Европско првенство во фудбал 2016

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Европско првенство во фудбал 2016
Европско првенство во фудбал 2016
Европско првенство во фудбал 2016
Општо за првенството
Домаќин(и) Франција Франција
      градови 10
      стадиони 10
Период на оддржување 10 јуни10 јули 2016
Број на учесници 24
Распределба на медалите
Gold medal.svg Шампион  Португалија
Silver medal.svg Второ место  Франција
Bronze medal.svg Трето место  Германија
 Велс
Статистички податоци за првенството
Посетеност 2.427.303  (47.594 по натпревар)
Одиграно натпревари 51
Дадено голови 108  (2.12 по натпревар)
Најдобар стрелец Франција Антоан Гризман (6 гола)
Најдобар играч Франција Антоан Гризман


Европското првенство во фудбал 2016 (УЕФА Евро 2016) — 15-тото Европско фудбалско првенство. Натпреварувањето се одржало од 10 јуни до 10 јули 2016 година, а домаќинот Франција бил избран на 28 мај 2010 година. На ова првенство по прв пат бројот на учесници бил проширен од 16 на 24 репрезентации.

Првенството го освоила Португалија, која во финалето го победила домаќинот Франција по продолженија.

Изборот на домаќин[уреди | уреди извор]

Кандидати за домаќини на ЕП 2016:
  Франција
  Италија
  Турција

Пред истекот на рокот на 9 март 2009 година за избор на домаќин на Европското првенство во фудбал 2016, кандитатура за домаќини поднеле Франција, Турција и Италија како и Норвешка и Шведска кои пријавиле заедничка кандидатура.[1] Во декември истата година Норвешка и Шведска ја повлекле својата кандитатура.[2]

Одлуката за домаќин на Европското првенство била донесена на 28 мај 2010.[3]

Резултати од гласањето
Дражава Рунда[4]
1. (бодови) 2. (гласови)
Франција Франција 43 7
Турција Турција 38 6
Италија Италија 23
Вкупно 104 13

Квалификции[уреди | уреди извор]

Квалификациски групи
Група А Група Б Група Ц
 Чешка  Белгија  Шпанија
 Исланд  Велс  Словачка
 Турција Босна и Херцеговина БиХ  Украина
 Холандија  Израел  Белорусија
 Казахстан  Кипар  Луксембург
 Латвија  Андора  Македонија
Група Д Група Е Група Ф
 Германија  Англија  Северна Ирска
 Полска  Швајцарија  Романија
 Ирска  Словенија  Унгарија
 Шкотска  Естонија  Финска
 Грузија  Литванија  Фарски Острови
 Гибралтар  Сан Марино  Грција
Група Г Група Х Група И
 Австрија  Италија  Португалија
 Русија  Хрватска  Албанија
 Шведска  Норвешка  Данска
 Црна Гора  Бугарија  Србија
 Лихтенштајн  Азербејџан  Ерменија
 Молдавија  Малта

Со проширувањето на 24 екипи, среднорангираните репрезентации имале поголема шанса да се квалификуваат за завршницата на Европското првенство. Дотогашниот квалификациски формат од 9 групи со по шест и пет репрезентации останал ист, а екипите се поделени по групи според коефициентот на УЕФА. Вкупно 53 репрезентации пробале да се изборат за 23-те места кој воделе во завршницата на првенството и така да му се приклучат на домаќинот Франција, која била единствената репрезентација која се пласирала директно без да игра квалификации. Репрезентацијата на Гибралтар за прв пат настапила во квалификациите за Европско првенство, откако официјално во 2013 година била призната како членка на УЕФА.

