Аксел Витсел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аксел Витсел
Лични податоци
Роден на 12 јануари 1989(1989-01-12)(35 г.)
Роден во Лиеж, Белгија
Држава Белгија Белгија
Висина &100000000000001860000001,86 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид
Број 20
Младинска кариера
2004-2006 Стандард Стандард
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2006-2011 Стандард Стандард 148 (33)
2011-2012 Бенфика Бенфика 32 (1)
2012-2017 Зенит Ст. Петербург Зенит Ст. Петербург 122 (16)
2017-2018 Тјанџин Кванџијан Тјанџин Кванџијан 36 (5)
2018-2022 Борусија Дортмунд Борусија Дортмунд 105 (10)
2022- Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 47 (1)
Репрезентација
2004 Белгија Белгија 15 1 (0)
2005 Белгија Белгија 16 2 (0)
2005-2006 Белгија Белгија 17 19 (0)
2006-2007 Белгија Белгија 18 5 (0)
2006 Белгија Белгија 19 3 (0)
2007-2009 Белгија Белгија 21 10 (0)
2008-2022 Белгија Белгија 130 (12)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Аксел Витсел (Axel Witsel; роден на 12 јануари 1989 година во Лиеж) е белгиски фудбалер кој игра на позицијата среден бек и се натпреварува за Атлетико Мадрид и Белгија. Корените на татко му се од Мартиник, а мајка му е Белгијка.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Стандард Лиеж[уреди | уреди извор]

На 17 септември 2006 година, 17-годишниот Вицел го направи своето деби за Стандард Лиеж во официјален натпревар против ФК Брисел, заменувајќи го Стивен Дефур во 89. минута. 11 дена подоцна, тој исто така дебитираше во Европа, повторно влегувајќи како резерва.

Во сезоната 2007/08 тој беше клучна фигура во тимот на Стандард, кој стана шампион на крајот на сезоната. Вицел тогаш имал 18 години. Успеа да формира успешно трио во центарот на теренот заедно со уште двајца млади и талентирани Белгијци – Стивен Дефур и Маруан Фелаини. Го постигнува решавачкиот пенал во плејофот, кој на Стандард му ја носи шампионската титула. Тој стана и најдобар млад играч во Белгија.

На 20 август 2009 година му ја скрши ногата на Марчин Василевски откако ја згазна ногата на натпреварот помеѓу Стандард и Андерлехт. Тој беше суспендиран до 23 ноември од Фудбалскиот сојуз на Белгија, но потоа казната беше намалена на осум натпревари.

Бенфика[уреди | уреди извор]

На 13 јули 2011 година, Вицел се преселил во португалска Бенфика, потпишувајќи 5-годишен договор. На 24 август, Вицел постигнал два гола во плејофот од групната фаза на Лигата на шампионите против Твенте. На 9 јануари, тој постигна гол во победата од 4-1 против Виторија Гимараеш. Му асистираше на Нолито во уште една победа од 4-1 против Виторија Сетубал. на 18 јануари 2012 година, постигна гол против Санта Клара

Зенит[уреди | уреди извор]

На 3 септември 2012 година, Вицел потпишал 5-годишен договор со рускиот шампион Зенит. Трансферот е 40 милиони евра.[1]


На 14 септември 2012 година, Вицел го направил своето деби за Зенит, заменувајќи го Игор Денисов во 69. минута на домашниот натпревар против Терек Грозни.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ето я и следващата трансферна бомба на Зенит Архивирано на 8 септември 2012 г.; Sportal, 3 септември 2012