Јакуб Блашчиковски
Јакуб Блашчиковски | |||
---|---|---|---|
![]() | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 14 декември 1985 | ||
Роден во | Турколаси, Полска | ||
Држава |
![]() | ||
Висина | м | 1,75||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб |
![]() | ||
Број | 16 | ||
Младинска кариера | |||
![]() | |||
![]() | |||
![]() | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2003–2004 |
![]() | 24 | (11) |
2005-2007 |
![]() | 51 | (3) |
2007– |
![]() | 197 | (27) |
2015–2016 |
→![]() | 15 | (2) |
2016–2019 |
![]() | 38 | (1) |
2019– |
![]() | 37 | (15) |
Репрезентација ‡ | |||
2004 |
![]() | 8 | (0) |
2005-2006 |
![]() | 3 | (1) |
2006- |
![]() | 108 | (21) |
* Ажурирано на: 23 јануари 2021 ** Ажурирано на: 23 јануари 2021 |
Јакуб Блашчиковски (полски: Jakub Błaszczykowski; р. 14 декември 1985) — полски фудбалер, играч од средниот ред на Висла Краков и на полската репрезентација.
Блашчиковски двапати бил избран за Најдобар фудбалер на годината во Полска во 2008 и 2010 година.
Кариера
[уреди | уреди извор]Роден е во Турколаси близу Ченстохова и започнал да игра фудбал во екипата на Ракув Ченстохова во 1993 година. Како младинец играл и за Гурник Забже, а потоа и за КС Ченстохова каде го направил своето професионално деби во 2003.
По една сезона во овој клуб во која бил многу успешен, Блашчиковски бил купен од страна на Висла Краков, еден од гиганти во полскиот фудбал. Со нив го освоил полското првенство во сезоната 2004-2005 и бил еден од најдобрите фудбалери на клубот во двете сезони додека играл за Висла. Во 2007 година потпишал за германскиот Борусија Дортмунд. Со популарните милионери освоил две титули во Бундеслигата, еден Куп на Германија и два Суперкупа на Германија.
На 25 мај 2013, играл до 90-тата минута кога бил заменет од Јулијан Шибер во Финалето на Лигата на шампионите 2013-2014, во кое Борусија загубила од Бајерн Минхен со 2-1.
На 31 август и се приклучил на Фјорентина, на позајмица за сума од 1 милион евра, со право на откуп за 6 милиони евра. Дебитирал за Фјорентина во натпреварот од првенството против Џенова во победата со 1-0, влегувајќи како замена на местото на Борха Валеро. На 23 септември го постигнал првиот погодок во дресот на виола во победата со 2-0 над Болоња на домашен терен. Својата единствена сезоната во Фиренца ја завршил со 18 настапи и 2 гола во сите натпреварувања, по што се вратил во Германија.
На 1 август 2016, Блашчиковски му се приклучил на Волфсбург за сума од 5 милиони евра, потпишувајќи три годишен договор со клубот.
Титули
[уреди | уреди извор]
Висла Краков[1]
[уреди | уреди извор]- Полско првенство (1) : 2004–2005
Борусија Дортмунд[1]
[уреди | уреди извор]Бундеслига (2) : 2010–2011, 2011–2012
Куп на Германија (1) : 2011–2012
- Суперкуп на Германија (1) : 2013
- Лига на шампиони вице-шампионски медал : 2012–2013
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јакуб Блашчиковски на transfermarkt
- Јакуб Блашчиковски на soccerway
- Јакуб Блашчиковски на espn
- Јакуб Блашчиковски на 90minut (полски)
- Јакуб Блашчиковски на whoscored
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „J. Błaszczykowski“. Soccerway. Посетено на 11 January 2015.
|