Првенство во фудбал на Англија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Англиското првенство во фудбал претставува серија на меѓусебно поврзани фудбалски лиги во кои учествуваат клубови од Англија, Велс (6 клуба) и Гернзиa (1 клуб). Системот е поставен во хиерархиски формат со промоција и испаѓање на клубовите. Според тоа е оставена хипотетичка можност за искачување од самото дно на лигашкиот систем до врвот и за најмалиот клуб. Постојат повеќе од 140 поединечни лиги, кој содржат повеќе од 480 дивизии.[1] Точниот број на клубови варира од сезона во сезона. Според проценките постојат 7.000 клубови.

Структура[уреди | уреди извор]

На врвот на лигашкиот систем се наоѓа Премиер лигата (1. дивизија), која содржи 20 клуба. Под Премиер лигата е Фудбалската лига, која е поделена во три дивизии со по 24 клуба: Чемпионшип (2. дивизија), Лига Еден (3. дивизија) и Лига Два (4. дивизија).

Сите клубови од првите четири дивизии се професионални. Клубовите од овие дивизии често се нарекуваат Лигашки клубови, зарадии тоа што пред основањето на Премиер лигата во 1992 година, Фудбалската лига ја соќинувале 92 клуба поделени во четири дивизии. Останатите лиги биле означени како Не-Лигашки.

На врвот на Не-Лигашките дивизии е Англиска Фудбалска Конференција, која ја сочинуваат Конференција Премиер со 24 клуба (5. дивизија). Под неа се наоѓаат две лиги кој го сочинуваат шестото ниво на англискиот фудбал: Англиска Северна Конференција и Англиска Јужна Конференција со по 22 клуба. Некој од овие клубови се потполно професионални додека некој се полу-професионални.

Следната дивизија на Фудбалската Конференција ја сочинуваат три регионални лиги, поврзани со различни географски подрачја. Северна Премиер лига на Англија (го покрива северот на Англија и Велс), Јужна Фудбалска лига на Англија (Мидландс, јужна и југозападна Англија и јужен Велс) и Истмијан лига (југоисточна Англија). Секоја од овие лиги содржи по 24 клуба. (7. дивизија).

Табеларен преглед[уреди | уреди извор]

Ниво

Дивизија/Лига

1

Премиер лига
(Barclays Premier League)
20 клуба – 3 испаѓаат

2

Чемпионшип лига
(Sky Bet Championship)
24 клуба – 3 добиваат промоција, 3 испаѓаат

3

Англиска Лига Еден
(Sky Bet League 1)
24 клуба – 3 ulaze u viši rang, 4 ispadaju

4

Англиска Лига Два
(Sky Bet League 2)
24 kluba – 4 ulaze u viši rang, 2 ispadaju

5

Conference Premier
(Vanarama Conference)
24 kluba – 2 ulaze u viši rang, 4 ispadaju

6

Conference North
(Vanarama Conference North)
22 kluba – 2 ulaze u viši rang, 3 ispadaju

Conference South

(Vanarama Conference South)
22 kluba – 2 ulaze u viši rang, 3 ispadaju

7

Northern Premier League Premier Division
(Evo-Stik League Northern Premier Division)
24 kluba – ulaze u viši rang, 4 ispadaju

Southern Football League Premier Division
24 kluba – 2 ulaze u viši rang, 4 ispadaju

Isthmian League Premier Division
(Ryman Football League
Premier Division)
24 kluba – 2 ulaze u viši rang, 4 ispadau

8

Northern Premier League Division One North
(Evo-Stik)
22 kluba – 2 ulaze u viši rang, 2 ispadaju

Northern Premier League Division One South
(Evo-Stik)
22 kluba – 2 ulaze u viši rang, 2 ispadaju

Southern Football League Division One Central
22 kluba – 2 ulaze u viši rang, 2 ispadaju

Southern Football League Division One South & West
22 kluba – 2 ulaze u viši rang, 2 ispdaju

Isthmian League Division One North
(Ryman)
24 kluba – 2 ulaze u viši rang, 3 ispadaju

Isthmian League Division One South
(Ryman)
24 kluba – 2 ulaze u viši rang, 3 ispadaju

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]