Кенвајн Џонс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Тринидад и Тобаго Кенвајн Џонс
Лични податоци
Роден на 5 октомври 1984(1984-10-05)(39 г.)
Роден во Поинт Фортин, Тринидад и Тобаго
Висина &100000000000001880000001,88 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Борнмут Борнмут
Број 9
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002 Џо Паблик 11 (9)
2002-2004 Дабалју Конекшн 31 (30)
2004–2007 Саутхемптон Саутхемптон 71 (19)
2004-2005Шефилд Венздеј Шефилд Венздеј 7 (7)
2005Стоук Сити Стоук Сити 13 (3)
2007-2010 Сандерленд Сандерленд 94 (26)
2010-2014 Стоук Сити Стоук Сити 88 (13)
2014- Кардиф Сити Кардиф Сити 45 (12)
2015-Борнмут Борнмут 3 (1)
Репрезентација
2003- Тринидад и Тобаго Тринидад и Тобаго 58 (13)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 6 јануари 2011
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 17 ноември 2010

Кенвајн Џоел Џонс (англиски: Kenwyne Jones) — фудбалер од Тринидад и Тобаго, напаѓач на Борнмут и на репрезентацијата на Тринидад и Тобаго.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Џонс својата кариера ја започнал во својата татковина играјќи за тимовите на Џо Паблик и Дабалју Конекшн каде се промовирал во најдобар стрелец во првенството на Тринидад и Тобаго.

Доаѓањето во Англија и настапите во Премиер лигата[уреди | уреди извор]

Во Јули 2002 најпрво Џонс потпишал за Саутхемптон откако успешно ги минал пробите. Во тој момент Саутхемптон се натпреварува во втората лига по ранг во Англија. Во меѓувреме во првите сезони поради тоа што не можеше да се избори за место во почетниот тим тој е позајмуван во неколку други тимови. По испаѓањето на тимот од лигата тој го напушти Саутхемптон и му се приклучи на Сандерленд. Во истата сезона „црните мачки“ обезбедија промоција во Премиерлигата водени од новиот менаџер и легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Рој Кин. Џонс е само едно од неколкуте засилувања кој пристигна на стадионот на светлината 2007-2008.Покрај Џонс Сандерленд се засили и со други нови играчи како искусните Двајт Јорк,Енди Кол и Јан Харт,потоа Киеран Ричардсон,Џони Еванс и голманот Крег Гордон (кој направи рекорден трансфер од Хартс ФК кога се во прашање голманите во Англија) со цел да опстане во лигата. Џонс имаше свој придонес во опстанувањето на тимот во лигата (кој на крајот заврши како 15) со 7 голови. Во наредната сезона тој се поврзуваше со трансфер во некој други тимови, но сепак тој остана во Сандерленд и во наредните две сезони. Тој одигра 29 меча и постигна 10 голови во сезоната 2008-2009 и 32 меча и постигна 9 голови во сезоната 2009-2010.

Во Август 2010 тој замина во Стоук Сити за сума од 9.7 милиони евра што беше рекорден трансфер на клубот.Во првата сезона на Британија стадионот тој постигна 12 гола,исто колку и неговиот партнер во нападот Џонатан Волтерс, но со 9 гола тој беше прв стрелец на својот тим во лигата. На стартот од сезоната 2011-2012 тој го постигна својот прв гол во второто кол на гостувањето кај Норич во 93-тата минута израмнувајќи на 1:1 за радост на менаџерот Тони Пјулис.Тој исто така постигна и два гола против Тун во лигата на Европа.

На 28 јануари 2014, Џонс му се приклучил на Кардиф Сити во размена со Питер Одемвинги кој заминал во Стоук.

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Џонс ја претставуваше својата земја во многу репрезентации како до 18,до 20, и во олимписката до 23 години.Своето деби за фудбалската репрезентација на Тринидад и Тобаго го имаше против Финска на 29 јануари 2003.Тој исто така беше дел и од фудбалската репрезентација на Тринидад и Тобаго на светското првенство 2006 година во Германија.Во 2007 бил избран за фудбалер на годината во својата земја.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]