Симон Мињоле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Симон Мињоле
Simon Mignolet 2018.jpg
Мињоле во дресот на Ливерпул во 2013
Лични податоци
Полно име Симон Лук Хилдеберт Мињоле[1]
Роден на 6 март 1988 (1988-03-06) (31 г.)
Роден во Сен Труден, Белгија
Држава Белгија Белгија
Висина &100000000000001930000001,93 м[2]
Позиција голман
Клупски податоци
Сегашен клуб Ливерпул Ливерпул
Број 22
Младинска кариера
2004–2006 Сент-Труjден Сент-Труjден
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006–2010 Сент-Труjден Сент-Труjден 100 (1)
2010–2013 Сандерленд Сандерленд 90 (0)
2013– Ливерпул Ливерпул 155 (0)
Репрезентација
2003 Белгија Белгија 16 1 (0)
2004 Белгија Белгија 17 2 (0)
2005–2006 Белгија Белгија 18 11 (0)
2006–2007 Белгија Белгија 19 3 (0)
2009 Белгија Белгија 20 1 (0)
2008–2010 Белгија Белгија 21 10 (0)
2011– Белгија Белгија 21 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 17 август 2014.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 19 ноември 2013

Симон Лук Хилдеберт Мињоле (холандски: Simon Mignolet; р. 6 март 1988) — белгиски професионален фудбалски голман кој игра за Ливерпул во Премиер лигата и за репрезентацијата на Белгија.

Мињоле ја започнал својата кариера во белгискиот второлигаш Сент-Трујден во 2004, и поминал шест години во клубот, забележувајќи 100 лигашки натпревари. Тој потпишал за Сандерленд во јуни 2010[3] за 2 милиони фунти, и во клубот поминал три години во кои забележал 90 настапи во Премиер лигата, пред да се пресели во Ливерпул во јуни 2013 за 9 милиони фунти.[4]

Мињоле ги има поминато сите возрасни категории од 16 години па нагоре за Белгија. Својот прв настап во сениорскиот тим тој го остварил во 2011, и досега има забележано 14 настапи.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Синт-Тројден[уреди | уреди извор]

Мињоле ја започнал својата кариера во локалниот клуб, второлигашот Сент-Трујден, во 2004, и преку нивниот младински систем успеал да стане прв голман на тимот во 2006 на само 18 годишна возраст. Во 2009 тој остварил 29 настапи за клубот и постигнал гол од пенал, со што му помогнал на Синт-Тројден да ја освои втората белгиска лига и да се пласира во првата лига. Наредната сезона, тој бил избран за белгиски голман на годината, откако успеал да го спаси клубот од испаѓање од лигата.

Сандерленд[уреди | уреди извор]

Симон Мињоле со Сандерленд во 2011

Откако бил повикан на подготвителната турнеја, Мињоле потпишал петгодишен договор со англискиот премиерлигаш Сандерленд на 17 јуни 2010.[5][6] Сумата на трансферот изнесувала 2 милиони фунти. Подоцна од Синт-Тројден било потврдено дека Сандерленд успеал да ги победи ПСВ Ајндховен, Твенте и Удинезе за потписот на Мињоле.[7]

На 15 август 2010, Мињоле го одиграл својот прв натпревар за Сандерленд во ремито 2–2 против Бирмингем Сити, и бил прогласен за играч на натпреварот поради одличниот настап. Во следниот натпревар на домашен терен, во победата од 1–0 против Манчестер Сити, Мињоле ја зачувал мрежата на Сандерленд, и во текот на натпреварот имал извонредна реакција со што спасил сигурен гол на Емануел Адебајор. Мињоле повторно забележал одличен настап, во натпреварот против Арсенал кој завршил без победник со резултат 1–1. Во наредните недели Крег Гордон го заменил Мињоле на голот на Сандерленд, а потоа останал и прв избор. Мињоле не бил дел од првиот тим на Сандерленд се до 8 јануари 2011, кога Сандерленд доживеал домашен пораз од Нотс Каунти во третото коло од ФА Купот. Мињоле повторно станал прв избор на голот на Сандерленд, откако Гордон заработил повреда на коленото во февруари, и добил низа на позитивни критики за неговите настапи.[8] Откако вторпат во сезоната Сандерленд успеал да одигра нерешено против Арсенал, овојпат на гостински терен, менаџерот Стив Брус го пофалил одличниот старт на младиот голман во Премиер лигата.[9] Во следната сезоната, Мињоле се зацврстил на голот на Сандерленд, и бил прв избор пред новото засилување Кеирен Вествуд на голот.[10] На 29 октомври 2011, Мињоле се повредил во ремито од 2–2 против Астон Вила, и доживеал скршеница на носот по судирот со Емил Хески.[11]