Квалификациските групи биле извлечени на 23 февруари 2014 во Ница.[5] По завршувањето на натпреварувањето по групи, првопласираните и второпласираните репрезентации од секоја група се пласирале директно на завршниот турнир, заедно со најдобрата третопласирана репрезентација (не земајќи во обѕир натпреварите со одиграни со репрезентациите кои биле на 6 место во групите), која на крајот била Турција. Останатите репрезентации кои завршиле на трето место во групите играле бараж-дуели, при што четирите победници исто така се квалификувале за првенството.[6][7][8]

Квалификувани репрезентации[уреди | уреди извор]

Вкупно 13 од 16 репрезентации (вклучувајќи го и домаќинот Франција) кои настапиле на првенството во 2012 успеале да се квалификуваат и за овој турнир. Меѓу нив е и Англија, која станала само шестата репрезентација со максимално остварување во квалификациите (10 победи во 10 натпревари);[9] бранителот на титулата Шпанија; и светскиот првак Германија, која се квалификувала за своето 12-то едноподруго европско првенство.[10] Романија, Турција, Австрија и Швајцарија се вратиле во завршницата на европските првенства откако го пропуштиле првенството во 2012, со тоа што Австријците се квалификувале само за своето второ европско првенство, после она во 2008 кога биле домаќини.[11] Меѓу репрезентациите кој се вратиле на првенството по подолго време се вбројува Белгија, која се пласирала на Евро по прв пат кога биле домаќини на првенството во 2000 и Унгарија која настапила по прв пат после 44 години и првенството во 1972 и 30 години после нивниот последен настап на некое големо натпреварување (Светското првенство 1986 во Мексико).

Пет репрезентации се квалификувале на своето прво Европско првенство во фудбал: Албанија, Исланд, Северна Ирска, Словачка и Велс.[11] Освен тоа, репрезентациите на Албанија и Исланд никогаш претходно не играле на ниту едно големо натпреварување.[11] Исто така, Австрија и Украина по прв пат успешно се квалификувале за едно ЕП, со оглед на тоа дека претходно настапувале само како домаќини во (2008 и 2012). Шкотска била единствената британска нација која не успеала да се квалификува за завршницата,[12] а вредно за споменување е и разочарувачкото последно место во квалификациската група за шампионот од 2004 Грција. Исто така, уште два поранешни победници не се квалификувале: победникот од 1988, Холандија и шампионот од 1992, Данска; Холанѓаните не се квалификувале за прв пат од првенството 1984 (исто така одржано во Франција) и само 16 месеци по освојувањето на третото место на Светското првенство 2014 во Бразил[13], а за Данците ова е второ пропуштено првенство во последните 32 години откако во дополнителните квалификации биле поразени од Шведска.

Екипа Начин на квалификување Дата на квалификување Претходни првенства1 2
 
 Франција Како домаќин
28 мај 2010.
(8) (1960, 1984, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 Англија Победник во групата Е
5 септември 2015
(8) (1968, 1980, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2012)
 Чешка Победник во групата А
6 септември 2015
(5) (1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 Исланд Второпласирани во групата А
6 септември 2015
(0) (дебитант)
 Австрија Победник во групата Г
8 септември 2015
(1) (2008)
 Северна Ирска Победник во групата Ф
8 октомври 2015
(0) (дебитант)
 Португалија Победник во групата И
8 октомври 2015
(6) (1984, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 Шпанија Победник во групата Ц
9 октомври 2015
(9) (1964, 1980, 1984, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 Швајцарија Второпласирани во групата Е
9 октомври 2015
(3) (1996, 2004, 2008)
 Италија Победник во групата Х
10 октомври 2015
(8) (1968, 1980, 1988, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 Белгија Победник во групата Б
10 октомври 2015.
(4) (1972, 1980, 1984, 2000)
 Велс Второпласирани во групата Б
10 октомври 2015
(0) (дебитант)
 Романија Второпласирани во групата Ф
11 октомври 2015.
(4) (1984, 1996, 2000, 2008)
 Албанија Второпласирани во групата И
11 октомври 2015
(0) (дебитант)
 Германија Победник во групата Д
11 октомври 2015
(11) (1972, 1976, 1980, 1984, 1988, 1992, 1996, 2000, 2004, 2008, 2012)
 Полска Второпласирани во групата Д
11 октомври 2015
(2) (2008, 2012)
 Русија Второпласирани во групата Г
12 октомври 2015
(4) (1996, 2004, 2008, 2012)
 Словачка Второпласирани во групата Ц
12 октомври 2015
(0) (дебитант)
 Хрватска Второпласирани во групата Х
13 октомври 2015
(4) (1996, 2004, 2008, 2012)
 Турција Најдобра третопласирана екипа
13 октомври 2015.
(3) (1996, 2000, 2008)
 Унгарија Победник во баражот
15 ноември 2015
(2) (1964, 1972)
 Ирска Победник во баражот
16 ноември 2015
(2) (1988, 2012)
 Шведска Победник во баражот
17 ноември 2015
(5) (1992, 2000, 2004, 2008, 2012)
 Украина Победник во баражот
17 ноември 2015
(1) (2012)
1 Задебелениот текст го означува шампионот на тоа првенство.
2 Закосениот текст го означува домаќинот на тоа првенство.


