Дерби на Тајн и Вер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тимовите се загреваат пред почетокот на дербито.

Дерби на Тајн и Вер (англиски: Tyne–Wear derby или Tyne–Wear derby) — името за месното дерби помеѓу два фудбалски клуба Њукасл Јунајтед и Сандерленд. Дербито е и меѓуградско ривалство во Северноисточна Англија помеѓу два града Њукасл и Сандерленд, кои се на 16-тина километри растојание. Првиот натпревар помеѓу двата клуба се одиграл во 1883 година, а првиот натпреварувачки дуел двата клуба го имале во 1888 година во натпревар од ФА Купот, во кој Сандерленд победил со 2-1. До денес, Њукасл победил 53 пати, Сандерленд забележал 45 победи и на 45 пати играле нерешено. На последниот дуел меѓу двете екипи што се одигра на 4 март 2012 година, имаше многу искри на тернот и беа покажани два црвени картона, а натпреварот заврши 1-1 па така двата тима си поделија по еден многу важен бод во Премиер лигата.