Прејди на содржината

Фудбалска лига на Англија Еден

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лига Еден
ЗемјаАнглија Англија
КонфедерацијаУЕФА
Основана2004
1992–2004 (Втора Дивизија)
1958–1992 (Трета Дивизија)
1921–1958 (Трета Дивизија Север/Југ)
1920–1921 (Трета Дивизија)
Број на клубови24
Нивоа на пирамида3
Промоција воЧемпионшип (второ ниво)
Испаѓање воЛига Два (четврто ниво)
Домашен купФА Куп
Тековен првакВиган Атлетик Виган Атлетик (3. титула)
(2020-2021)
Најмногу титулиВиган Атлетик Виган Атлетик
(3 титули)
ТВ партнериСкај Спортс
Мрежно местоefl.com/sky-bet-league-one/
Фудбалска лига на Англија Еден 2022-2023

Фудбалска лига на Англија Еден или позната само како Лига Еден (поради спонзорски причини уште се нарекува и Скај Бет Лига Еден) е втора највисока дивизија во Фудбалската лига на Англија, после Чемпионшип, и третото ниво севкупно во англискиот лигашки фудбалски систем, после Премиер лигата и Чемпионшип.

Првото издание на Лига Еден било во сезоната 2004–2005. Претходно лигата била позната накратко како Втора дивизија на фудбалската лига на Англија и многу подолго, пред формирањето на Премиер лигата, како Трета дивизија на фудбалската лига на Англија.

Лигата содржи 24 клубови кои играат помеѓу себе двапати. Првите два клуба на крајот од сезоната, заедно со победникот на плејофот, добиваат промоција во Чемпионшип, додека последните четири клуба на табелата испаѓаат во Лига Два. Последен шампион на лигата е Виган Атлетик, кој бил победник во сезоната 2021-2022.

Историја

[уреди | уреди извор]

Сегашната деноминација била применета во 2004 за да ја замени преодната Втора дивизија, назив кој се користел од 1993 до 2003, наместо класичната Трета дивизија, име со кое категоријата била позната од 1920 до 1992.

Третата дивизија - Југ била инаугурирана во 1920 година, кога фудбалската лига одлучила да се прошири на југот на Англија (област на земјата каде што дотогаш имало многу малку екипи) и со тоа избрале во своите редови 22 нови клубови од Јужната лига. Ова довело до протести од неколку северни клубови, кои исто така се пријавиле да се приклучат, и на тој начин следната година била формирана подеднакво нова лига - Трета дивизија - Север - со 20 клубови. Во 1923 година, бројот на клубови и на северот, исто така, се зголемил на 22 (колку што имала и Третата дивизија - Југ), а во 1950 двете лиги имале по 24 учесници. Само победниците од двете групи имале пристап до повисоката дивизија и тоа ја отежнувало многу промоцијата во Втората дивизија.

Во 1958 било одлучено наместо досегашните две лиги да се воведе единствената група во ова ниво на натпреварување, создавајќи една лига позната само како Трета дивизија, додека исклучените клубови биле собрани во нова Четврта дивизија. Така, местата кои воделе во повисок ранг станале две, додека за да се смират негодувањата на клубовите кои биле спуштени во четвртото ниво, биле утврдени дури четири испаѓања од Третата дивизија. Во 1974 механизмот бил оживеан со трета промоција, која од 1987 година се добива преку систем на играње плејоф.

Во 2013 година биле усвоени правилата елаборирани од УЕФА, кои се однесуваат на финансиски фер-плеј, кои наметнуваат фиксна граница на дозволени трошоци за потпишување на играчите со клубовите.[1]

Во Лига Еден се натпреваруваат 24 екипи кои играат меѓусебно во Бергеров систем, со први и реванш натпревари, за вкупно 46 кола. По 3 поени се доделуваат за секоја победа, по 1 поен за нерешено и без поени за пораз. Во случај на ист број бодови на крајот од сезоната, за формулирање на конечниот пласман се земаат предвид следните критериуми: гол-разлика, поголем број на постигнати голови, посебен пласман во меѓусебните дуели меѓу засегнатите екипи, поголем број на победи, поголем број на голови дадени во гости, фер-плеј и доколку е се тоа изедначено на крајот ќе се игра плејоф натпревар.[2]

Првопласираниот тим на крајот од сезоната ќе биде крунисан за шампион на Лига Еден и добива промоција во Чемпионшип, заедно со второпласираната екипа и победникот на плејофот, во кои учествуваат екипите кои завршуваат од 3-тото до 6-тото место во регуларниот дел од сезоната. Последните четири екипи испаѓаат во Лига Два.