Стадиони[уреди | уреди извор]

Во почетокот, дванаесет стадиони биле претставени во кандидатурата на Франција која е избрана на 28 мај 2010 за домаќин на Европското првенство. До мај 2011, тој број се смалил на девет. Меѓутоа, во јуни било предложено бројот на стадионите да се прошири на единаесет.[14] Сепак, Фудбалскиот сојуз на Франција одбрал девет стадиони за одигрување на натпреварите на првенството.

Изборот за првите седум стадиони бил неприкосновен - националниот стадион во Франција, Стад де Франс, четирите новоизградени стадиони во Лил, Лион, Ница и Бордо, како и стадионите во Париз и Марсеј. Последните две преостанати места, откако Стразбур се откажал од финансиски причини,[15] избрани биле Ленс и Нанси во првиот круг на гласање, наместо Сент-Етјен и Тулуз кои биле оставени како алтернатива.

Во јуни 2011 година, бројот на стадионите бил зголемен на единаесет поради новиот формат на турнирот кој вклучува 24 екипи, наместо дотогашните 16.[16][17] Одлуката значела дека градовите резерви, Тулуз и Сент-Етјен, се придружиле на пописот градови домаќини. Меѓутоа, во декември 2011 година, градот Нанси најавил повлекување од турнирот, поради неуспешниот обид за реновирање на стадионот, што значело дека првенството ќе се игра на десет стадиони.[18]

Стад де ла Божоар во Нант и Стад де ла Мосон во Монпелје (стадиони кој биле користени за време на Светското првенство 1998) не биле избрани. Конечниот список од десет стадиони бил потврден од извршниот комитет на УЕФА на 25 јанауари 2013 година.[19]

Сен Дени 2 5 Марсеј 1 2 3 4 Лион 1 2 4 5 Лил
Стад де Франс Велодорм Стад де Лумиер Стад Пјер-Моруа
48°55′28″ СГШ 2°21′36″ ИГД /  43°16′11″ СГШ 5°23′45″ ИГД /  45°45′56″ СГШ 4°58′52″ ИГД /  50°36′43″ СГШ 3°07′50″ ИГД / 
Капацитет: 81.338 Капацитет: 67.394
(реновиран)
Капацитет: 59.286
(нов стадион)
Капацитет: 50.186
(нов стадион)
Germany vs Poland 0-0 (27103531294).jpg Stade Vélodrome (20150405).jpg Parc OL.jpg Grand Stade Lille Métropole LOSC first match.JPG
Париз 1 2 3 4
Парк на принцовите
48°50′29″ СГШ 2°15′11″ ИГД / 
Капацитет: 47.000
(реновиран)
Parc des Princes - PSG vs Nice.jpg
Бордо 1 2
Нов стадион во Бордо
44°53′50″ СГШ 0°33′43″ ЗГД / 
Капацитет: 42.115
(нов стадион)
Bordeaux Larnaca Nouveau Stade 4.jpg
Сент-Етјен 2 4 5 Ница Ленс 2 4 Тулуз 1 2
Стад Жофроа-Гишар Алијанц Ривиера Стад Болар-Делелис Стадион Мунисипал
45°27′39″ СГШ 4°23′24″ ИГД /  43°42′25″ СГШ 7°11′40″ ИГД /  50°25′58.26″ СГШ 2°48′53.47″ ИГД /  43°34′59″ СГШ 1°26′03″ ИГД / 
Капацитет: 41.965
(реновиран)
Капацитет: 35.624
(нов стадион)
Капацитет: 38.223
(реновиран)
Капацитет: 33.300
(реновиран)
Stade Geoffroy-Guichard - Saint-Etienne (10-11-2013).jpg Allianzcoupdenvoi.jpg Stade Bollaert Delelis.JPG Stadium de Toulouse.jpg
  – Градот бил домаќин на Светското првенство 1938
  – Градот бил домаќин на Светското првенство 1998
  – Градот бил домаќин на Европското првенство 1960
  – Градот бил домаќин на Европското првенство 1984
  – Градот бил домаќин на ФИФА КК 2003
  – Капацитетите на стадионите се приближни.

