Тијаго Илори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тијаго Илори
Tiago Ilori (cropped 2).jpg
Лични податоци
Роден на 26 февруари 1993 (1993-02-26) (26 г.)
Роден во Хампстед, Англија
Држава Португалија Португалија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Број 3
Младинска кариера
Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон
Ешторил Ешторил
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011-2013 Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 12 (1)
2012-2013 Спортинг Лисабон Б Спортинг Лисабон Б 20 (0)
2013-2017 Ливерпул Ливерпул 0 (0)
2014Гранада Гранада 9 (0)
2014-2015Бордо Бордо 16 (1)
2015-2016Астон Вила Астон Вила 0 (0)
2017-2019 Рединг Рединг 53 (1)
2019- Спортинг Лисабон Спортинг Лисабон 3 (0)
Репрезентација
2010-2011 Португалија Португалија 18 2 (0)
2011-2012 Португалија Португалија 19 15 (1)
2012-2013 Португалија Португалија 20 9 (0)
2013-2015 Португалија Португалија 21 10 (1)
2016 Португалија Португалија 23 3 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 3 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 3 јули 2012

Тијаго Абиола Делфим Алмеида Илори (роден на 26 февруари, 1993 во Хампстед) е португалски фудбалер, играч од одбраната на Спортинг Лисабон.

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е во Хампстед, Лондон,[1] од татко британец со нигериско потекло и мајка португалка. Своето детство го поминал во градот Албуфеира, каде започнал да игра фудбал.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Својата фудбалска кариера ја започнал во екипата на Спортинг Лисабон на која и се приклучил во младинските категории во 2006 година.[2] Своето деби за првиот тим на Спортинг го направил на 6 ноември 2011, играјќи ги комплетните 90 минути во победата со 3-1 на домашен терен над Леирија во Примеира лига.[3] На 14 декември, го одиграл својот прв натпревар во Лигата на Европа, во поразот со 2-0 од Лацио на Олимпико.[4] Во својот четврти настап за Спортинг, Илори го постигнал првиот погодок за клубот во победата со 3-2 над Жил Висенте.[5]

На 2 септември 2013, Илори потпишал за Ливерпул во трансфер вреден 7 милиони фунти.[6][7]

Откако не одиграл ниту еден натпревар за Ливерпул во првиот дел од сезоната, тој бил позајмен на Гранада до крајот на сезоната 2013-2014. Своето деби за андалузијците го направил во поразот со 1-0 на гостувањето кај Еспањол на 7 февруари 2014. Во следниот натпревар тој му асистирал на Пити за единствениот гол во победата над Реал Бетис.[8]

Следната сезона бил проследен на нова позајмица, овојпат во Бордо.[9] За франускиот клуб одиграл 12 натпревари и постигнал еден гол во ремито 1-1 против Сент Етјен.[10]

За сезоната 2015-2016, бил позајмен во Астон Вила до крајот на сезоната, но откако не одиграл ниту еден натпревар за клубот заемот бил прекинат во јануари 2016 и тој се вратил во Ливерпул. Следниот ден по враќањето во Ливерпул, тој го одиграл својот единствен натпрвар за "црвените" од Енфилд против Ексетер Сити во ФА Купот.[11]

На 18 јануари 2017, Илори потпишал за клубот од Чемпионшип лигата, Рединг, за сума од без малку 4 милиони фунти.[12][13] Своето деби за кралските поданици го направил три дена подоцна, во поразот со 3-2 на гостувањето кај Дерби Каунти.[14] Тој одиграл вкупно 8 натпревари за клубот во сезоната 2017-2018, и бил во тимот на Рединг кој го играл финалето на плејофот за промоција во Премиер лигата на 29 мај, во кое загубиле од Хадерсфилд Таун по изведување на пенали. Својот прв погодок за Рединг го постигнал на 15 септември 2018, во гостинската победа со 3-2 над Престон Норт Енд. Вкупно за Рединг во две ипол сезони одиграл 64 натпревари и постигнал 1 гол.