Формула по која се игра плејофот

  • Полуфинале:
    • 4. место - 5. место
    • 3. место - 6. место

Двомеч со прв натпревар и реванш, кој најпрво се игра на домашниот терен на полошо пласираната екипа во поредокот, додека подобро пласираната екипа ќе игра на домашен терен во реваншот. Во случај на еднаков број на голови во збирот од двата натпревари (не се применува правилото гол во гости), се играат продолженија и евентуално доколку е потребно ќе се изведуваат пенали.

  • Финале:
    • Победникот од полуфинале 1 - Победникот од полуфинале 2

Еден натпревар, се игра на неутрален терен. Во случај на нерешено, се играат продолженија и евентуално доколку е потребно ќе се изведуваат пенали.

Екипи во сезоната 2022-2023

[уреди | уреди извор]
Клуб Град Стадион Капацитет
Акрингтон Стенли Акрингтон Стенли Акрингтон Краун Граунд 5,057
Барнсли Барнсли Барнсли Оуквел 23,287
Бартон Албион Бартон Албион Бартон на Трент Пирели 6,912
Болтон Болтон Болтон Јуниверзити оф Болтон 28,723
Бристол Роверс Бристол Роверс Бристол Меморијал 12,300
Викомб Вондерерс Викомб Вондерерс Хај Викомб Адамс Парк 9,448
Дарби Каунти Дарби Каунти Дарби Прајд Парк 33,597
Ексетер Сити Ексетер СитиЕксетерСент Џејмс Парк 8,696
Ипсвич Таун Ипсвич Таун Ипсвич Портман Роуд 30,311
Кембриџ Јунајтед Кембриџ Јунајтед Кембриџ Аби 8,127
Линколн Сити Линколн Сити Линколн Стедиум ЛНЕР 10,120
Милтон Кинс Донс Милтон Кинс Донс Милтон Кинс Стедиум МК 30,500
Морекамб Морекамб Морекамб Мазума 6,476
Оксфорд Јунајтед Оксфорд Јунајтед Оксфорд Касам 12,400
Питерборо Јунајтед Питерборо Јунајтед Питерборо Лондон Роуд 14,793
Плимут Плимут Плимут Хом Парк 18,600
Порт Вејл Порт ВејлСтоук на Трент (Барслем)Вејл Парк 19,052
Портсмут Портсмут Портсмут Фратон Парк 19,670
Флитвуд Таун Флитвуд Таун Флитвуд Хајбери 5,327
Форест Грин Форест ГринНејлсвортЊу Лон 5,147
Чарлтон Чарлтон Лондон (Чарлтон) Вели 27,111
Челтенам Таун Челтенам Таун Челтенам Џони-Рокс 7,066
Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј Шефилд Хилсборо 39,732
Шрузбери Шрузбери Шрузбери Монтгомери Вотерс Мидоу 9,875