Формат на натпреварување[уреди | уреди извор]

За да се опфати проширувањето од 16 на 24 репрезентации, променет е форматот на натпреварување кој се користел на претходното првенство со додавање на уште две дополнителни групи во групната фаза на натпреварување, како и еден додатен круг во нокаут-фазата. Во шесте групи (A до Ф) се наоѓаат по четири репрезентации, со тоа што двете првопласирани од секоја група поминуваат понатаму во нокаут фазата. Исто така, ним ќе им се приклучат и четирите најдобри третопласирани селекции. Ваквиот начин на натпреварување е веќе применуван на Светските првенства 1986, 1990 и 1994 со исклучок на играње на натпревар за трето место. Ваквиот формат на натпреварување носи одигрување на вкупно 51 натпревар за разлика од претходниот турнир на кој е одигран 31 натпревар, кои се играле во период од 31 ден.[20]

Состави[уреди | уреди извор]

Резултати[уреди | уреди извор]

Правила на натпреварувањето[уреди | уреди извор]

Доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови по завршувањето на групната фаза на натпреварување, ќе се применуваат следниве критериуми: [21]

  1. Поголем број на освоени бодови во одиграните натпревари измеѓу екипите кој се во прашање;
  2. Подобра гол-разлика која произлегува од одиграните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
  3. Поголем број на постигнати дуели во одиграните натпревари помеѓу екипите кој се во прашање;
  4. Ако и понатаму, и после применувањето на критериумите од 1 до 3, екипите се изедначени, критериумите од 1 до 3 ќе се повторат исклучиво за натпреварите помеѓу екипите кои се во прашање како би се утврдила конечната ранг листа. Ако оваа постапка не доведе до одлука, тогаш ќе се применуваат критериумите од 5 до 9:
  5. Подобра гол-разлика вклучувајќи ги сите натпревари во групата;
  6. Поголем број постигнати голови вклучувајќи ги сите натпревари во групата;
  7. Ако само две екипи имаат ист број на бодови, а тие се изедначени според критериумите 1-6 откако ќе се сретнат во последното коло од групната фаза, нивното рангирање ќе се одреди со изведување на пенали. (Овој критериум не се користи ако повеќе од две екипи имаат ист број на бодови.)
  8. „Фер-плеј“ однесувањето (1 бод за еден жолт картон, 3 бода за црвен картон како последица на два жолти картони, 3 бода за директен црвен картон, 4 бода за жолт картон по кој следи директен црвен картон);
  9. Позиција на Ранг листата на УЕФА.

Четирите најдобри третопласирани екипи се одредуваат според следните критериуми:[21]

  1. Поголем број освоени бодови;
  2. Подобра гол-разлика;
  3. Поголем број на постигнати голови;
  4. „Фер-плеј“;
  5. Позиција на Ранг листата на УЕФА.

