Џек Колбак
Џек Колбак | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Џек Рајмонд Колбак[1] | ||
Роден на | 24 октомври 1989[2] | ||
Роден во | Килингворт, Англија | ||
Држава | Англија | ||
Висина | м[2] | 1,75||
Позиција | играч од средниот ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Нотингем Форест | ||
Број | 8 | ||
Младинска кариера | |||
Сандерленд | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008-2014 | Сандерленд | 106 | (3) |
2009-2011 | → Ипсвич Таун | 50 | (4) |
2014-2017 | Њукасл Јунајтед | 93 | (5) |
2017- | Нотингем Форест | 109 | (7) |
Репрезентација ‡ | |||
2009 | Англија 20 | 1 | (0) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Џек Рајмонд Колбак (роден на 24 октомври 1989) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Нотингем Форест.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Сандерленд
[уреди | уреди извор]Колбак е роден во Килингворт, Северен Тајнисајд, и му се приклучил на Сандерленд на возраст од 10 години.[3]
Тој се вратил во Сандерленд од позајмица во Ипсвич Таун на крајот од сезона 2009-10 и го направил своето деби во Премиер лигата влегувајќи како замена во 76-тата минута против Вулверхемптон. Подоцна во натпреварот тој бил исклучен поради добивање на два жолти картони,[4] така што неговото деби траело само девет минути. На почетокот на следната сезона, тој го направил своето деби на домашен терен за Сандерленд против Колчестер Јунајтед во натпревар од Лига купот на 24 август 2010 година.
По уште еден позајмица во Ипсвич, Колбак се вратил во Сандерленд во јануари 2011 година, и неговите појавувања за клубот зачестиле. Колбак започнал во почетните 11 на Сандерленд во натпреварот од 3.круг на ФА Купот каде биле поразени од Нотс Каунти на 8 јануари. Потоа влегол од клупата кога црните мачки одиграле 1-1 против месните соперници и тимот за кој Колбак навивал како дете, Њукасл Јунајтед, на 16 јануари. Тој, исто така се појавил како резерва во второто полувреме и во натпреварот во кој Сандерленд извлече 0-0 со Арсенал на 5 март. Колбак го направил својот прв старт во Премиер лигата за Сандерленд во нивниот пораз со 2-0 од Бирмингем Сити на 16 април.[5] Колбак исто така, бил стартер и следната недела кога Сандерленд го победил Виган Атлетик со 4-1. Најдобрите перформанси во клубот Колбак ги имал во нивната победа со 2-1 против Болтон Вондерерс на 7 мај 2011 година.[6] Колбак ја демонстрирал својата флексибилност со тоа бил поставен како лев бек во последниот натпревар за сезоната против Вест Хем Јунајтед.[7]
Колбак го започнал првиот натпревар од сезоната 2011-12, против Ливерпул на Енфилд кој завршил 1-1. Тој го одиграл целиот натпревар како партнер на Ли Катермол во центарот на средниот ред. На 26 декември 2011, Колбак го постигнал својот прв гол за клубот, на асистенција на Стефан Сесењон, во ремито 1-1 со Евертон во Премиер лигата.[8] Колбак одиграл фантастичен натпревар на позицијата лев бек во новогодишното коло против Манчестер Сити, и помогнал Сандерленд да дојде до изненадувачка победа против водачите во тој момент во Премиер лигата. Тој повторно одиграл добро како лев бек во победата со 4-2 над Виган, два дена подоцна, каде што заработил повреда на коленото која го извадила од акција за неколку недели. На 5 јануари 2012 година, тој потпишал продолжување на својот договор за уште две години кој треба да го задржи во клубот до јуни 2014 година..[9]
Во сезоната 2012-13 сезона Колбак бил еден од најстандарните играчи на Сандерленд со 35 првенствени настапи без постигнат погодок. Повеќе настапи за клубот од него имале само голманот Симон Мињоле и Себастијан Ларсон. Во текот на оваа сезона Колбак најчесто играл како лев бек поради повредата на единствениот играч во клубот кој природно игра на таа позиција Дани Роуз, но исто така еднаш играл и како десен бек кога Сандерленд го совладал Њукасл со 3-0.