На 29 јануари 2019, Илори се вратил во Спортинг Лисабон по 5 ипол години,[15] потпишувајќи четири ипол годишен договор со клубот.[16]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Илори играл за португалската репрезентација на четири различни нивоа, претставувајќи ја својата земја на Европско првенство за играчи под 19 години 2012, Светското првенство за играчи под 20 години 2013, Турнирот во Тулон во 2013 и Европско првенство за играчи под 21 година 2015.[17] Тој се уште има право да игра за Португалија, Англија или Нигерија на сениорско ниво.[18]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистката е ажурирана на 20 мај 2018.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2011-2012 Португалија Спортинг Лисабон ПЛ 1 0 КП+ЛКП 0+0 0 ЛЕ 1 0 - - - 2 0
2012-2013 ПЛ 11 1 КП+ЛКП 0+0 0 ЛЕ 1 0 - - - 12 1
авг. 2013-2014 Англија Ливерпул ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0
2013-2014 Шпанија Гранада ПД 9 0 КШ - - - - - - - - 9 0
2014-2015 Франција Бордо ПД 12 1 КФ+ЛКФ 2+1 0 - - - - - - 15 1
2015-јан. 2016 Англија Астон Вила ПЛ 0 0 ЛК 0 0 - - - - - - 0 0
јан. - јун. 2016 Англија Ливерпул ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 3+0 0 ЛЕ 0 0 - - - 3 0
2016- јан. 2017 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0
Вкупно Ливерпул 0 0 3 0 0 0 - - 3 0
јан. - јун. 2017 Англија Рединг ЧЛ 5+3[19] 0 - - - - - - - - - 8 0
2017-2018 ЧЛ 29 0 ФАКуп+ЛК 3+2 0 - - - - - - 34 0
2018-2019 ЧЛ 19 1 ФАКуп+ЛК 1+2 0 - - - - - - 22 1
Вкупно Рединг 56 1 8 0 - - - - 64 1
јан. - јун. 2019 Португалија Спортинг Лисабон ПЛ 3 0 КП 1 0 ЛЕ 1 0 - - - 5 0
Вкупно Спортинг Лисабон 15 1 1 0 3 0 - - 19 1
Вкупно во кариерата 92 3 15 0 3 0 - - 110 3

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. De Menezes, Jack. „Mats Hummels transfer latest: Manchester United to revive interest as Liverpool's Tiago Ilori could hold the key to move“, 1 август 2014 (посет. 27 мај 2015 г).
  2. „10 facts about new boy Tiago Ilori“. Liverpool F.C. 2 September 2013. конс. 5 November 2014. 
  3. Liga round-up: Sporting close gap Архивирано 31 July 2013 во Wayback Machine.; PortuGOAL, 6 November 2011
  4. Clinical Lazio through after Sporting triumph; UEFA, 14 December 2011
  5. Young Lions prevail in Barcelos Архивирано 8 November 2013 во Wayback Machine.; PortuGOAL, 16 February 2013
  6. „Liverpool complete Ilori deal“. Liverpool F.C. 2 September 2013. конс. 2 September 2013. 
  7. Liverpool sign Tiago Ilori from Sporting Lisbon as they look to add defensive depth“, 2 септември 2013 (посет. 2 септември 2013 г).
  8. „Piti wins it for Granada“. ESPN FC. 16 February 2014. конс. 18 February 2014. 
  9. „Prêt – Tiago Ilori, nouvelle recrue bordelaise!“ [Loan – Tiago Ilori, new bordelaise recruit!] (French). FC Girondins. 18 August 2014. Архивирано од изворникот на 29 November 2014. конс. 19 November 2014. 
  10. „Saint-Etienne-Bordeaux (1–1), Bordeaux résiste à Saint-Etienne“ [Saint-Etienne-Bordeaux (1–1), Bordeaux hold on at Saint-Etienne] (French). Goal. 25 September 2014. конс. 19 November 2014. 
  11. Rose, Gary (8 January 2016). „Exeter City 2–2 Liverpool“. BBC Sport. конс. 8 January 2016. 
  12. Shaw, Chris (18 January 2017). „Tiago Ilori completes permanent move to Reading“. Liverpool F.C. конс. 18 January 2017. 
  13. „Tiago Ilori moves to Reading from Liverpool on three-and-a-half year deal“. ESPN FC. 18 January 2017. конс. 18 January 2017. 
  14. „Derby County 3–2 Reading: Rams win battle of promotion hopefuls“. Sky Sports. 21 January 2017. конс. 24 February 2018. 
  15. „Ilori departs to sign for Sporting Lisbon“. Reading F.C. 29 January 2019. конс. 29 January 2019. 
  16. „Comunicado por Tiago Ilori“ [Tiago Ilori announcement] (Portuguese). Sporting CP. 28 January 2019. конс. 28 January 2019. 
  17. „Tiago Ilori“. Portuguese Football Federation. конс. 18 June 2015. 
  18. Prentice, David. „Mamadou Sakho believes he has the leadership qualities to help Liverpool FC“, 11 ноември 2014 (посет. 18 јуни 2015 г).
  19. 3 настапи во плејофот.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]