Групна фаза[уреди | уреди извор]

Распоредот на натпреварување во групната фаза УЕФА го објавила на 25 април 2014 година.[22][23] Времето на одигрување на натпреварите е прикажано по локално време, CEST (UTC+2). Победниците на групите, второпласираните екипи и четирите најдобри третопласирани екипи ќе обезбедат учество во нокаут-фазата на турнирот.

Група A[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Франција 7 3 2 1 0 4 1 +3
2.  Швајцарија 5 3 1 2 0 2 1 +1
3.  Албанија 3 3 1 0 2 1 3 -2
4.  Романија 1 3 0 1 2 2 4 -2


Група Б[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Велс 6 3 2 0 1 6 3 +3
2.  Англија 5 3 1 2 0 3 2 +1
3.  Словачка 4 3 1 1 1 3 3 0
4.  Русија 1 3 0 1 2 2 6 -4


Група Ц[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Германија 3 1 1 0 0 2 0 +2
2.  Полска 3 1 1 0 0 1 0 +1
3.  Северна Ирска 0 1 0 0 1 0 1 -1
4.  Украина 0 1 0 0 1 0 2 -2




Група Д[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Шпанија 6 2 2 0 0 4 0 +4
2.  Хрватска 4 2 1 1 0 3 2 +1
3.  Чешка 1 2 0 1 1 2 3 -1
4.  Турција 0 2 0 0 2 0 4 -4




Група E[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Италија 6 2 2 0 0 3 0 +3
2.  Белгија 3 2 1 0 1 3 2 +1
3.  Шведска 1 2 0 1 1 1 2 -1
4.  Белгија 1 2 0 1 1 1 4 -3


Група Ф[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР
1.  Португалија 0 0 0 0 0 0 0 0
2.  Австрија 0 0 0 0 0 0 0 0
3.  Унгарија 0 0 0 0 0 0 0 0
4.  Исланд 0 0 0 0 0 0 0 0




Класификација на третопласираните екипи во групите[уреди | уреди извор]

Поз. Репрезентација Бод ОН П Н И ДГ ПГ ГР Група
1. 0 0 0 0 0 0 0 0 A
2. 0 0 0 0 0 0 0 0 B
3. 0 0 0 0 0 0 0 0 C
4. 0 0 0 0 0 0 0 0 D
5. 0 0 0 0 0 0 0 0 E
6. 0 0 0 0 0 0 0 0 F

Нокаут фаза[уреди | уреди извор]

Осминафинале Четвртфинале Полуфинале Финале
                           
25 јун – Сент-Етјен            
 2. во групата А  
30 јун – Марсеј
 2. во групата Ц    
 Победник од нат. 37  
25 јун – Ленс
   Победник од нат. 39    
 1. во групата Д  
6 јул – Лион
 3. во групата Б/Е/Ф    
 Победник од нат. 45  
25 јун – Париз
   Победник од нат. 46    
 1. во групата Б  
1 јул – Лил
 3. во групата А/Ц/Д    
 Победник од нат. 38  
26 јун – Тулуз
   Победник од нат. 42    
 1. во групата Ф  
10 јул – Сен Дени
 2. во групата Е    
 Победник од нат. 49  
26 јун – Лил
   Победник од нат. 50  
 1. во групата Ц  
2 јул – Бордо
 3. во групата А/Б/Ф    
 Победник од нат. 41  
27 јун – Сен Дени
   Победник од нат. 43    
 1. во групата Е  
7 јул – Марсеј
 2. во групата Д    
 Победник од нат. 47  
26 јун – Лион
   Победник од нат. 48    
 1. во групата А  
3 јул – Сен Дени  
 3. во групата Ц/Д/Е    
 Победник од нат. 40  
27 јун – Ница
   Победник од нат. 44    
 2. во групата Б  
 2. во групата Ф    

Осминафинале[уреди | уреди извор]








Симболи на првенството[уреди | уреди извор]

Beau Jeu, официјалната топка на првеснтвото.