По враќањето во Тотенхем на позајмениот оттаму Роуз, Колбак ја започнал сезоната 2013-14 како прв избор на Сандерленд на позицијата лев бек, пред да биде вратен назад како внатрешен играч од средниот ред од страна на Густаво Појет. На 28 декември Колбак постигнал гол во последните секунди од судиското продолжение за да го спаси од пораз својот тим против Кардиф Сити (2-2). На 1 јануари, Колбак го направил својот 100-ти настап во Премиер лигата во поразот на домашен терен со 1-0 дома од Астон Вила. Тој го постигнал својот втор гол за сезоната на 1 февруари 2014 година, запечатувајќи ја победата на црните мачки со трет гол во победата со 3-0 на гости против Њукасл Јунајтед.[10] Тој го постигнал својот трет гол за сезоната на 7 мај 2014 година, постигнувајќи го првиот гол во победата со 2-0 над Вест Бромвич Албион, помагајќи му на Сандерленд да го задржи прволигашкиот статус за следната сезона што значело испаѓање за Норич Сити во Чемпионшип.[11]
Њукасл Јунајтед
[уреди | уреди извор]На 9 јуни 2014, Колбак потпишал за Њукасл Јунајтед како слободен играч. Со тоа станал првиот играч од Лионел Перес во 1998 година кои директно преминал од Сандерленд во Њукасл.
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Колбак има еден настап за англиската репрезентација до 20 години, каде што тој играл во победата со 2-0 против Италија.
Статистика на кариерата
[уреди | уреди извор]Клуб | Сезона | Лига | ФА куп | Лига куп | Вкупно | ||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Натп. | Гол. | Натп. | Гол. | Натп. | Гол. | Натп. | Гол. | ||
Сандерленд | 2009–10 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 |
2010–11 | 11 | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 13 | 0 | |
2011–12 | 35 | 1 | 4 | 1 | 1 | 0 | 40 | 2 | |
2012–13 | 35 | 0 | 2 | 0 | 3 | 0 | 40 | 0 | |
2013–14 | 24 | 2 | 4 | 0 | 5 | 0 | 33 | 2 | |
Вкупно Сандерленд | 106 | 3 | 11 | 1 | 10 | 0 | 127 | 4 | |
Ипсвич Таун (заем) | 2009–10 | 37 | 4 | 2 | 1 | 2 | 0 | 41 | 5 |
2010–11 | 13 | 0 | 0 | 0 | 1 | 0 | 14 | 0 | |
Вкупно Ипсвич | 50 | 4 | 2 | 1 | 3 | 0 | 55 | 5 | |
Вкупно во кариерата | 156 | 7 | 13 | 2 | 13 | 0 | 182 | 9 |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Џек Колбак на soccerway
- Џек Колбак на Transfermarkt
- Џек Колбак на Goal.com Архивирано на 28 март 2014 г.
- Џек Колбак на espn
- Џек Колбак на whosocered
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Статистика“ (PDF). Премиер лига. Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-07-11. Посетено на 2010-01-11.
- ↑ 2,0 2,1 „Профил“. ФК Ипсвич Таун. Посетено на 2009-08-19.
- ↑ ФК Сандерленд (уред.). „Џек Колбак“. Занемарен непознатиот параметар
|Accessdate=
(се препорачува|accessdate=
) (help) - ↑ http://www.safc.com/page/MatchReport/0,,10281~47536,00.html
- ↑ http://www.thenorthernecho.co.uk/sport/8987692.Colback___s_keen_to_prove_his_class_after_full_debut/
- ↑ Jolly, Richard (9 May 2011). „Boudewijn Zenden shows his staying power to give Sunderland hope“. The Guardian. London.
- ↑ http://www.thenorthernecho.co.uk/sport/football/sunderland/9041857.West_Ham_United_0_Sunderland_3/
- ↑ „Sunderland 1 - 1 Everton“. BBC Sport. BBC. 26 December 2011. Посетено на 27 December 2011.
- ↑ "Џек Колбак го продолжи договорот со Сандерленд" BBC Sport. 5 јануари 2012. Retrieved 10 јануари 2012.
- ↑ „Newcastle 0-3 Sunderland“. BBC. 1 февруариy 20143. Посетено на 1 февруариy 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=, |date=
(help) - ↑ „Sunderland 2 - 0 West Bromwich Albion“. BBC Sport. 7 May 2014. Посетено на 26 July 2014.
- ↑ Џек Колбак на Soccerbase