЛКИ2+00+2------237
2012У227КИ+ЛКИ3+71+0------328
Вкупно Селфос80189+191+2----10821
2013Норвешка ВикингЕС231КН21------252
2014ЕС295КН31------326
2015ЕС299КН66------3515
Вкупно Викинг8115118----9223
јан.-јун. 2016Германија Кајзерслаутерн152КГ--------152
2016-2017Англија ВулверхемптонФЛЧ423ФАКуп+ЛК3+30------483
2017-2018Англија РедингФЛЧ337ФАКуп+ЛК2+13+0------3610
2018-2019ФЛЧ11ФАКуп+ЛК0+00------11
Вкупно Рединг3482+13+0----3711
Вкупно во кариерата252464816-----30060
  1. „EFL: Club list of registered players“ (PDF). English Football League. 20 May 2017. стр. 41. Посетено на 6 October 2017.
  2. 1 2 „2018 FIFA World Cup Russia: List of players: Iceland“ (PDF). FIFA. 10 June 2018. стр. 13. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-06-19. Посетено на 10 June 2018.
  3. soccerway.com (уред.). „Selfoss vs Fylkir“. Посетено на 30 ноември 2012.
  4. „Böðvarsson første signering“ (норвешки). Viking Fotboll. 30 November 2012. Архивирано од изворникот на 3 September 2016.
  5. „NM Cup 2015, Algard FK - Viking Stavanger 0-7“. transfermarkt. 22 април 2015. Посетено на 6 август 2018.
  6. „NM Cup 2015, Varegg Fotball - Viking Stavanger 0-9“. transfermarkt. 7 мај 2015. Посетено на 6 август 2018.
  7. „Eliteserien 2015, Viking Stavanger - Aalesunds FK 4-1“. transfermarkt. 11 јули 2015. Посетено на 6 август 2018.
  8. „FCK verpflichtet Jón Daði Böðvarsson“ (германски). Kaiserslautern. 17 June 2015.[мртва врска]
  9. „Jón Daði Böðvarsson“ (германски). Fussballdaten.de.
  10. „2. Bundesliga 2015/2016 » 28. Spieltag » 1. FC Kaiserslautern - SV Sandhausen 2:0“. weltfussball.de. 3 април 2015. Посетено на 6 август 2018.
  11. „2. Bundesliga 2015/2016 » 34. Spieltag » FC St. Pauli - 1. FC Kaiserslautern 5:2“. weltfussball.de. 15 мај 2016. Посетено на 6 август 2018.
  12. „Bodvarsson signs for Wolves“. Wolverhampton Wanderers F.C. 2 August 2016.
  13. „Rotherham 2 Wolves 2 – Report and Pictures“. 6 August 2016. Архивирано од изворникот на 2016-10-15. Посетено на 2018-08-06.
  14. „Players Refused To Lose“. 6 August 2016.
  15. Stuart Watson (16 август 2016). „Report: Wolves 0 Ipswich Town 0 – Bialkowski saves penalty, Murphy goal controversially chalked off“. eadt.co.uk. Архивирано од изворникот на 2020-10-06. Посетено на 7 август 2018.
  16. „Birmingham City 1-3 Wolverhampton Wanderers“. BBC. 20 август. Посетено на 7 август. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  17. „Jón Daði Böðvarsson is a Royal!“. readingfc.co.uk. Reading F.C. 14 July 2017. Посетено на 14 July 2017.
  18. Jonathan Low (13 август 2017). „Jaap Stam issues injury updates on Beerens, McCleary, Obita and Bodvarsson“. getreading.co.uk. Text "7 август 2018" ignored (help)
  19. „Birmingham 0-2 Reading“. BBC. 26 August 2017. Посетено на 29 August 2017.
  20. „Reading 3-0 Stevenage: Jon Dadi Bodvarsson nets stunning hat-trick (in two different coloured kits) to fire hosts into fourth round of the FA Cup“. dailymail. 16 јануари 2018. Посетено на 7 август 2018.
  21. Dan Long (4 август 2018). „Reading 1-2 Derby: Tom Lawrence heads late winner in Championship opener“. skysport. Посетено на 8 август 2018.
  22. „England 1 Iceland 2: Fairytale continues as Hodgson's men crash out“. FourFourTwo. 27 June 2016. Посетено на 28 June 2016.
  23. „A karla - Hópurinn sem fer á HM í Rússlandi“. ksi.is (исландски). Football Association of Iceland. 11 May 2018. Посетено на 11 May 2018.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]