ФК Кроули Таун

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
ФК Кроули Таун
Целосно имеКроули Таун Фудбал Клуб (Crawley Town Football Club)
ПрекариЦрвените ѓаволи
Основан1896
СтадионБроудфилд Стадион
(Капацитет: 4,996)
ПретседателАнглијаВиктор Марли
МенаџерШкотскаСтив Еванс
ЛигаАнглиска Лига два
2018–1919-и
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
фinco
Резервни бои

Кроули Таун Фудбал Клуб (англиски: Crawley Town Football Club) е англиски фудбалски клуб од градот Кроули, Западен Сасекс, кој се наоѓа на 45 километри јужно од Лондон и на 30 км северно од Браитон. Основан е во 1896 год. Домашните мечеви тимот ги игра на стадионот „Броудфилд Стедиум“. Игра во Англиска Лига два, четврта лига по ранг во Англија.

Броудфилд стадион

Тимот станува познат во 2011-та година кога под водство шкотскиот менаџер Стив Еванс имаа неколку добри мечеви со тимови од поквалитетните лиги во Англија во ФА Куп натпреварувањето. На 10 јануари 2011 година Кроули Таун го победи со 2:1 на домашен терен ФК Дерби Каунти (тим од втората по ранг лига во Англија), и за прв пат во истоијата достигна до четвртиот круг (1/16 финалето) на ФА Купот. На 29 јануари тие го победија и Торки Јунајтед, и стигаа до петата рунда, односно 1/8 финалето каде што ги чекаше рекордерот по бројот на титули во ова натпреварување Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд. На 19 февруари Кроули губи од Манчестер Јунајтед со минимални 1:0. Но сепак, во 93-тата минута Кроули имаше шанса да дојде до сензационално реми и преигрување на Броудфилд, но ударот на Ричард Броуди заврши во пречката од голот.


Следната сезона Кроули како промовиран во лига два станува дел од професионалните дивизии во Англија. Тие одново стигнаа до осминафиналето на ФА Купот и со тоа покажаа дека успехот од мината сезона не бил случаен. Прв противник на Кроули оваа сезона беше тимот на Тамворт кој го елиминираа со убедливи 3-0, за потоа да дојдат два тима од втората англиска лига, Бристол Сити и неодамнешниот премиерлигаш Хал Сити. Кроули ги добива двата меча (првиот дома, а вториот нагости) со ист резултат од 1:0, со головите на Метју Табс. Табс кој беше јунак во двата меча со тимовите од Чемпионшип на крајот од месец јануари го напушти клубот и потпиша за Бурнемут, што значеше дека Кроули без својот топ реализатор ќе треба да се обиде да го елиминира Стоук Сити во петтото коло од турнирот. На 19-ти фебруари (истиот кога тие испаднаа од турнирот мината година), тие загубија од уште еден премиерлигаш овојпат Стоук Сити со 2-0 на својот Броудфилд Стедиум иако повеќе од 70-тина минути играа со човек повеќе по исклучувањето на Рори Делап кај гостите.

Играчи[уреди | уреди извор]

Моментален Состав[уреди | уреди извор]

Бр. Позиција Играч
1 Холандија ГМ Мишел Каиперс
2 Ирска ОД Скот Дејвис
3 Англија ОД Дин Хаувел
4 Англија ОД Пабло Милс (капитен)
5 Англија ОД Кајл МекФеџан
6 Нигерија СР Хоуп Акпан
7 Ирска СР Били Кларк
8 Аргентина СР Серхио Торес
10 Англија НП Санчез Вот
11 Англија СР Џош Симпсон
13 Англија СР Дејвид Хант
14 Англија НП Џејми Деј
Бр. Позиција Играч
15 Англија СР Дани Булман
16 Англија ОД Глен Вилсон
17 Англија НП Џон Акинди
19 Англија НП Карл Хоули
20 Англија ОД Чарли Весмер
22 Велс СР Скот Нилсон
23 Англија НП Тајрон Барнет
24 Англија СР Бајрон Нејпер
25 Шкотска ГМ Скот Ширер
26 Ирска ГМ Рене Џилмартин
28 Јамајка ОД Клод Дејвис

Надворешни врски[уреди | уреди извор]