АФК Сандерленд

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од ФК Сандерленд)
Сандерленд
Целосно имеСојузен фудбалски клуб „Сандерленд“
ПрекарЦрните мачки
Основан1879 како Sunderland District Teachers
СтадионСтедиум оф Лајт
Капацитет48.707
ПретседателСАД Елис Шорт
МенаџерАнглија Џек Рос
ЛигаЛига Еден
2018–195-ти
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои

АФК Сандерленд (англиски: Sunderland A.F.C.) — англиски фудбалски клуб од градот Сандерленд, кој се натпреварува во Премиер лигата, првиот ранг на англискиот фудбал.

Своите домашни натпревари од 1997 година ги играат на стадионот наречен како Стедиум оф Лајт (превод на мак. Стадион на светлината). Тие се шесткратни прваци на Англија во старата Прва дивизија, но за последен пат тимот стана шампион во сезоната 1936-1936 година предводен од големите легенди на тимот како капитенот Рајх Картер (еден од најдобрите фудбалери во историјата на клубот кој играл и за Англиската фудбалска репрезентација), Боби Гарни (најдобар стрелец на Сандерленд на сите времиња), Александер Хестингс, голманот Џими Торп, Чарли Томпсон итн.

Сандерленд воедно е и последниот тим кој ја освоил титулата во Англија во пругасти дресови. Најголем соперник на Сандерленд му е Њукасл Јунајтед со кој го игра таканареченото дерби на Тајн и Вер или дерби на североисточна Англија.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
2 Шкотска ОД Фил Бардсли
3 Италија ОД Андреа Досена
4 Јужна Кореја ОД Ки Сунг-Јуенг
5 Англија ОД Вес Браун
6 Англија ОД Џолеон Лескот
6 Зелен ’Рт СР Кабрал
7 Шведска СР Себастијан Ларсон
8 Англија СР Крег Гарднер
9 Шкотска НП Стивен Флечер
10 Англија НП Конор Викам
11 Англија СР Адам Џонсон
12 Чешка ОД Ондреј Челустка
14 Англија СР Џек Колбак
15 Велс СР Дејвид Вон
16 Ирска ОД Џон О'Шеи (К)
Бр. Позиција Играч
17 САД НП Џози Алтидор
19 Шведска СР Давид Карлсон
20 Ирска ГМ Киеран Вествуд
21 Франција ОД Модибо Диаките
22 Франција СР Ел-Хаџи Ба
23 Италија СР Емануеле Џакерини
24 Шпанија ОД Карлос Куељар
25 Италија ГМ Вито Маноне
27 Јужна Кореја НП Жи Донг-Вон
29 Франција ОД Валентин Роберж
31 Италија НП Фабио Борини
33 Англија СР Ли Катермол
35 Грција СР Карис Мавриас

Титули[уреди | уреди извор]

Вицешампиони: (5) : 1893–94, 1897–98, 1900–01, 1922–23, 1934–35

Вицешампиони : (2) : 1913, 1992

Вицешампиони (1) : 1985

Надворешни врски[уреди | уреди извор]