Шампиони и промоции

[уреди | уреди извор]
Сезона Шампиони Второ место Победник на плејофот
2004-05 Лутон Таун Лутон Таун Хал Сити Хал Сити Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј
2005-06 Саутенд Јунајтед Саутенд Јунајтед Колчестер Јунајтед Колчестер Јунајтед Барнсли Барнсли
2006-07 Сканторп Јунајтед Сканторп Јунајтед Бристол Сити Бристол Сити Блекпул Блекпул
2007-08 Свонзи Сити Свонзи Сити Нотингем Форест Нотингем Форест Донкастер Роверс Донкастер Роверс
2008-09 Лестер Сити Лестер Сити Питерборо Јунајтед Питерборо Јунајтед Сканторп Јунајтед Сканторп Јунајтед
2009-10 Норич Сити Норич Сити Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед Милвол Милвол
2010-11 Брајтон Брајтон Саутхемптон Саутхемптон Питерборо Јунајтед Питерборо Јунајтед
2011-12 Чарлтон Чарлтон Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј Хадерсфилд Хадерсфилд Таун
2012-13 Донкастер Роверс Донкастер Роверс Борнмут Борнмут Јовил Таун Јовил Таун
2013-14 Вулверхемптон Вулверхемптон Брентфорд Брентфорд Ротерам Јунајтед Ротерам Јунајтед
2014-15 Бристол Сити Бристол Сити Милтон Кинс Донс Милтон Кинс Донс Престон Престон
2015-16 Виган Атлетик Виган Атлетик Бартон Албион Бартон Албион Барнсли Барнсли
2016-17 Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед Болтон Болтон Милвол Милвол
2017-18 Виган Атлетик Виган Атлетик Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс Ротерам Јунајтед Ротерам Јунајтед
2018-19 Лутон Таун Лутон Таун Барнсли Барнсли Чарлтон Чарлтон
2019-20 Ковентри Ковентри Сити Ротерам Јунајтед Ротерам Јунајтед Викомб Викомб Вондерерс
2020-21 Хал Сити Хал Сити Питерборо Јунајтед Питерборо Јунајтед Блекпул Блекпул
2021-22 Виган Атлетик Виган Атлетик Ротерам Јунајтед Ротерам Јунајтед Сандерленд Сандерленд

Успешност по клубови

[уреди | уреди извор]
Клуб Титули Сезони
Виган Атлетик Виган Атлетик 3 2015-2016, 2017-2018, 2021-2022
Лутон Таун Лутон Таун 2 2004-2005, 2018-2019
Брајтон Брајтон 1 2010-2011
Бристол Сити Бристол Сити 1 2014-2015
Чарлтон Чарлтон 1 2011-2012
Ковентри Ковентри Сити 1 2019-2020
Донкастер Роверс Донкастер Роверс 1 2012-2013
Хал Сити Хал Сити 1 2020-2021
Лестер Сити Лестер Сити 1 2008-2009
Норич Сити Норич Сити 1 2009-2010
Сканторп Јунајтед Сканторп Јунајтед 1 2006-2007
Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед 1 2016-2017
Саутенд Јунајтед Саутенд Јунајтед 1 2005-2006
Свонзи Сити Свонзи Сити 1 2007-2008
Вулверхемптон Вулверхемптон 1 2013-2014

Статистика

[уреди | уреди извор]

Пласмани

[уреди | уреди извор]
КлубВкупно сезониПрва сезонаПоследна сезонаПласмани по сезони
2004–05
2005–06
2006–07
2007–08
2008–09
2009–10
2010–11
2011–12
2012–13
2013–14
2014–15
2015–16
2016–17
2017–18
2018–19
2019–20
2020–21
2021–22
2022–23
Акрингтон Стенли Акрингтон Стенли52018-20192022-202314171112-
AФК Вимблдон AФК Вимблдон62016-20172021-2022151820201923
Барнсли Барнсли62004-20052022-20231351162-
Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс12017-20182017-20182
Блекпул Блекпул82004-20052020-202116193221210133
Болтон Болтон42016-20172022-20232239-
Борнмут Борнмут72006-20072014-201581719216112
Брадфорд Сити Брадфорд Сити92006-20072020-2021111122117551124
Брентфорд Брентфорд82004-20052013-20144324911932
Брајтон Брајтон52006-20072010-201118716131
Бристол Сити Бристол Сити52004-20052014-2015792121
Бристол Роверс Бристол Роверс102007-20082022-2023161111221013151424-
Бартон Албион Бартон Албион62015-20162022-202329121616-
Бери Бери62011-20122019-2020142216192424
Виган Атлетик Виган Атлетик42015-20162021-202211201
Викомб Вондерерс Викомб Вондерерс62009-20102022-202322211736-
Волсол Волсол142004-20052018-201914241213102019913143141922
Вулверхемптон Вулверхемптон12013-20142013-20141
Даг енд Ред Даг енд Ред12010-20112010-201121
Дарби Каунти Дарби Каунти12022-20232022-2023-
Донкастер Роверс Донкастер Роверс122004-20052022-20231081131132115691422
Ексетер Сити Ексетер Сити42009-20102022-202318823-
Ипсвич Таун Ипсвич Таун42019-20202022-202311911-
Карлајл Јунајтед Карлајл Јунајтед82006-20072013-20148420141281722
Кембриџ Јунајтед Кембриџ Јунајтед22021-20222022-202314-
Ковентри Ковентри Сити72012-20132019-202015181782381
Колчестер Јунајтед Колчестер Јунајтед102004-20052015-2016152128101020161923
Кроули Таун Кроули Таун32012-20132014-2015101422
Кру Александра Кру Александра92006-20072021-2022132022131920241224
Лејтон Ориент Лејтон Ориент92006-20072014-2015201414177207323
Лестер Сити Лестер Сити12008-20092008-20091
Лидс Јунајтед Лидс Јунајтед32007-20082009-2010542
Линколн Сити Линколн Сити42019-20202022-202316517-
Лутон Таун Лутон Таун32004-20052018-20191241
Милвол Милвол62006-20072016-201710175346
Милтон Кинс Донс Милтон Кинс Донс152004-20052022-20232022312558102122319133-
Морекамб Морекамб22021-20222022-202319-
Нортхемптон Таун Нортхемптон Таун62006-20072020-202114921162222
Норич Сити Норич Сити12009-20102009-20101
Нотингем Форест Нотингем Форест32005-20062007-2008742
Нотс Каунти Нотс Каунти52010-20112014-2015197122021
Рексам Рексам12004-20052004-200522