Маскота[уреди | уреди извор]

Официјална маскота на првенството е „Супер Виктор“, дете-суперјунак, објавен на 18 ноември 2014.[51] Се работи за дете во националниот дрес на француската фудбалска репрезентација со црвена наметка, така што се присутни сите три бои на француското знаме. Познато е дека наметката, копачките и топката се неговите супермоќи. Маскотата за прв пат се појавила на 18 ноември 2014 на натпреварот помеѓу Франција и Шведска на Стадионот Велодром во Марсеј. Нејзиното име е откриено на 30 ноември 2014 откако добила околу 50 000 гласови на официјалната страна на УЕФА, повеќе од другите две кандидатски имиња „Дриблу“ и „Гоаликс“.[52] Името се темели на идејата за обедување и упатува на супермоќите на детето кога ги пронашол волшебната наметка, копачки и топка.[53]

Лого и мото[уреди | уреди извор]

Официјалниот логотип на првенството е објавен на 26 јуни 2013, за време на церемонијата “Павијон Камбон Капицин“ (Pavillon Cambon Capucines) во Париз.[54] Него го смислила португалската агенција Брандија Сентрал, која исто така и го креирала визуелниот идентитет за претходните Европски фудбалски првенства. Дизајнот се темели на темата "прослава на уметноста на фудбалот". Логото го прикажува трофејот на Европското првенство со сина, бела и црвена боја на француското знаме, окружен со мешавина од облици и линии кои претставуваат различни уметнички движења и фудбалски елементи.[55]

На 17 октомври 2013 УЕФА го објавила официјалното мото на првенството: „Ле рандеву“ (Le Rendez-Vous). Кога бил запрашан за неговото значење, претседателот на Организацискиот одбор на ЕП 2016, Жак Ламбер, одговорил дека мотото „многу повеќе од потсетник на датуми (...) и игралишта“. Понатаму, објаснил дека „УЕФА праќа порака до сите фудбалски навивачи ширум светот и љубители на големи настани, покана за делење на емоции на еден елитен турнир.“[56]

Официјална топка[уреди | уреди извор]