Во следната сезона Мињоле ги одиграл сите натпревари за Сандерленд, успеал на многупати да ја зачува мрежата на голот и неколку пати бил избран за играч на натпреварите.[12][13] Поради неговата форма, во декември 2012, голманот на Манчестер Сити и на англиската репрезентација, Џо Харт го пофалил Мињоле дека е најдобар голман во Премиер лигата во првиот дел од сезоната.[14] На 21 јуни 2013, било објавено дека Ливерпул го договорил потписот на Мињоле за околу 9 милиони фунти.[15]

Ливерпул[уреди | уреди извор]

На 25 јуни 2013, Мињоле потпишал петгодишен договор со клубот за сума од 9 милиони фунти.[16] Менаџерот на Ливерпул, Брендан Роџерс изјавил дека Мињоле е "еден од најдобрите голмани во Премиер лигата".[17] На 13 јули 2013, тој го остварил својот прв неофицијален настап за Ливерпул во победата од 4–0 во подготвителниот пријателски натпревар против Престон Норт Енд.[18] На 17 август 2013, Мињоле го одиграл својот прв официјален натпревар за клубот во победата од 1–0 против Стоук Сити на Енфилд; на натпревар во кој во 89. минута успеал да одбрани пенал на Џонатан Волтерс, а потоа и ударот од одбиената топка на Кенвајн Џонс.[19] Потоа тој двапати успеал да ја зачува мрежата во натпреварите против Астон Вила и Манчестер Јунајтед кои завршиле 1–0 во полза на Ливерпул. Две недели подоцна, тој ги примил првите голови во сезоната во ремито од 2–2 против Свонзи Сити, но сепак повторно бил избран за играч на натпреварот. Мињоле исто така бил избран за играч на натпреварот во ремито од 3–3 против Евертон, во натпревар во кој забележал 9 успешни одбрани. Тој ги одиграл сите натпревари за Ливерпул во Премиер лигата.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Мињоле на своето деби за Белгија против Австрија на 25 март 2011.

Мињоле за репрезентацијата на Белгија до 21 година првпат вил повикан во 2008, и одиграл вкупно десет натпревари.[20] На 1 септември 2010, тој го добил првиот повик за сениорскиот тим на Белгија по добрите резултати за Сандерленд.[21] Својот прв натпревар во дресот на Белгија, Мињоле го забележал во победата од 2–0 против Австрија на 25 март 2011 во квалификациите за ЕУРО 2012.[20][22] Тој останал во првиот тим и во наредните четири квалификациски натпревари,[23][24][25][26] и бил дел од три пријателски натпревари.[20] Сепак, тој не успеал да и помогне на Белгија да се пласира на Европското првенство 2012, откако Белгија била поразена со 3–1 од Германија, со што завршила на третото место во квалификациската група.[27] Мињоле бил помеѓу стативите и на следните два натпревари, против Грција и Англија.[28][29] По натпреварот против Англија, тој не одиграл меѓународен натпревар четири месеци, и неговото место на голот на Белгија го заземал Тибо Куртоа.[30] Тој се вратил во првиот тим на Белгија на 14 ноември 2012, во поразот од 1–2 на пријателскиот натпревар против Романија.[31] Шест месеци подоцна, тој повторно заиграл за Белгија, во победата од 4–2 на пријателскиот натпревар против САД на 29 мај 2013.[32]

Мињоле бил дел и од составот на Белгија за квалификациите за Светското првенство 2014, но сепак на сите натпревари стартер бил Тибо Куртоа кој помогнал Белгија да се квалификува на големо натпреварување по Светското првенство 2002.[33] Мињоле бил во составот на Белгија на Светското првенство 2014, но не одиграл ниту еден натпревар на првенството.