Во досегашните 19 одиграни сезони на првенството, учествувале 75 клубови. Клубовите (24) кои учествуваат во актуелната сезона Лига Еден 2022-2023 се означени со болд.

Учества на клубовите во Лига Еден во број на сезони:

Најдобри стрелци по сезони

[уреди | уреди извор]
Сезона Најдобар стрелец Клуб Голови
2004–2005 Северна Ирска Стјуарт Елиот Хал Сити Хал Сити 27
Англија Дин Виндас Брадфорд Сити Брадфорд Сити
2005–2006 Велс Фреди Иствуд Саутенд Јунајтед Саутенд Јунајтед 23
Англија Били Шарп Сканторп Јунајтед Сканторп Јунајтед
2006–2007 Англија Били Шарп Сканторп Јунајтед Сканторп Јунајтед 30
2007–2008 Тринидад и Тобаго Џејсон Скотланд Свонзи Сити Свонзи Сити 24
2008–2009 Ирска Сајмон Кокс Свиндон Таун Свиндон Таун 29
Англија Рики Ламберт Бристол Роверс Бристол Роверс
2009–2010 Англија Рики Ламберт Саутхемптон Саутхемптон 30
2010–2011 Шкотска Крег Макаил-Смит Питерборо Јунајтед Питерборо Јунајтед 27
2011–2012 Шкотска Џордан Роудс Хадерсфилд Хадерсфилд Таун 36
2012–2013 Ирска Пади Мејден Јовил Таун Јовил Таун 24
2013–2014 Англија Сам Болдок Бристол Сити Бристол Сити 24
2014–2015 Англија Џо Гарнер Престон Престон 26
2015–2016 Северна Ирска Вил Григ Виган Атлетик Виган Атлетик 25
2016–2017 Англија Били Шарп Шефилд Јунајтед Шефилд Јунајтед 30
2017–2018 Англија Џек Мериот Питерборо Јунајтед Питерборо Јунајтед 27
2018–2019 Ирска Џејмс Колинс Лутон Таун Лутон Таун 25
2019–2020 Англија Ајван Тони Питерборо Јунајтед Питерборо Јунајтед 24[b]
2020–2021 Англија Џонсон Кларк-Харис Питерборо Јунајтед Питерборо Јунајтед 31
2021–2022 Ирска Вил Кин Виган Атлетик Виган Атлетик 26

b Во 35 натпревари. Сезоната била скратена поради коронавирус

  1. „League agrees to new UEFA financial regulations“ (англиски). BBC Sport. 10 јули 2011.
  2. „EFL Regulations Section 3 – The League; subsection 9 – Method of Determining League Positions“ (англиски). EFL. Архивирано од изворникот на 18 мај 2018. Посетено на 11 октомври 2020. Занемарен непознатиот параметар |dead-link= (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]