Официјална топка на првенството е „Убава игра“ (Beau Jeu) на Адидас, која била претставена на 12 ноември 2015 од поранешниот француски репрезентативец Зинедин Зидан.[57]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Four candidates signal UEFA Euro 2016 interest“, „UEFA.com“, Union of European Football Associations, 11. 3. 2009 (конс. 13. 12. 2015 г).
  2. Regeringen säger nej till EM 2016-ansökan“, „Swedish Football Association“, 9. 12. 2009 (конс. 13. 12. 2015 г).
  3. France chosen to host Euro 2016“, „UEFA.com“, Union of European Football Associations, 28. 5. 2010 (конс. 13. 12. 2015 г).
  4. „AFP: France win race to host Euro 2016“. theroar.com.au. http://www.theroar.com.au/2010/05/29/france-win-race-to-host-euro-2016/. конс. 13. 12. 2015 г. 
  5. Hrvatska za Euro protiv Italije, Norveške, Bugarske, Azerbajdžana i Malte“, Sportske novosti, 12. listopada 2015. (конс. 23. veljače 2014. г).
  6. „UEFA EURO 2016 qualifying format“. UEFA.com. http://www.uefa.com/uefaeuro/qualifiers/about-euro/format/index.html.  (англиски)
  7. „UEFA EURO 2016 regulations published“. UEFA.com. 18. prosinca 2013.. http://www.uefa.com/uefaeuro/news/newsid=2039404.html. 
  8. „Regulations of the UEFA European Football Championship 2014-16“. UEFA.com. http://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/Regulations/uefaorg/Regulations/02/03/92/81/2039281_DOWNLOAD.pdf. 
  9. Lithuania 0–3 England“, BBC Sport, 12. listopada 2015. (конс. 16. listopada 2015. г). (англиски)
  10. Euro 2016 title is next on Germany's list – Schweinsteiger“, 12. listopada 2015. (конс. 16. listopada 2015. г). (англиски)
  11. 11,0 11,1 11,2 Euro 2016: Qualifiers for the tournament in France“, BBC Sport, 13. listopada 2015. (конс. 16. listopada 2015. г). (англиски)
  12. Eccleshare, Charlie (12. listopada 2015.). „Euro 2016: How will England, Wales, Northern Ireland and possibly Republic of Ireland fare in France?“. The Telegraph. http://www.telegraph.co.uk/sport/football/euro-2016/11926143/Euro-2016-How-will-England-Wales-Northern-Ireland-and-possibly-Republic-of-Ireland-fare-in-France.html. конс. 16. listopada 2015. г.  (англиски)
  13. Netherlands 2–3 Czech Republic“, BBC Sport, 13. listopada 2015. (конс. 16. listopada 2015. г).
  14. France To Host Euro 2016 at Eleven Venues“, „Supersport“, Reuters, 16. 6. 2011 (конс. 13. 12. 2015 г).
  15. Strasbourg se rétracte“, „Sport24“, 29. 7. 2011 (конс. 13. 12. 2015 г).
  16. Bisson, Mark. „France gets go-ahead to stage Euro 2016 in 11 host cities“, „World Football Insider“, 17. 6. 2011 (конс. 13. 12. 2015 г).
  17. France to host Euro 2016 at 11 venues“, „Reuters“, Dawn, 17. 6. 2011 (конс. 13. 12. 2015 г).
  18. Nancy renonce à accueillir l'Euro 2016“, „Agence France-Presse“, Le Monde, 2. 12. 2011 (конс. 13. 12. 2015 г).
  19. „Executive Committee confirms EURO 2016 venues“. UEFA.com. 25. 1. 2013. http://www.uefa.com/uefa/aboutuefa/organisation/executivecommittee/news/newsid=1913851.html. 
  20. Ziegler, Martyn. „Uefa admit expansion of European Championships to 24 teams 'not ideal'“, „The Independent“, Independent Print Limited, 28. 3. 2012 (конс. 14. 12. 2015 г).
  21. 21,0 21,1 Regulations of the UEFA European Football Championship 2014-16“, UEFA.com (конс. 14. 12. 2015 г).
  22. „UEFA EURO 2016 match schedule announced“. UEFA.com. http://www.uefa.com/uefaeuro/finals/news/newsid=2095949.html. конс. 13. 12. 2015 г. 
  23. „UEFA Euro 2016 Match Schedule“. UEFA.com. http://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/competitions/General/02/09/59/58/2095958_DOWNLOAD.pdf. конс. 13. 12. 2015 г. 
  24. „Full Time Summary Group A – France v Romania“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 10 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017877_fr.pdf. конс. 10 јуни 2016 г. 
  25. „Full Time Summary Group A – Albania v Switzerland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017878_fr.pdf. конс. 11 јуни 2016 г. 
  26. „Full Time Summary – Romania v Switzerland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017886_fr.pdf. конс. 15 јуни 2016 г. 
  27. „Full Time Summary – France v Albania“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017885_fr.pdf. конс. 15 јуни 2016 г. 
  28. „Full Time Summary – Switzerland v France“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 19 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017893_fr.pdf. конс. 19 јуни 2016 г. 
  29. „Full Time Summary – Romania v Albania“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 19 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017894_fr.pdf. конс. 19 јуни 2016 г. 
  30. „Full Time Summary – Wales v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017880_fr.pdf. конс. 11 јуни 2016 г. 
  31. „Full Time Summary – England v Russia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 11 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017879_fr.pdf. конс. 11 јуни 2016 г. 