Успеси[уреди | уреди извор]

Синт-Тројден

  • Белгиска втора лига: 2008-09

Индивидуални

  • Белгиски голман на годината: 2009-10
  • Играч на годината на Сандерленд: 2013

Личен живот[уреди | уреди извор]

Мињоле зборува англиски, француски, холандски и германски јазик.[34] Тој исто така поседува диплома по политички науки.[35]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "In profile: Simon Mignolet". Sells Goalkeeper Products. конс. 10 July 2014. 
  2. "Player Profile: Simon Mignolet". Premier League. конс. 26 June 2013. 
  3. Sunderland sign keeper Mignolet -BBC
  4. Transfer news: Liverpool sign goalkeeper Simon Mignolet from Sunderland -Sky Sports
  5. Bruce close to keeper deal | Sunderland - EatSleepSport
  6. "Mignolet on dream move". Sunderland A.F.C. 17 June 2010. Архивирано од изворникот на 19 June 2010. конс. 26 June 2013. 
  7. FINISHED: No Contact Yet Between PSV And Simon Mignolet - Agent - Goal.com
  8. "Bruce heaps praise on goalkeeper Simon Mignolet". Sunday Sun. 6 March 2011. Архивирано од изворникот на 24 March 2011. конс. 2013-06-26. 
  9. Sunderland boss Steve Bruce hails performance of goalkeeper Simon Mignolet after draw with Arsenal - Goal.com
  10. Smith, Rory. „Liverpool 1 Sunderland 1: match report“, „The Daily Telegraph“, 13 август 2011.
  11. Keeper doubtful for Man Utd game (2011-10-30). "Mignolet suffers broken nose | Sunderland News, Fixtures, Results, Transfers". Sky Sports. конс. 2013-06-26. 
  12. Rayner, Stuart (2012-10-02). "Simon Mignolet just fails to save the day - Sunderland News - SAFC". JournalLive. конс. 2013-06-26. 
  13. Holden, Kit (2012-10-28). "Match Report: Sunderland's Simon Mignolet at his best to keep Stoke City at bay - Premier League - Football". The Independent. конс. 2013-06-26. 
  14. Colin Young (2013-01-18). "Simon Mignolet interview: On pressure, his injury and his degree | Mail Online". Dailymail.co.uk. конс. 2013-06-26. 
  15. "BBC Sport - Simon Mignolet: Liverpool sign Sunderland keeper for £9m". Bbc.co.uk. конс. 2013-06-26. 
  16. "Simon Mignolet: Liverpool sign Sunderland keeper for £9m". BBC Sport. 2013-06-25. конс. 2013-07-20. 
  17. "Mignolet completes £9m move to Liverpool as Rodgers makes fourth summer signing". Daily Mail. 25 June 2013. конс. 26 June 2013. 
  18. Urquhart-Cannon, Alex (13 July 2013). "Reds hit Preston for four - report". Liverpool F.C. конс. 18 August 2013. 
  19. "Liverpool 1-0 Stoke" BBC Sport. 17 August 2013. Retrieved 17 August 2013.
  20. 20,0 20,1 20,2 "Simon Mignolet". Royal Belgian Football Association. конс. 26 June 2013. 
  21. "Sunderland form wins Mignolet Belgium call-up". Tribal Football. 2 September 2010. конс. 26 June 2013. 
  22. "Euro 2012 qualifying Group A: Austria 0 Belgium 2". Soccerway. 26 March 2011. конс. 26 June 2013. 
  23. "Belgium 4-1 Azerbaijan - Lineups". UEFA. 29 March 2011. конс. 26 June 2013. 
  24. "Belgium 1-1 Turkey - Lineups". UEFA. 3 June 2011. конс. 26 June 2013. 
  25. "Azerbaijan 1-1 Belgium - Lineups". UEFA. 2 September 2011. конс. 26 June 2013. 
  26. "Germany 3-1 Belgium - Lineups". UEFA. 11 October 2011. конс. 26 June 2013. 
  27. Potter, Stefan (11 October 2011). "Germany 3-1 Belgium - Lineups". UEFA. конс. 26 June 2013. 
  28. "Match: Greece v Belgium". ESPN. 29 February 2012. конс. 26 June 2013. 
  29. McNulty, Phil (2 June 2012). "England 1-0 Belgium". BBC Sport. конс. 26 June 2013. 
  30. Niblock, Gary (15 August 2012). "Belgium – Netherlands Team News: Courtois starts in goal for the Rode Duivels". BeNeFoot. конс. 26 June 2013. 
  31. "Romania 2-1 Belgium". Royal Belgian Football Association. 14 November 2012. конс. 26 June 2013. 
  32. "USA 2-4 Belgium". Royal Belgian Football Association. 29 May 2013. конс. 26 June 2013. 
  33. Chelsea keeper Thibaut Courtois labelled 'best in world' by Belgium team-mate Toby Alderweireld“, „BSkyB“, 18 ноември 2013 (посет. 17 април 2014 г).
  34. Free video: Brand new Kop Kids -Liverpoolfc.com Video
  35. Liverpool goalkeeper Simon Mignolet is all too aware of how a change in regime can galvanise Sunderland -The Daily Telegraph

Надворешни врски[уреди | уреди извор]