Тоби Алдервеирелд
Тоби Алдервеирелд | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Полно име |
Тобијас Албертин Мауритс Алдервеирелд[1] | ||
Роден на | 2 март 1989 | ||
Роден во | Антверпен, Белгија | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м[2] | 1,86||
Позиција | одбрана | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 23 | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2008-2013 |
![]() | 128 | (7) |
2013-2015 |
![]() | 12 | (1) |
2014-2015 |
→![]() | 26 | (1) |
2015-2021 |
![]() | 174 | (8) |
2021-2022 |
![]() | 20 | (0) |
2022- |
![]() | 68 | (10) |
Репрезентација ‡ | |||
2004 |
![]() | 3 | (1) |
2004 |
![]() | 2 | (0) |
2005-2006 |
![]() | 17 | (3) |
2006 |
![]() | 3 | (0) |
2006-2007 |
![]() | 9 | (0) |
2009-2010 |
![]() | 5 | (0) |
2009-2022 |
![]() | 127 | (5) |
* Ажурирано на: 17 јануари 2012 ** Ажурирано на: 17 јануари 2012 |
Тобијас Албертин Мауриц Алдервеирелд (роден на 2 март 1989 во Антверпен) — белгиски фудбалер, играч од одбраната на Ројал Антверпен и поранешен репрезентативец на Белгија (2009-2022).
Алдервирелд ја започнал својата кариера во холандскиот клуб, Ајакс, каде како продукт на академијата на клубот дошол до првиот тим и освоил три последователни титули во холандското првенство. Во 2013 година, тој се преселил во Атлетико Мадрид, каде што уште во првата негова година го освоил шпанското првенство и стигнал до финалето на Лигата на шампионите. Следната година ја поминал на позајмица во Саутхемптон, оставајќи одличен впечаток во Премиер лигата на Англија, по што трајно се преселил во ова првенство во летото 2015 година кога потпишал за Тотенхем. Токму во овој лондонски клуб поминал најголем дел од својата кариера, играјќи 6 сезони во кој запишал 236 настапи и одиграл уште едно финале на Лигата на шампионите во 2019 година. Откако го напуштил на Тотенхем, одиграл една сезона во Ал-Духаил, пред да се врати во својот роден град каде од 2022 година настапува за Ројал Антверпен.
За репрезентацијата на Белгија, Алдервеирелд настапувал од 2009 до 2022 година, забележувајќи 127 настапи и 5 голови; моментално тој е на третото место на вечната листа на играчи со најмногу настапи за Белгија. За својата земја настапил на три Светски во 2014, 2018 и 2022 и две Европски првенства во 2016 и 2020.
Титули
[уреди | уреди извор]
Ајакс
[уреди | уреди извор]Ередивиси : 1
- 2010-2011, 2011-2012, 2012-2013
Куп на Холандија : 1
- 2009-2010
- 2013
Атлетико Мадрид
[уреди | уреди извор]Примера Дивисион : 1
Ал-Духаил
[уреди | уреди извор]- 2022
Ројал Антверпен
[уреди | уреди извор]- 2022-2023
- Куп на Белгија : 1
- 2022-2023
- 2023
Репрезентативни
[уреди | уреди извор]
Белгија
[уреди | уреди извор]Трето место: 2018
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Player profile“.[мртва врска]
- ↑ „FIFA World Cup Qatar 2022: List of players: Belgium“ (PDF). FIFA. 15 November 2022. стр. 3. Посетено на 22 November 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Тоби Алдервеирелд на soccerway
- Тоби Алдервеирелд на transfermarkt
- Тоби Алдервеирелд на espn
- Тоби Алдервеирелд на whoscored
|