  32. „Full Time Summary – Russia v Slovakia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 15 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017888_fr.pdf. конс. 15 јуни 2016 г. 
  33. „Full Time Summary – England v Wales“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 16 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017887_fr.pdf. конс. 16 јуни 2016 г. 
  34. „Full Time Summary – Slovakia v England“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 20 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017895_fr.pdf. конс. 20 јуни 2016 г. 
  35. „Full Time Summary – Russia v Wales“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 20 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017896_fr.pdf. конс. 20 јуни 2016 г. 
  36. „Full Time Summary – Poland v Northern Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 12 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017882_fr.pdf. конс. 12 јуни 2016 г. 
  37. „Full Time Summary – Germany v Ukraine“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 12 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017881_fr.pdf. конс. 12 јуни 2016 г. 
  38. „Full Time Summary – Ukraine v Northern Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 16 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017890_fr.pdf. конс. 16 јуни 2016 г. 
  39. „Full Time Summary – Germany v Poland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 16 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017889_fr.pdf. конс. 16 јуни 2016 г. 
  40. „Full Time Summary – Turkey v Croatia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 12 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017884_fr.pdf. конс. 12 јуни 2016 г. 
  41. „Full Time Summary – Czech Republic v Croatia“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 17 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017892_fr.pdf. конс. 17 јуни 2016 г. 
  42. „Full Time Summary – Spain v Turkey“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 17 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017891_fr.pdf. конс. 17 јуни 2016 г. 
  43. „Full Time Summary – Republic of Ireland v Sweden“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 13 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017954_fr.pdf. конс. 13 јуни 2016 г. 
  44. „Full Time Summary – Belgium v Italy“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 13 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017953_fr.pdf. конс. 13 јуни 2016 г. 
  45. „Full Time Summary – Italy v Sweden“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 17 јуни 2016. http://www.uefa.org/newsfiles/euro/2016/2017956_fr.pdf. конс. 17 јуни 2016 г. 
  46. „Full Time Summary – Belgium v Republic of Ireland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 18 јуни 2016. http://www.uefa.org/newsfiles/euro/2016/2017955_fr.pdf. конс. 18 јуни 2016 г. 
  47. „Full Time Summary – Austria v Hungary“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 14 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017960_fr.pdf. конс. 14 јуни 2016 г. 
  48. „Full Time Summary – Portugal v Iceland“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 14 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017959_fr.pdf. конс. 14 јуни 2016 г. 
  49. „Full Time Summary – Iceland v Hungary“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 18 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017962_fr.pdf. конс. 18 јуни 2016 г. 
  50. „Full Time Summary – Portugal v Austria“ (PDF). UEFA.org. Union of European Football Associations. 18 јуни 2016. http://www.uefa.com/newsfiles/euro/2016/2017961_fr.pdf. конс. 18 јуни 2016 г. 
  51. „Introducing the UEFA EURO 2016 mascot“. UEFA.com. 18. studenog 2014.. http://www.uefa.com/uefaeuro/finals/news/newsid=2181876.html.  (англиски)
  52. Maskota, UEFA.com. Преземено 8 декември 2014.
  53. „EURO mascot name revealed as Super Victor“. UEFA.com. 30 ноември 2014. http://www.uefa.com/uefaeuro/finals/news/newsid=2189677.html. конс. 11 јуни 2015. г. 
  54. „UEFA EURO 2016 logo Launch“. UEFA.com. 26. lipnja 2013.. http://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/EuroExperience/competitions/EURO/01/96/71/90/1967190_DOWNLOAD.pdf. конс. 28. lipnja 2013. г.  (англиски)
  55. „UEFA EURO 2016 logo unveiled“. UEFA.com. 26. lipnja 2013.. http://www.uefa.com/uefaeuro/finals/news/newsid=1966170.html. конс. 28. lipnja 2013. г.  (англиски)
  56. „UEFA EURO 2016: 'Le Rendez-Vous'“. UEFA.com. 17. listopada 2013.. http://www.uefa.com/uefaeuro/finals/news/newsid=2010153.html.  (англиски)
  57. „Zidane reveals Beau Jeu as official match ball“. UEFA.com. 12. studenog 2015.. http://www.uefa.com/uefaeuro/finals/news/newsid=2301400.html.  (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]